Хелоууу! Не забележуваш дека тврдоглавиот во приказнава си ти?
1. Офанзивноста/дефанзивноста не е мерка за квалитет. Пример: Холандска втора лига, која е многу послаба од Сериа А. Капиш? (Извини што морам да ти цртам)
2. Тоа што една екипа е прва 5 години, исто не е мерка за квалитет на лигата. Едноставно таа екипа била подобра од другите. Бундесот е изедначен. Никој појма нема. Затоа не можеш да претпоставиш оваа година кој ќе биде прв, а кој осми.
3. Екипи се одликуваат со добар напад или добар среден ред или добра одбрана... препознатливи се по некој стил на игра. Во Бундес, кога дават 4, кога примаат 4. Вердер на пример не знае да игра одбрана. Едноставно не знае. Камења. Било која од најсилните екипи во Европа може да им зачука 5 комада без мака.
4. Интер е подобар од Баерн. Милан и Јувентус се подобри од било кои два следни тима по твој избор. Рома и Наполи се подобри од било кои два следни тима по твој избор. Лацио, Самп, Фиорентина... каде е предноста на Бундесот? Повеќе голови си давале кога играле меѓу себе?
Толку. Знаеме дека си бундес фан, ама дај некој критериум по што е тоа бундесот подобар од калчото, освен по бројот на бодови во ЛЕ, за која сите ти кажуваме дека Италијаните не ги интересира, а ако имаш телевизор можеш и да го видиш тоа самиот. Работи како повеќе голови, поубави стадиони, повеќе публика... сите си стојат, ама не се критериум за квалитет на екипите.