Белград заговара идеја за размена на територии

Фан на Интер

Rasturac na ZABAVI
Член од
26 јануари 2010
Мислења
612
Поени од реакции
22
Веб-сајт
www.fcinter.com.mk
Приштина, 29 јуни 2010 (МИА) - Приштинскиот весник „Зери“ денеска објави дека Белград заговара размена на територии и дека таквата идеја е отфрлена од претставниците на косовската Влада.

Повикувајќи се на дипломатски извори, „Зери“ тврди дека властите во Белград сакаат размена на територии од северниот дел на Косово со подрачјето околу Прешево и екстериторијалност за православните манастири.

Косовскиот заменик-премиерот Хајредин Кучи во изјава за приштинскиот весник вели дека размената на територии меѓу Косово и Србија не е реална, нагласувајќи дека Косово има своја територијална целина, дефинирана во Уставот и меѓународните акти.

- Косово не е заинтересирано да влезе во таков вид на трговија. Исто така треба да бидеме свесни дека секој почеток на размена на територии нема да претставува само една и единствена точка или во најмала рака нема да се случи само на Косово. Искуствата покажуваат дека таквите постапки предизвикуваат кризи кои траат со години. Најдобро решение е влез во Европската Унија на сите земји од регионот, изјави Кучи.

Според него, оваа идеја нема да биде опасна само за Косово, туку и за целиот регион бидејќи таа нема ниту да почне ниту да заврши со на Косово.

Претседателот на косовското собрание Јакуп Красниќи смета дека отворање на прашањето за промена и поместување на границите е отварање на „Пандорината кутија“ и прашање за кое би се знаел почетокот, но не и крајот.

- Меѓународното признавање на Косово се случи за овие граници и можеби во блиска иднина, доколку се подобрат односите со Србија би можело да се водат разговори на оваа тема, додаде Красниќи.

Красниќи смета дека отворањето на тоа прашање не е во интерес на Косово и регионот, како и на останатите народи кои имаат тенденција за влез во ЕУ. http://www.idividi.com.mk/vesti/balkan/611032/index.html
 
Се уште има незапалени православни манастири на косово?
 
Ова е неверојатно па и ако доаѓа од Космет.Да разменуваш своја територија за своја.
Ова светот не го видел до сега.
 
Ова е неверојатно па и ако доаѓа од Космет.Да разменуваш своја територија за своја.
Ова светот не го видел до сега.
za sve sekogas ima prv pat.

--- надополнето ---

Се уште има незапалени православни манастири на косово?
Ovie na videovo jaki fraeri nema sto a i tolpava sto vika UCK treba da vika NATO zasto bez NATO uck bea i se obicni partalkovci.
 
Комшо мир да буде, во мир да живе наша и ваша деца.
Деца су, шта зна дете шта је крст.

На крај ќе биде по планот на ЦИА за новите граници на Балканот.
 
И МАНУ (за Глигоров и Љубчо не сум сигурен) заговараа размена на територии ама ништо не бидна.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]АКАДЕМИЦИТЕ СЕ СЕТИЈА КАКО ДА ДОЈДЕ ДО МИР[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]И официјално почна поделбата на Македонија[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]МАНУ не ја негираше информацијата дека е подготвен план за размена на територии и население, како решение на кризата во Македонија. Тетово, Гостивар и Дебар ќе се трампаат за Поградец, Пустец и Мала Преспа, а за евидентирање на населението ќе има...[/FONT]
 
А кој се Ману и Глигоров?

Хрватска како ја направи Олуја ?
 
И МАНУ и Глигоров заговараа размена на територии ама ништо не бидна.
Не ги правдам воопшто ама барем тоа заговарање за размена беше помеѓу наша и туѓа територија.А ова е внатре во Србија да има размена на територии.
 
Не ги правдам воопшто ама барем тоа заговарање за размена беше помеѓу наша и туѓа територија.А ова е внатре во Србија да има размена на територии.

Како тоа внатре во Србија :) Мора да има два дела за да изврши размена , со барањето за размена на територии Србија признава дека Косово е држава а за северно Косово ке ги зајебе србите во внатрешноста на Косово.
 
Белград не може да заговара размена на свои територии. Косово не е држава, зошто да бидеш држава треба да си членка на ООН и благодарејки на Русија и Кина кои за 10 години ќе го владејат светот, никогаш нема да стане држава. Можеби Косово и наредните 20-30 години ќе биде одметната територија под окупација на исламистички структури, но кога-тогаш пак ќе се врати под суверинитет на Белград.

Такви одметната територија е и Тајван, ама за некоја деценија пак ќе биде дел од Кина. И Косово пак ќе биде дел од Србија.
 
Со ова Србија го признава Косово као посебен ентитет, друга држава?
 
Манастирите кои ги рушат, самите си ги градеа. Не се грижете, не сте поарни. Христијанството предлага на шамарите со вртење глава и јадење уште шамари. Нема разлика меѓу вас и нив. Вие палите џамии, тие палат и рушат цркви. Тие сметаат дека со рушење на цркви ќе се годи сентиментот на Србите, вие мислите дека со палење и рушење на џамии ќе се годи сентиментот нивни.
 
Белград не може да заговара размена на свои територии. Косово не е држава, зошто да бидеш држава треба да си членка на ООН и благодарејки на Русија и Кина кои за 10 години ќе го владејат светот, никогаш нема да стане држава. Можеби Косово и наредните 20-30 години ќе биде одметната територија под окупација на исламистички структури, но кога-тогаш пак ќе се врати под суверинитет на Белград.

Такви одметната територија е и Тајван, ама за некоја деценија пак ќе биде дел од Кина. И Косово пак ќе биде дел од Србија.

Потполно се согласувам со постов. Едноставно, така е!
 
Ама пази Србија бара размена на територии а косово нејќе незнам што не е јасно тука. Значи Косово дефакто е постабилна држава од Србија штом го одбива ова и вика нејќеме важа Територија ама и своја недаваме, горе доле се сложувам пошто размена доколку би се случила пак ке се запали Бакалан. Унгарците ќе ја бараат Војводина , Србите Република Српска, Боснаците Санџак, Албанците западна Македонија , Македонците Преспа мала или голема небитно, со еден збор нови војни , нови жртви уште крв а крвта тече од сите....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom