Tiesto @ Метрополис Арена - 01.09.2010

S

StormRage

Гостин
Епа добар помин народе јас нема да присуствувам поради здравствени причини како прво (и најважно) а второ и немање друштво (ама и без то ќе поминев да не беше првово :( )
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.901
Сакам свежи информации сабајле како било на журката :toe: Криво ми е што не отидов
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Вака рано да си кажам дека си поминав фантастично, добро друштво, кичма кршење... испаруваше алкохолот од мене, се препотував.

Дојдов едно пола саат пред Тиесто, и тој дечкото што беше пред него да го пофалам дека е тиња(!). После тоа музиката ја попраи оној за кого дојдовме... пушташе некој траки од калеидоскоп, но и од ремисканиот албум. За прв пат во Македонија на журка ја слушнав инструменталката од новата на Свидиш хаус мафија, и тоа беше врвот... не приметив да пушти некоја од старите, освен Лав камс аген.

Неизбежно е да го искоментирам и сељачкото кај македонската публика со дерењено ууу ууу, до кога? :(
 
Член од
28 април 2007
Мислења
478
Поени од реакции
15
Искрено, до 2 и 20 ми беше ептен тапа. Ептен некако хаус беше. После тоа се распали... ама некако не е Тиесто тој што беше... :toe: Али воглавно беше супер.

Неизбежно е да го искоментирам и сељачкото кај македонската публика со дерењено ууу ууу, до кога? :(
Ако праиме муабет за ефектот шп треба да биде она уа уа уа уа уа уа! БЕЗВЕЗЕ! Многу го мразам тоа!
 

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Одлично - таман како за крај на летната сезона на журки, иначе од старите траки тука беа сите најпознати ... на Love comes again и Traffic се здивевме, једино Beatifull things ми фалеше ...

Слики некој друг нека закачи - јас сум сабајле на работа!
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Прилично слабо од страна на Тиесто, нормално за 90% од рајата е било убаво бидејќи знаеме на Тиесто и на Дејвид Гета и сл. каква раја оди. Патем, Тиесто и Гета имаа 80% ист сет = срање од музика. Туку што не ми се допаѓаше... Не ми се допаѓаше музиката, 80% од неа, транс како транс едвај една трака пушти, апсолутно никаквиот контакт со публика, незаинтересираноста негова итн, итн... Признавам дека имаше атмосфера од време на време, ама музиката немаше никаква врска со тоа, туку неизживеаната (ако има смисла зборов) публика се трудеше доста како за прва журка. :)

А сакам да ги пофалам warm-up диџеите, Satellite (кога пушташе прог транс) и Navigator со трансот, е тоа беше музика, го сведоа Тиесто на нула со неговиот избор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom