Море абдула, бар ти не си нов овде, не се прај недоветен ко овај шо не го цитирам оти не знам дали е стварно недоветен или се прај ама во секој случај така делува.
Знајш дека за (не)квалитетот ПЛ тврдам од неуспесите на англискиот фудбал на меѓународно ниво, пред се од минатогодишната ЛШ и од светското првенство во Ј. Африка.
И од лани не гледам искрено, освен Челзи лани и сезонава имам гледано број на натпревари шо можи да се покажи со прстите на двете раце. Сезонава гледав Јунајтед - Сити, крајот на Блекбурн - Арсенал го гледав во септември, исто претежно второ полувреме на некои дуели на Јунајтед на почетокот во кои тие играа ко гомна и не губеа (кога и почнав да мислам оти ќе завршат непоразени сезонава) и Болтон од ко појде Стуриџ таму.
И поздрав сум сега, фала на прашање.
Почна да вреѓаш,браво ,неочекував од момче кое употребува едно кило стилски фигури во постовите поврзани со фудбал да удри ниско со зборови како абдула. А од друга страна можам да ти го сфатам гневот,челзи испаѓа на многу глуп начин од фа купот,примен гол во 119 ?
И сеа да се навратам на темата ,во демантирање кон твојата конотација дека опаднал квалитетот на лигата и фудбалот на англиските екипи.
Тоа што се случи ланската сезона во лш кога тогаш мораше да бидне,5 сезони англискиот фудбал во европа беше на највисоко ниво и тоа после 20 години анемичност (а знаете заради што).
ливерпул-шампион
арсенал финале
ливерпулфинале
манчестер и челзи во финале
манчестер во финале.
А и лани фулам играше финале.
И самиот викаш дека не си прател многу натпревари ,е јас за разлика баш сезонава фатив и неколку натрпевари вон она што ми беше по навика да гледам(сите натпревари на арсенал и дерби натпреварите). И искрено најинтересниот натпревар сезонава меѓу англиските екипи ми беше градското дерби бирмингем со астон вила во карлинг купот.Ти гарантирам дека беше милион пати по тензично,и поинтересно од кој било друг натпревар во шпанското или италијанското првенство.И тоа од играта на 2 екипи кои се борат за опстанок.
и на крај што подразбираш под зборот квалитет ? Пошто цело време правиш муабет за квантитет(колку екипи до каде стигнале минатата сезона)