Челзи си беа одличен тим, но сепак реалност е дека имаше далеку помалку фанови надвор од Англија пред доаѓањето на Абрамовиќ. Со неговото доаѓање Челзи доби популарност надвор од Англија.
Абрамовиќ кога “побегна“ од Русија имаше (а и има) пари и сакаше да купи јак тим како, манчестер, ливерпул и сл, но сепак Енглезите не сакаја да слушнат некој странец да купи таков тим посебно не рус. И Абрамовиќ доби совет дека е подобро да земе некој си послаб тим што е сепак добар и да направи голем и славен тим така што името негово ќе биде уште поголемо. Тоа и го направи го одбра Челзи кој беше доста солиден тим но сепак никогаш не бил главен претендент за титула тоа е факт, нешто како сега што се Евертон, Астон Вила итн. Дури и тотенхем моментално е поамбициозен од Челзи на времето. Така да Абрамович за да си го подигне името негово (факт е дека го зеде челзи за слава не дека го невивал за нив, само што Челзи беа “среќните“ добитници), со тоа што почна да се расфрла пари за ѕвезди и фудбалери како, Шевченко, Креспо итн, но немаше сепак успех некој голем иако славата веќе беше на видик. После тоа зеде тренер што треба за да го среди тимот и си тргна на добар пат. Сега не се расфрла толку со пари затоа што го постигна првичната цел а тоа е да го направи Челзи светски познат и респектиран клуб. Но сепак мислам дека додека Челзи не освои ЛШ Абрамович нема да може ’мирно“ да заспие. Затоа и мислам дека го донесе Анчелоти.
Е сега постарите мислам во години не го прифатија тоа кај Челзи (зборам за поголемиот дел), наглата промена, како што и сега не ја е прифатена кај Сити но со тек на време после едно 4-5 години и тие ќе дојдат на слично рамниште како Челзи. Претежно поголемиот дел на навивачи на Челзи надвор од Англија се од ерата на абрамович па навака и тоа е нормално. Исто така факт е дека има и Арсенал доста фанови од сезоната на непобедливите и тоа е нормално. Е сега има и разлика во тоа што Арсенал не го успеал тоа со тоа што фрлале пари за да направат тим но сепак неоспорен факт е дека непобедливите донеле многу фанови. Нормално е кога почнуваш да пратиш и да го разбираш фудбалот да ти остават впечаток оние клубови што се моментално актуелни и да почнеш да навиваш за нив или пак да ги замрзиш поради некои причини.
Јас на пример почнав да навивам за Ајакс (од странските тимови) бидејќи имаа црвено бели дресови слични како на Звезда, али и во тоа време беше еден од најјаките клубови во 90тите. Да небиле јаки во тоа време не би ни знаел за нив и не би ни навивал. Сигурен сум дека ретко има постари навивачи на Челзи тука и надвор од Англија. ЗАтоа што Челзи е екипа од “поново“ време.
Само глупаво е да ги нарекувате Челзи вештачка екипа затоа што не се, а и непостои таква. Ако е така тогаш Реал се уште полоши. Такво водење т.е. политика имаат долго време. Политика на купување на готови играчи и ѕвезди. Али Реал има многу титули и во ЛА Лига и во ЛШ па затоа вештачка не е?
Ај не се замарајте мислам повеќе со тоа кој како настанал голем клуб затоа што секој си има своја приказна и причина. Која ви се свиѓа за неа навивајте затоа што не можете да убедите некој друг да верува и мисли во спротивното од неговото убедување и размислување