Фан на Интер
Rasturac na ZABAVI
- Член од
- 26 јануари 2010
- Мислења
- 612
- Поени од реакции
- 22
Приштина, 29 јуни 2010 (МИА) - Приштинскиот весник „Зери“ денеска објави дека Белград заговара размена на територии и дека таквата идеја е отфрлена од претставниците на косовската Влада.
Повикувајќи се на дипломатски извори, „Зери“ тврди дека властите во Белград сакаат размена на територии од северниот дел на Косово со подрачјето околу Прешево и екстериторијалност за православните манастири.
Косовскиот заменик-премиерот Хајредин Кучи во изјава за приштинскиот весник вели дека размената на територии меѓу Косово и Србија не е реална, нагласувајќи дека Косово има своја територијална целина, дефинирана во Уставот и меѓународните акти.
- Косово не е заинтересирано да влезе во таков вид на трговија. Исто така треба да бидеме свесни дека секој почеток на размена на територии нема да претставува само една и единствена точка или во најмала рака нема да се случи само на Косово. Искуствата покажуваат дека таквите постапки предизвикуваат кризи кои траат со години. Најдобро решение е влез во Европската Унија на сите земји од регионот, изјави Кучи.
Според него, оваа идеја нема да биде опасна само за Косово, туку и за целиот регион бидејќи таа нема ниту да почне ниту да заврши со на Косово.
Претседателот на косовското собрание Јакуп Красниќи смета дека отворање на прашањето за промена и поместување на границите е отварање на „Пандорината кутија“ и прашање за кое би се знаел почетокот, но не и крајот.
- Меѓународното признавање на Косово се случи за овие граници и можеби во блиска иднина, доколку се подобрат односите со Србија би можело да се водат разговори на оваа тема, додаде Красниќи.
Красниќи смета дека отворањето на тоа прашање не е во интерес на Косово и регионот, како и на останатите народи кои имаат тенденција за влез во ЕУ. http://www.idividi.com.mk/vesti/balkan/611032/index.html