Срамота е на 23 години, под претпоставка дека глеаш фудбал минимум 10, да кажеш дека тоа е за чист црвен, затоа и ви дадов убав пример кога главата на Тери беше шутната наместо топка у Англија, старт по кој можеше играчот и да се здобие со апла сериозна повреда.
Кажи ми ЕДЕН ПРИМЕР, каде играчот прво ја мава топката а потоа и СЛУЧАЈНО го удира противникот и истиот е санкциониран со директен црвен картон, не барам повеќе, само еден пример посочи ми. Сантон не ни виде дека играчот на Џенова оди со глава на таа топка, истото и во интервјуто по мечот го кажа, НИКОЈ од Џенова не алудираше на тоа дека тоа морало да биде санкционирано со директен црвен по мечот, ниту пак играчите извршија притисок врз судијата тоа да се случи, Сантон дури и негодуваше за жолтиот картон ...
Ама не, овде Ивица дојде и ми тера некој хаотичен муабет без соодветни аргументи, тоа на Каландзе комотно можеше да се санкционира ко опасен старт, топката не ја допре а отиде у Ето кој го избегна ударот, нејсе тоа, каква врска има истото кога се дешаваше на противничка половина, а и дали глумел или не глумел тоа освен ако не си неврон у неговата глава не можеш да знаеш, а и кога е во прашање глумата, бар ти ко фан на Јуве знаеш што е вистинска глума со оглед на тоа дека најдобриот играч на Јуве сезонава 2 меча нема да игра поради тоа.
А може и инстиктивна беше онаа реакција на Ето, незнаеме, зашто гледам тоа е главниот аргумент на Красич, инстикт, осетив ветер у грб и паднав ...
п.с. А дај боже утре Јуве да води па да видиш на крај како они ке задржуваат време со '' повреди '' и лежење на терен, впрочем, тоа е пракса за сите тимови во такви тешки дуели, да ќарат некоја секунда повеќе, штета што ти и твоите 23 години сеуште не се свесни за тоа па вака јавно на форум се бламираат, дај смени си го тоа Ивица бар у никот 5 минуте после Нова Година, ке те препознае некој од маало ќе ти се смее на улица, што е најтрагично, истиот ке има 10 годинки...