Немам намера да ве зафркавам сега заради големата утка, или пак, да се правам паметен за тоа што го погодив натпреварот, кој за лаик око е премногу лесен, туку само сакам да ви укажам дека работите не се онакви како што ги замислувате и гледате од прва.
не постои фудбал каде што играч како Кројф вреди 900 илјади марки.
Секоја „работа“ во која се вртат милијарди е матна и нејасна. Зошто фудбалот би бил поинаков.
Ниту Ливерпул е слаб, ниту Челзи е нестабилен. Ниту Сандерленд се најде мотивиран.
Не постои фудбал чесен и реален. Целата текстура и структура е врз парите и врз уште нешто многу полошо и поголемо.
Профитот. Ако сета зимаат милиони, зошто да не ги направат милијарди?
Од година во година има се понејасни работи во фудбалот.
Можеби не ме разбирате, ама јас со „старсно“ навивање завршив уште од времето кога Ањелка играше во мојот Реал Мадрид.
Некако, во последно време (5-6 години) многу јасни ми се јасни и гласни, па не се замарам со сценарија.
Фудбалот денес е само една убава скрипта. Ако, со годините ќе научите ...
Арапи, Американци, Руси ... Премиер лига? Ма дајте ....
И така, бајката продолжува. Ренџерс губи, Селтик исто. Манчестер илјада нерешени, Челзи губи 0:3.
Мурињо во Реал е Бог, Рафа во Интер е копиле.
Чудни работи
Ајде, продолжете си!