- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.995
- Поени од реакции
- 1.216
Албанија ги избриша Македонците од формуларот за попис
среда, 30.6.2010
Формуларот е сменет и сите малцинства се заведени под заедничко име „други“, со тоа што им е оставена можност да прецизираат на која етничка група припаѓаат. Малцинствата заеднички се организираат да реагираат
Македонците се избришани од графата за малцинства во формуларите за пописот во Албанија што ќе се спроведе следната година. Избришани се и Грците, Власите, Ромите и останатите малцинства, дознава „Нова Македонија“. Во графата 9, која е за лични податоци, сите се заведени под „други“.
Тоа е направено во втората верзија на формуларите што ја објави албанската Агенција за попис. Во првата верзија, поединечно беше наведено секое малцинство што живее кај западниот сосед. На неговите припад
ници им беше оставена можност да се изјаснат со заокружување на бројчето пред малцинството. Сега имаат опција да се изјаснат како „други“, со тоа што во продолжение можат да прецизираат на која етничка група припаѓаат или да ја користат варијантата „не се изјаснувам“.
Претставници на Македонците во Мала Преспа велат дека промената на формуларот е направена без објаснување од албанската влада, која ги игнорирала претходните консултации со малцинствата.
- Знаејќи дека ние сме признато малцинство во Албанија, во пописниот формулар требаше точно да се наведе Македонци и тоа да го заокружуваме. Ќе реагираме во име на македонското малцинство - изјави Едмонд Темелко, градоначалник на општината Пустец.
Дознаваме дека претставници на сите малцинства што живеат во Албанија се организираат заеднички да настапат со цел да и укажат на Владата да го смени формуларот. Реакцијата се очекува уште утре, на конференција што ја организираат тамошното Министерство за надворешни работи и Советот на Европа.
Извори од партиите на Македонците во Албанија велат дека содржината на формуларот е сменета под притисок на партии и поединци да нема етничка графа за националност.
- Очекуваме притисок од државата и од администрацијата. Непризнавањето на малцинствата е стара политика на Албанија. Без разлика на барањата од Европа, Албанија не е подготвена да покаже дека е мултиетничка држава. Напротив, ќе направи сé за да не се променат бројките за малцинствата што се официјално објавени - велат од партиите на Македонците.
Според сегашната статистика, само три отсто од населението во Албанија се припадници на малцинствата, наспроти 97 отсто Албанци.
Во Албанија има вкупно 46 села со македонско етничко население. Македонци има и во поголемите градови како Елбасан, Драч, Корча, Скадар, Валона и други. Нивните права се признати само во областа Мала Преспа. Македонците од областите Гора и Голо Брдо не се признати како малцинство.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=63010101594&id=9&setIzdanie=22021