Сакам да знам се!

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Значи вака.. Ќе објаснам зашто ја отворив темата давајќи го првиот одговор без поставување никакви прашања или нешто и се надевам дека ќе ме разберете..
Вака значи..
Јас сум претерано љубопитна.. И не збориме за оноа - Кој што направил со кого и такви работи туку нешто сосема поинакво..
Сакам да знам се за историјата.. За секого во неа.. Се што се случило од секој можен аспект..
Сакам да учам, да цицам знаења..
Се фаќам за теми и сакам да ги исцицам до максимум, да ги поврзам со нешто друго да ги поврзам од почеток до крај приказните.. Сакам да знам едноставно!
Филозофија, историја, уметност, историја на уметност, администрација, политика, образование, економија.. СЕ!
Е сега.. Проблемот е што ми се трупаат информациите и стварно сум извор на многу затоа што се трудам да бидам.. Но.. Кога ќе се обидам да ги поврзам приказните да се вратам наназад се води во еден бескрајно голем круг.. Секоја рецимо историска тема се поврзува со еден куп политички, економски, финансиски, филозофски.. Кои пак понатака се поврзуваат со други и други и други..
Дали е лошо да се знае премногу.. Тоест да се сака да се знае премногу?! Јас се осеќам ко да незнам ништо.. Имам информации за многу работи и секојдневно црпам повеќе и повеќе и повеќе и сепак останатите мои поврзувања на работите што ги правам се некој вид на филозофско одраз на работите.. Како на моја приказна што е само блиска до вистинската затоа што сепак е слика на еден мал ум што ја склопил од многу големи информации.. До каде доведува таа желба за знаење? Дали ја сметате за добра? Зошто тие извори на знаења секогаш кога ќе ги склопам од што имаат толку премногу аспекти на гледање доведуваат до различни приказни? Се осеќам контрадикторно многу пати со работите што ги кажувам и мислам дека доста луѓе ме прочитале како таква исто.. Но сепак дали е тоа можеби од оној настанат хаос во главата од премногу информации што од секоја гледна точка изгледаат различно и добиваат друго светло?!
Незнам како ќе ме разберете и незнам која ми е поентата со отварање на темава.. И не, немам полудено.. Ме интересира само дали е добро да се интересираш за се.. Да сакаш да знаеш, видиш, помирисаш, искусиш СЕ? Мислам се што е возможно.. Можам до бескрај да пишувам и да објаснувам која ми е поентата на темава но мислам е доволно.. Ако треба објаснување прашајте..
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.008
Поени од реакции
5.654
Да, можеш да сакаш да знаеш, можеш да сакаш да вкусиш, се можеш да сакаш... И добро е тоа, но претпоставувам дека и самата си свесна дека никогаш нема да можеш да знаеш се и колку повеќе ќе читаш и учиш толку повеќе ќе си свесна за своето незнаење. Но, сето тоа што си го напишала е за поздравување, многу се ретки тие како тебе :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Знаеш тоа викам.. Колку повеќе учам сваќам колку повеќе незнам.. И никогаш ама баш никогаш нема да научам се макар и на една тема камоли на повеќе.. Битно се надевам дека тој интерес за се е тој што ќе ме одржува понатаму како што ме одржува и сега - наместо да ме полуди.. Затоа што тоа натрупување на знаења како што пишав и погоре ствара комплетен хаос во главата.. Мислам се кога поврзуваш едно со друго се ствара огромен спектар на НЕзнаење, хаос, неред.. И останува на знаење и поврзување на работите од аспектот кој мозокот ти го перцепира во моментот.. Ипак ме исполнува читање и учење и поврзување на работите.. Барем го подтикнува мозокот да работи и се наоѓа при искусување на некои работи понатака во животот.. При справување во ситуации.. И нормално способност да се перцепира и размислува онака на свој начин - уникатно.
 
S

smart ass

Гостин
Љубопитноста е човечка особина и нема потреба да бегаш од неа-бегаш од себе-бегаш од човечкото во себе.

но

Но.. Кога ќе се обидам да ги поврзам приказните да се вратам наназад се води во еден бескрајно голем круг.. Секоја рецимо историска тема се поврзува со еден куп политички, економски, финансиски, филозофски.. Кои пак понатака се поврзуваат со други и други и други..
Тоа е мојот филм:)
(не оној на В на Р.М)

Зошто тие извори на знаења секогаш кога ќе ги склопам од што имаат толку премногу аспекти на гледање доведуваат до различни приказни?
Болдот е одговор овде...

Се осеќам контрадикторно многу пати со работите што ги кажувам и мислам дека доста луѓе ме прочитале како таква исто
Нема потреба од тоа-бидејќи во различно време/расположение приоритетите се менуваат а оттука и размислувањата.

Но сепак дали е тоа можеби од оној настанат хаос во главата од премногу информации
Ма неее нема хаос:)

Значи мозокот по најнови студии има меморија измеѓу 11 и 13 терабајти,си има начин и на дефрагментација о ондак то:)
 
T

theTinule

Гостин
Секој човек на планетава, освен што е желен за љубов, за среќа, за почит, за моќ, желен е и за знаење.

Нормално е да сакаш да знаеш се. Нормално е да сакаш да запознаеш се! Буквално, СЕ! Верувам дека секој од нас во животот се почувствувал така (барем поинтелегентните личности)...
Тоа што го чувствуваме не не прави луди или *вметнинегативнапридавка*. Не. Тоа е сосема позитивна карактеристика и доказ дека ги гледаме работите во светот од различни перспективи. Доказ за надпросечна интелегенција вика мајка ми.

Има ли некаква полза од проширувањето на знаењето кон политика, историја, филозофија итн. ?
Има ли полза од тоа да помирисаш се?
Има ли полза од тоа да искусиш се?

Ако одговорот е да, тогаш оваа појава кај тебе е само зголемено количество на хормони во твоето тело.

Ако не, старите и мудрите често велат(парафразирам): Од желбата да ги истражиш работите подетално, ќе ја пропуштиш целосната слика.
Ми ја раскажуваа приказната за шеикот Шан Јахан, човекот што го изградил Таџ Махал. Неговата омилена жена починала и тие ја погребале во дрвен ковчег. На тоа место каде ја погребале, денес се наоѓа Таџ Махал. Од пуста љубов кон неа, решил да ја изгради најубава зграда во светот. Додека траела изградбата, шеиков си се шетал во дворецот, набљудувал работата, нели. Видел парче дрво на патот и им се развикал на работниците. Бил бесен на нив, како тоа парче дрво да стои на главната патека. Од што бил лут, неможеле да му објаснат дека тоа е всушност, парче дрво од ковчегот на жена му.

Треба да престанеш да се гњавиш со деталите на животот. Погледни ја глобалната слика.
Што ќе ти придонесат тие мали детали кои ќе ги дознаеш во глобалната слика? Дали воопшто ќе имаат некој мал удел во неа? Дали ќе има некаква полза од знаењата кои сакаш да ги прошириш? Дали ќе ти помогнат во составувањето на слагалицата?

Јас седнувам и си ги средувам мислите.

Ја пронаоѓам смислата на животот.
Си поставувам цели.
Се определувам за една улица од крстосницата.
Така, тој хаос во мојата глава го снемува.
Остануваат само плановите како да ги спроведеш тие цели.

Откако ќе го направиш ова...
Има ли полза од проширувањето на знаењето кон политика, историја, филозофија итн. ?
Има ли полза од тоа да помирисаш се?
Има ли полза од тоа да искусиш се?
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Take the red pill :D

Не ти треба се да знаеш , ќе полудиш од толку инфо , мозокот ќе ти дое у фаза на overload , нема да разликува приоритет од неприоритет ..
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Тинуле фала за прекрасниот одговор..
Инаку тоа ми е прашањето дали има полза од тоа да се сака да се знае, искуси, вкуси се?
Сепак.. Мора да се живее животот со цел животен елан и да се зема се што тој ти нуди, но истражувајќи го подетално, навлагајќи во она нешто повеќе ако знаеме како нема да го пропуштиме туку напротив.. Полесно ќе го зграбиме и ќе го имаме нашиот живот во наши раце..
Инаку MiloBilderce што кога тоа знаење на повеќе работи те исполнува и ти е духовна храна.. Ти ја исполнува онаа глад за знаење повеќе? Можеби не ја чувствуваш и незнаеш за што зборам.. Но веруј ми колку и да ствара на моменти конфузија секоја нова информација, се ново што ќе научиш ако стварно сакаш да знаеш повеќе ствара огромно задоволство..
Да, тоа реков - може да се полуди.. Ама интелегентниот човек е луд во очите на неинтелегентните посекако.. Зашто да си го скратува она што него го исполнува..
Мислам дека се буквално се што ќе го научиш како теоретска основа, може неверојатно многу да се најде понатака во практика.. Не само што може туку сигурно ќе се најде.. Без разлика дали ќе си ти свесен во моментот дека си го применил тоа теоретско знаење или некогаш ќе станеш..
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Сакам да знам се... ама има работи кои ако ги знам, ќе посакам никогаш да не ги знам... зошто тогаш да сакам да знам се? Сакам да знам онолку, колку што ќе биде доволно да не го дознам она што не сакам да го знам!
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
ДА ЗНАЕШ или да ИСКУСИШ Еве сакаш да искусиш Напон кој ги движи Возовите на МЖ на пример(знаеш последици,има да гориш...болка..УЖАСИЈЕ!!).

и ова Сакаш?
Не не не да не се разбереме погрешно :))))
Сакам да ЗНАМ се.. А сакам да искусам се што САКАМ да искусам.. :)

 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Секој човек на планетава, освен што е желен за љубов, за среќа, за почит, за моќ, желен е и за знаење.

Нормално е да сакаш да знаеш се. Нормално е да сакаш да запознаеш се! Буквално, СЕ! Верувам дека секој од нас во животот се почувствувал така (барем поинтелегентните личности)...
Тоа што го чувствуваме не не прави луди или *вметнинегативнапридавка*. Не. Тоа е сосема позитивна карактеристика и доказ дека ги гледаме работите во светот од различни перспективи. Доказ за надпросечна интелегенција вика мајка ми.

Има ли некаква полза од проширувањето на знаењето кон политика, историја, филозофија итн. ?
Има ли полза од тоа да помирисаш се?
Има ли полза од тоа да искусиш се?

Ако одговорот е да, тогаш оваа појава кај тебе е само зголемено количество на хормони во твоето тело.

Ако не, старите и мудрите често велат(парафразирам): Од желбата да ги истражиш работите подетално, ќе ја пропуштиш целосната слика.
Ми ја раскажуваа приказната за шеикот Шан Јахан, човекот што го изградил Таџ Махал. Неговата омилена жена починала и тие ја погребале во дрвен ковчег. На тоа место каде ја погребале, денес се наоѓа Таџ Махал. Од пуста љубов кон неа, решил да ја изгради најубава зграда во светот. Додека траела изградбата, шеиков си се шетал во дворецот, набљудувал работата, нели. Видел парче дрво на патот и им се развикал на работниците. Бил бесен на нив, како тоа парче дрво да стои на главната патека. Од што бил лут, неможеле да му објаснат дека тоа е всушност, парче дрво од ковчегот на жена му.

Треба да престанеш да се гњавиш со деталите на животот. Погледни ја глобалната слика.
Што ќе ти придонесат тие мали детали кои ќе ги дознаеш во глобалната слика? Дали воопшто ќе имаат некој мал удел во неа? Дали ќе има некаква полза од знаењата кои сакаш да ги прошириш? Дали ќе ти помогнат во составувањето на слагалицата?

Јас седнувам и си ги средувам мислите.

Ја пронаоѓам смислата на животот.
Си поставувам цели.
Се определувам за една улица од крстосницата.
Така, тој хаос во мојата глава го снемува.
Остануваат само плановите како да ги спроведеш тие цели.

Откако ќе го направиш ова...
Има ли полза од проширувањето на знаењето кон политика, историја, филозофија итн. ?
Има ли полза од тоа да помирисаш се?
Има ли полза од тоа да искусиш се?
Vegeta, can u read Тинуле's power level?
-What, this cannot be....Her power level is over NINE THOUSAAAAAAAAND!
WHAT?! THAT THING MUST BE BROKEN. SHE CANNOT BE STRONGER THAN ME!
___________________
(in the meantime back on earth)

Oк. Вака...Не сите се желни за знаење....
Yup, знам доволен број на луѓе шо не ги интересира ништо. Онака ништо ништо. Мислам дека ако на некој од нив им кажеш дека умрела мајка им/татко им нема да прашаат “Зошто? Како?“...
Што не доведува до заклучокот дека - да, голем дел од луѓето се љубопитни (there's ur substitution for “желни за знаење“).
Од што произлегува дека (не произлегува ама интересно звучеше) не сите што се интелигентни се љубопитни. Мојата дефиниција за интелигентни не се луѓе полни со интересни факти и знаење како мини енциклопедија или пак луѓе кои се екстремно љубопитни, туку интелигентен е оној кој лесно може да сфати нешто ново. Има љубопитни луѓе кои 20 пути да му објасниш, не сфаќа и не сфаќа...крај...Не верувам дека тој има висок коефициент на интелигенција. Исто има и луѓе кои се доволно паметни шо можат да си дозволат да не се надградуваат и да не се љубопитни со години.

Зголемено количество на хормони?, мммм не сум запознаен со ова така да не напаѓам. Imma google it just so u know.

Рестово од постот е твоја гледна точка која не ја оспорувам. Мојата е дека - да, тоа е нормално и да, продолжи така. Само тие што се љубопитни успеваат.
Осим делот со искусувањево...тоа може и да преразмислиш :) (исклучок за спалната)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Абе љубопитните неинтелегентни фаци не ги интересираат секакви теми.. И ако неможе да ги разбере информациите џабе му е некому љубопитноста.. И не верувам некој со мала интелегенција да го интересира животот и светот од секој можен аспект.. Да го интересира се.
 

MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Со текот на животот учиш , не можеш на пример на 17 години да знаеш се , или барем да знаеш 10% од се .. Не е работата да дремеш на книга или пц , да гуглаш цело време , да гледаш Дисковери итн .. Поентата е да оставиш природата да си го прави тоа , да учиш по природен тек , со тек на времето да стекнуваш знаење и искуство .. Барем ја така гледам на работите , јас сум таков сакам да знам од се по нешто , али не форсирам многу .. одам полека , секој ден ново инфо , помалце ..за година дена ставам во глава онолку колку што мислам дека треба да ставам
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не не не да не се разбереме погрешно :))))
Сакам да ЗНАМ се.. А сакам да искусам се што САКАМ да искусам.. :)

Саутенд Јунајтед го победил Норич Сити со 3-1 во натпревар од англиската трета дивизија во 1955.
Мавританија остварила извоз во вредност од 255 долари по глава на жител во 2007.
Митре му се пожали на Ставре дека Петре го погледнал накриво пред некој ден.

Просечната плата во РМ е 20.500 денари.
Евреите се пониска раса и закана за човештвото и треба физички да се елиминираат.
Капитализмот е економски систем кој е фер и му дава избор и слобода на делување на поединецот...:vozbud:

Постои инфо и инфо...Информации кои можат многу да ти помогнат,да ти отворат многу врати и да ти изградат многу мостови во животот,информации кои се небитни,неутрални,информации кои се лажни,информации кои се водат официјално како точни но не се и обратно,информации кои можат да те упропастат и да ти направат многу штета...

Со тек на време од сиот куп секакви информации составуваш некаков мозаик према кој се раководиш понатаму,се однесуваш према себе и останатите,како го доживуваш светот околу себе,што ти прави задоволство а што не...:star:
Тоа варира од човек до човек но главно се движи во добро определени рамки,што заради лоботомијата на која сме изложени (религија,пропаганда,медиуми,средината) што заради тоа што мораме да функционираме во општеството (кое не сака...:icon_mrgr ) што заради мир со самите себе,што заради расчекорот меѓу желбите и можностите...

Зависи од оперативниот систем инсталиран во секого од нас како и на кој начин ќе ги перцепираме и декодираме информациите кои преку 5-те сетила 24/7 - 365 дена пристигнуваат во нашиот мозок...
And don`t forget...do not just download data...also upload a bit every once in a while...:)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
па знај си бе дете нема ништо лошо во тоа:smir: што повеќе знаеш тоа поубаво за тебе. само немој да претераш со учење нови работи, сепак лето е, распуст, уживај малку, кулирај
 
T

theTinule

Гостин
Океј, интелигентна си. Сакаш да знаеш се`. Доволни беа трите извичници во насловот за да те сконтаме.
Јас не сакам да знам ништо, а сепак се сметам за интелигентна. Фер? Нова тема на повидок?
Извини, да не се извреѓа? :)

Интелегенцијата не е само способност да ги сфаќаш работите брзо и да те бива за се. Треба да знаеш како и да го искористиш тоа. Ако не знаеш како да ја искористиш способноста и талентот за нешто, ако не знаеш како да ја искористиш интелегенцијата, што ќе ти е тогаш?
Исто како да го немаш талентот, исто како да ја немаш интелегенцијата.

Тоа ти е ко еден богат човек да го видиш да живее во шупа. Добро бре човеку, имаш пари, направи си куќа, купи си облека, отвори бизнис. „НЕ, јас парите ги штедам.“ -.-
Која ти е тогаш ползата од богатството, кога живееш како сиромав? Подобро дај му го на некој друг, ќе знае како да го искористи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom