Нема повеќе бесплатно гледање на Англиската Премиер лига!

  • Креатор на темата Креатор на темата Timmy_SR
  • Време на започнување Време на започнување
Еве шанса некоја Македонска телевизија да врши пренос од Македонското првенство, ќе се зголеми популарноста на првенството, а со тоа и гледаноста...

Мислам додека не се средат некои работи во македонскиот спорт, ретко кој ќе гледа, не е до тоа дали ќе давале или нема да даваат. Сите ќе купуваат дримбокс, ќе се преплатуваат дури, не сум баш најсигурна дека на трибини ќе има навивач повеќе :smir:
 
Еве шанса некоја Македонска телевизија да врши пренос од Македонското првенство, ќе се зголеми популарноста на првенството, а со тоа и гледаноста...

Нека не прават леб од пченица или пченка, и на тој начин ќе се отвори шанса некоја македонска фурна да продава леб од трици, и ние да го јадеме.

Нема Премиер лига? Катастрофа! Ќе гледаме Шпанско, Италјанско, Норвешко .. се исто ..
 
Малку избегавме од темата .... Не правиме муабет за технички работи на нашите и странските ТВ ... Туку дека ПОВЕЌЕ НЕМА ГЛЕДАЊЕ ФУДБАЛ БЕЗ ПАРИ ... А што се однесува до неспособноста на одговорните лица е тоа е дел од причината зошто оваа тема сега е актуелна....

Да не ги трошеа парите на глупости од калиброт на Шехерзад, Ѓумуш, бандини, и некакви си волци и Ѕинго и велија ќе моѓеа да бидат финансиски поконкурентни на пазарот со спортска програмска понуда...

Се надевам дека ќе сватат и они дека времињата на Касандра и слични на неа поминаа и дека народот може да следи само една таква серија макимун во една сезона не и секоја година по 2,3,4...

А СПОРТ посебно ФУДБАЛ и натаму ќе има и ќе се гледа ... Е ОВА ИЗГЛЕДА ГОЛЕМИТЕ ТВ БОСОВИ НЕМОЖАТ ДА ГО СВАРАТ (СВАТАТ)
 
Темата си е во ред, од секој аспект е опфатена понудата, значи пренос - професионалност - застапеност... нашите ниту во еден поглед не се на ниво за да им посветиш време и внимание.
Затоа тука се Западните канали кои си ја работат својата работа. Можеби од оваа година нема да има гледање фудбал за без пари, али од секад имало избор дали би платил и би глеал фудбал у права смисла на зборот или налик на фудбал т.е. импровизирање.

Нема структура овдека за таква голема реализација, нека се радуваат и да продужат со вршење на истите преноси какви што се вршеа во 70-те и почетоците на 80-те.
 
зависи од која страна гледаш... трибините пак ќе бидат празни сите пак ќе седат пред телевизор.
atanaskostovski
не сваќам што сакаш да кажеш реков дека спорт клуб http://www.sportklub.info/ оваа телевизија имаат супер коментари и дека вршат доста добар пренос. спорт клуб често минатата сезона знаеше да врши мулти пренос-италианско 2 натпревари или пак италианско-белгиско-чампионшип. а 30 мин. пред натпревар беше финалето на чампионшип и на челзи-портсмут. ете на страницата имаш контакт ако не веруваш прашај


Aј ОК ти си во право но погледни го овој линг (pdf file) па кази ми кој пренесува СЕРИЈА А !!!!

http://www.tvarenasport.com/2011.pdf
 
Мислам додека не се средат некои работи во македонскиот спорт, ретко кој ќе гледа, не е до тоа дали ќе давале или нема да даваат. Сите ќе купуваат дримбокс, ќе се преплатуваат дури, не сум баш најсигурна дека на трибини ќе има навивач повеќе :smir:

Па кј ќе се испромовира фудбалов у Македонија може на некој да му акне у акалот дека нашето е најголемо богатство и никој неможе да ни го земе за разлика од странските фудбали и седењето дома пред телевизор.. Тоа чувство што ќе го почувствуваш на стадион е сосема различно од тоа што го гледаш на телевизор, незнам со кој памет се навива за некоја екипа што цел живот ја нема видено у живо.
 
Aј ОК ти си во право но погледни го овој линг (pdf file) па кази ми кој пренесува СЕРИЈА А !!!!

http://www.tvarenasport.com/2011.pdf
ако мислиш дека ќе се трудам да ти докажам-нема! тие што гледале спорт клуб знаат дека имаше преноси од италианската лига и тоа често беа мулти преноси па сега ти како сакаш
 
Јас не пратам фудбал, па така не се замарам многу со ова, само ми е чудно како може да се откупат правата за емитување на некоја територија, а тој канал воопшто не се емитува таму, некако апсурдно е.
Ко можат да продаваат земјиште на месечината.... се е можно. И не се чудам. Битни се парите. Плати па клати е работата.

Па кј ќе се испромовира фудбалов у Македонија може на некој да му акне у акалот дека нашето е најголемо богатство и никој неможе да ни го земе за разлика од странските фудбали и седењето дома пред телевизор.. Тоа чувство што ќе го почувствуваш на стадион е сосема различно од тоа што го гледаш на телевизор, незнам со кој памет се навива за некоја екипа што цел живот ја нема видено у живо.
Абе сето ова е ок. Македонскиот фудбал умира од друга причина, на сите јасна. Одиш да гледаш фудбал, а не тепачки кои често се случуваат. Згора на тоа неретко знаат да ги местат утакмиците за гајба пиво....

Така да дома ем ми е посигурно дека некоја будала нема да ме удри со стол/камен или некој трет тврд предмет, ем нема да ја гледам македонската фарса во 25-30 кола. Се сеќаваш на ланската сезона? Колку екипи се откажаа поради протест? Па пак сезоната некако заврши...
 
Па кј ќе се испромовира фудбалов у Македонија може на некој да му акне у акалот дека нашето е најголемо богатство и никој неможе да ни го земе за разлика од странските фудбали и седењето дома пред телевизор.. Тоа чувство што ќе го почувствуваш на стадион е сосема различно од тоа што го гледаш на телевизор, незнам со кој памет се навива за некоја екипа што цел живот ја нема видено у живо.

AПСОЛУТНО ВО ПРАВО СИ БОЈАНЕ ... Но со ваква политика (не мислам на политички партии) туку на начин на развој на спортот во МКД тешко дека некој ќе се врати на терените на зборувам само за фудбал, туку и кошарка, ракомет (другите спортови и да не ги споменувам - греотичка) ....

Се додека постојат ситни лични интереси (чекај бе ова спонзоров е добар а моѓам и ја нешто да ќарам од сето ова) е друже НЕ БИВА ТАКА

За жал тоа е нашата реалност (ХАРИ - ФФМ, Димевски - КФМ, не ни знам веке кој е претседател на РФМ тами 5-мина се сменија)....
Со вакви криминалци МАК СПОРТ ---- НЕЕЕЕЕ

Затоа публиката останува дома пред ТВ и гледа “увозни“ (патем и реално поквалитетни натпревари) ... БИ БИЛ ПРЕСРЕЌЕН КОГА ГРАДСКИ БИ ИМАЛ 20.000 луѓе на натпревар ВАРДАР-ПЕЛИСТЕР, РАБОТНИЧКИ - ТЕТЕКС итн итн ....

--- надополнето ---

МОЈ ПРЕДЛОГ - ПЕТИЦИЈА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ (А1 - СИТЕЛ - МТВ ....)

Еве оваа тема нека биде доволна причина раководните луѓе (газдите) на нашите телевизии, да најдат сили и начин како да постигнат договор со Спорт Клуб.

Да се обидат да ги задржат гледачите (ги има во далеку поголем број од оние кои гледаат Шехерзад и Ѓумуш) односно и во иднина да гледаме квалитетни спортски настани почнувајки од Премиер Лига и Серија А (реално во овој миг двете најинтересни фудбалски лиги за македонската фудбалска јавност)
 
Ние имаме првенство за гледање? Па и да ги укинат на тв сите странски лиги, пак нема што да се гледа кај нас. Тим од Џепчиште што го нема ни на карта е шампион, Вардар и Пелистер немаат скршен денар, Победа се расформира, уште 2 -3 тима имаат пари само колку да туркаат одвај.

Ако веќе не даваат пари за преносите, нека ги инвестираат во наошите тимови па да гледаме некаков фудбал, а не во туско - индиски срања.
 
Телма колку што знам ги има откупено и за оваа сезона правата за италјанско првенство,а ако не даваат англиско на некои од нашиве стварно ке биде штета:toe:
 
sport club ke giprodade pravata uste godinava na nekoja tv od slednata ako napraat kanal ok, a sitel i taka se nauceni da si prenesuvaat na divo kao spansko porano...,.nema teorija da kupile prava i da nemame moznost da gledame, ne im se isplati ne kupile za dzabe prava, a nz kako im dale koga nemaat frekfrencija vo mk
 
ако мислиш дека ќе се трудам да ти докажам-нема! тие што гледале спорт клуб знаат дека имаше преноси од италианската лига и тоа често беа мулти преноси па сега ти како сакаш
Спорт Клуб пренесуваше само италијански куп.
 
Олабавете. Никој не фука толку пари за да нема гледачи и за да биде во загуба.
Фудбал сигурно ќе гледаме за исто толку пари колку и до сега. Останува телевизиите да се договорат со сопственикот на правата за фудбалските лиги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom