Serie A 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Serie A?

  • Вкупно гласачи
    417

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
На крај краева не е проблем суспензијата на Красич, проблемот е што ИФФ се селективни а од таа селективност лани и Јуве имаа ќар кога Дел Пиеро симулираше пенал со Лацио, а и да, чудно е што баш сега пред дербито со Милан пак се удира на ваква казна али јебига, биднало.
Берлускони се има замешено тука 100% :pos:
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.904
Поени од реакции
23.304
Оф бе мајко ! Уште го браните бе ??
Вакви копиљаци не заслужуваат да носат дрес на екипа како Јувентус. Да играше у Бари ќе разберев. Пипо е прича за себе, он паѓа од што незнае да иде, не дека сака да симулира ! :pos:
Криво ми е, ама нај искрено ми е криво што Красиќ нема да игра у сабота, од секогаш сум сакал да ги гледам противниците на Милан во најсилен состав, а педеров до завчера сум го поштувал ко играч, но прочитав на гол.ком коментари од Русија кои велат дека и тамо имал репутација на дајвер !
Епа бате ова не е Русија, да видимо дал ќе му текне уште еднаш, од сега и на контакт ќе гледа да не падне ! :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Пипо е прича за себе, он паѓа од што незнае да иде, не дека сака да симулира ! :pos:
:pos:
И ориентација губи, стално заглавува во офсајд. Среќа негова што не бил во војна, стално ќе бил behind enemy lines :pos:

OK, во кратки црти, фановите на Јуве треба да разберат дека прво и основно треба да се лутат на Красиќ кој без потреба симулираше, а доаѓа во слични ситуации во 16 метри по неколку пати на натпревар така да треба да игра спортски на гол, како што правеше до сега. Ако се знае дека казнуваат за тоа, пред натпревар со Милан не смееш ни да помислиш на таква работа. Ма да фудбалериве се тешки дрва, се сеќавате Недвед кога доби втор жолт пред финале на ЛШ, кога беа сигурни пласирани и се веќе беше решено.

Јас можам да ги сватам фановите сите се лути и секој различно ја насочува лутината. Не можам да ги сватам идиотите кои решаваат што и колку се казнува со бан.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Ако федерациите ги казнуваат играчите за вакви работи,тогаш најпаметно би било да се воведат и камери на кои судиите ќе можат да видат повторно пред да донесат одлука.

Ова се глупости.Красич паѓа и добива пенал,после од федерација е казнет.Има и други примери каде што играчи направиле глупост(удриле без топка,плукнале и сл) па после по видео снимките се казнети!Не гледам причина да нема камери за судиите да донесат одлука,чим после тоа се казнуваат од федерација! Живи глупости!
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Дајвувањето постоело и ќе постои. Не го измисли Красич откога дојде во Италија. Арно ама на FIGC им текна да го спроведат нивниот авторитет преку него. ОК, јас лично нема да се бунам се до моментот кога некој друг играч сезонава ќе изнуди непостоечки пенал и за истото нема да биде казнет со суспензија од неколку натпревари. Сигурен сум дека сезонава ќе има мал милион ситуации како таа на Красич.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Ако федерациите ги казнуваат играчите за вакви работи,тогаш најпаметно би било да се воведат и камери на кои судиите ќе можат да видат повторно пред да донесат одлука.

Ова се глупости.Красич паѓа и добива пенал,после од федерација е казнет.Има и други примери каде што играчи направиле глупост(удриле без топка,плукнале и сл) па после по видео снимките се казнети!Не гледам причина да нема камери за судиите да донесат одлука,чим после тоа се казнуваат од федерација! Живи глупости!
И јас не гледам логика, ако го видиш да му дадеш жолт, ако не го видиш да му дадат два меча бан, за истото дело :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
И јас не гледам логика, ако го видиш да му дадеш жолт, ако не го видиш да му дадат два меча бан, за истото дело :)
Логиката е во тоа што кога ќе го видиш он добива жолт и не изведуваат пенал, а во вториот случај пеналот е изведен и 95% е гол и го променува текот на натпреварот, затоа и 2 меча бан.

Мене ова ми е супер правило. Несовршеноста е она што го прави фудбалот интересен. Е**м ти фудбал у стил на хокеј или тенис. Фудбалот нема да биде ист без нервози по судиски грешки, или задржавање на време...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Логиката е во тоа што кога ќе го видиш он добива жолт и не изведуваат пенал, а во вториот случај пеналот е изведен и 95% е гол и го променува текот на натпреварот, затоа и 2 меча бан.

Мене ова ми е супер правило. Несовршеноста е она што го прави фудбалот интересен. Е**м ти фудбал у стил на хокеј или тенис. Фудбалот нема да биде ист без нервози по судиски грешки, или задржавање на време...
Добро, ама кој е тој што не го видел? :)
Поентата е што фудбалерот го направил истиот грев, а има две различни казни. Судијата е тој што ја оплескал. Треба да почнат да ги казуваат судиите па нека отворат очи малку кога е топката во 16 метри.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.315
Поени од реакции
15.549
Добро, ама кој е тој што не го видел? :)
Поентата е што фудбалерот го направил истиот грев, а има две различни казни. Судијата е тој што ја оплескал. Треба да почнат да ги казуваат судиите па нека отворат очи малку кога е топката во 16 метри.
Кој е тој што одглумил, она кое довело до негледањето на судијата :)
Подобро е да го спречиш, отколку да го лечиш, нели?

Целта е да се спречат вакви дајвин потези, а со тоа да се помогне на судиите. Чим судијата свирне пенал, за тимот кој што е оштетен џабе се и 10 меча казна за оној што глумел...

А за казни за судиите е тешко докажувањето дека го виделе убаво моментот и дека намерно досудиле/не досудиле пенал. Казните во вакви ситуации се отстранување од листата на кандидати за дерби мечевите, а исто така и за мечевите со Фифа/Уефа знакче.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
А бе добро знаеме дека одглумил, ама нуркањето е многу помал грев од да речеме да му отидеш на некој со копачки во колено (и тоа се казнува со два меча, Бурдисо :) ). Ако удриш некој со лакт а не те види судијата добиваш некој меч суспензија, ама и ако те види па добиваш црвен картон и некој меч суспензија. Ова ако се казнува со два меча, тогаш судија кој ќе забележи симулирање треба да вади црвен картон. Некако не ми се балансирани правилата, тоа е зборот...
 
Каморанези доби казна? :)

Мене повеќе ме нервираат двојните аршини...
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.904
Поени од реакции
23.304
Iosono незнам што не е јасно ??

Ако добиел жут, Болоња немаше да биде оштетена, е пенал може да значи загубен меч. Поради што ?? Поради педеризам и ренесанса !
Вака Болоња беше оштетена а Красиќ не беше санкциониран.
Судијата направил грешка, но увек има некој да ја поправи грешката.
Може го пријавил после мечот делегат или некое слично официјално лице.
Ако не жут суспензија, казна мора да има !
100 % го подржуем правилото, пошто ова е полошо одколку да му влезеш на некој со лакт или со две ноге, ова е срамно !
 
P

PewDiePie

Гостин
О душички,упатиле жалба :icon_neut Баш сакам да им ја одобрат зошто толку се фураат и плачат што се без него. Едино тоа и давам само ради цмиздрењето нивно дека е дерби,а казната да си ја обработи затоа што е глумец.

И тој Берлускони сигурно умешал прсти :zlo: и онака се сами против сите,ко Пеце у маало (што викаше еден другар),уште почна и пари да фрла за нови играчи ееее више тој Берлускони па. :tv:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom