Barclays Premier League 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Barclays Premier League?


  • Вкупно гласачи
    472
Статус
Затворена за нови мислења.

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Одличен текст, отвара одлична тема за дискусија, околу тоа дали треба да има ограничување на платите
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Мислам дека Венгер имаше дадено мислење за тоа дека не би требало да има ограничување поради тоа што постојат уште милион фирми (нели и клубот е бизнис) каде што вработените зимале многу повеќе пари од фудбалерите што и било нормална работа бидејќи нели од добивката треба да заработат и тие заслужните за неа.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Само што кај фирмите, тие ќе даваат плати во согласност со нивната успешност, кај клубовите тоа зависи од колку ти е богат газдата
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Хах... тексто е дефиниција за денешнио фудбал :)

"Проблем не се само најдобрите,туку и оние просечните.Денес можете да најдете еден куп деца кои заработуваат ненормално многу,што им одзема било каква желба да се борат за нешто."

^ Најголемата вистина за денешните млади таленти, почнувајќи од Македа.

Интересна тема за дискусија, ама џабе. Тие работи нема никојпат да се променат. До дека у свето постоот ного богати и ного сиромашни, додека богатството е сконцентрирано само у една група човеци, додека постоо капитализам, секојпат ќе биде така. Тва е фудбалска еволуција, а додека не му дојде крајо на фудбало, ќе продолжува со такво темпо. :) Ного е тешко да се контролират сите тие работи, оти как шо кажа carter - мислењето на Венгер, постоот милион работни места шо исто така носат ного паари, па според мене значително ќе се намале конкуренцијата, ако се лимитират и платте. Интересни се и тие договоорто шо ги праат, на 4-5 год. Стави плата 200.000 фунти неделно за 5 год. и болат го јајцата на Туре дали ќе игра или ќе седе на клупата. Нема никаков жар у игрите, да погледнеш пред 7-8 год и саа се разликува, а не да погледнеш пред 50год и сега. Нема ни борба у екипите, за прв состав, прва постава, нема никаква конкуренција. Страшно е, бизнис.
Нека земат да ги стават фудбалеерто на норма, колко голове даде Анелка-толко плата да земе, колко пасове на Бербатов-толко плата, центаршутевите на Нани-исто така да му га носат платта, па коо ќе немат леб да однесат на фамилиите, ќе видам дали ќе си ги ладат на ливадите. (joke) :)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Само што кај фирмите, тие ќе даваат плати во согласност со нивната успешност, кај клубовите тоа зависи од колку ти е богат газдата
И точно и не точно според мене. За да работи квалитетен кадар во некоја фирма ќе треба да му биде понудено убава (висока) почетна плата. А за да му биде понудено таква плата газдата мора да е богат така?
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
И точно и не точно според мене. За да работи квалитетен кадар во некоја фирма ќе треба да му биде понудено убава (висока) почетна плата. А за да му биде понудено таква плата газдата мора да е богат така?
Па не би рекол богат, туку успешен. Едно е да бидеш богат и да ги даваш парите и преку успешна работа да ги враќаш назад и + да профитираш, друго е да фрлаш пари ко луд повеќе од што имаш корист од тоа трошење. Колку пари Сити фрли задниве години, ги има барем на некој начин, со некој успех оправдано парите? Ако стануваше збор за фирма, до сега ќе пропаднеше. Затоа не е баш така добро да се прави таа паралела фирма-клуб, ама ете.
Да речеме да постои ограничуваање во зависност од крајниот изглед на табелата + останати освоени трофеи, поуспешните тимови да можат да трошат повеќе. Тогаш оние што зимаат повисока плата навистина ќе ја заслужуваат и ќе бидат помотивирани да се покажат себеси, во тој случај нема да има некој што ќе зима ненормална плата а е муле на терен или дреме на клупа.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Блекбурн пак киксна :(
Нее до Блекбурн, Челзи е појачен. Купија 1 тон мотивација и 2 тона оптимизам. Уште нови фанове да си купат и ќе погодат статива за шампион. :smir:
 
В

Вори

Гостин
Имало моменти кај што си бил интересен,ама ова што го напиша не е ни блиску до нешто што може да се нарече интересно.
Постов ти е срање во боја.

Како и да е,во глобала денешниве утакмици досега беа одлични.Ептен добри голови паднаа,многу неизвесно беше на Сити-Волвс и ВБА-Блекпул,а тензично беше на Виган-Фулам.
Се надевам дека колото ќе биде уште поефикасно и утре...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom