Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти, во пресрет на премиерлигашкиот натпревар против Болтон, повеќе се фокусира на играта на Манчестер Јунајтед, отколку на проблемите во неговиот тим. Според Италијанецот, Манчестер Јунајтед игра грд фудбал, а Челзи ја има најдобрата игра. Малку чудно, бидејќи „сините“ ретко победуваат во последно време, а кога ќе успеат во тоа баш и не се прославуваат.
„Челзи мора да игра добро за да победи, да игра убав фудбал. Не сме во можност да победиме ако не играме добро“, изјави Анчелоти. „Минатата сезона игравме убав фудбал и победувавме. Тоа е нашата филозофија“, вели предводникот на лондонскиот тим.
Анчелоти вели дека „црвените ѓаволи“ не можат да го повторат подвигот на Арсенал од сезоната 2003/2004, кога овој тим дојде до титулата без ниту еден пораз. „Невозможно е Манчестер Јунајтед да остане непоразен во сезоната, бидејќи ако сакаме да ја одбраниме титулата ќе мораме да ги победиме два пати“, оптимистички кажа Италијанецот.
Сезоната е долга во Премиерлигата и можат да се случат уште многу работи, но Анчелоти очигледно не може да си признае себеси дека неговиот тим игра катастрофално лошо во последните неколку месеци. Менаџерот на Челзи можеби подолго време не ја погледнал табелата во најквалитетната англиска лига што изгледа вака.
Едит: Еј колку брзо ги менуваат мислењата, членовиве... Туууу:pos2: