Германија-Англија | 27 јуни | 1/8 финале

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде победникот од овој дуел ?


  • Вкупно гласачи
    116
Статус
Затворена за нови мислења.
Гледам сите ги отпишавте Англичаниве.... Ех што прават 2 лоши утакмици во групите, затоа Италијанциве имаат толку титули...
Него, Холандија цело време игра добар фудбал во групи па и Шпанија исто, али тешко им иде во освојување титули..

Иначе очекувам победа на Англија, ипак го имаат Капело, а тука се и Руни, Лампард, Жерард, Милнер(ме изненади дечково)...
Ако не игра Швајни лупајте ги сите пари на Англија :)
 
Ова е дефинитивно најтешкиот меч за прогнозирање. Не знам што може да се очекува, германците одлично започнаа, но потоа направија кикс со Србија, да не беше тој кикс без размислување ќе речев чиста победа на германците, вака мислам дека ќе биде израмнето. Од друга страна пак англичаните тешко стигнаа до осминафинале, но не смее да се потцене репрезентација со искусен стратег како Капело, и искусни поединци како Руни, Лампард, Џерард.. играчи кои со еден потег можат да го решат натпреварот. Англија според мене ќе биде репрезентацијата која ќе оди понатаму.
 
Премногу првотимци не играат во репрезентацијата на Германија и капак на се е неиграњето на Швајни.Стварно незнам што ќе биде но во секој случај се очекува мртва борба за секоја педа од теренот.
Сакам Кислинг со Клосе да истрчаат во стартните 11 и да се промени тактиката со двајца напаѓачи,или пак ако не одстапува Јоги од тактиката во нападот ќе мора да менува во средината и да уфрли 5 играчи во средината,во одсуство на Швајни ќе мора да ја појача со Марин,Кроос,Кедира,Озил,Милер.
 
Премногу првотимци не играат во репрезентацијата на Германија и капак на се е неиграњето на Швајни.Стварно незнам што ќе биде но во секој случај се очекува мртва борба за секоја педа од теренот.
Сакам Кислинг со Клосе да истрчаат во стартните 11 и да се промени тактиката со двајца напаѓачи,или пак ако не одстапува Јоги од тактиката во нападот ќе мора да менува во средината и да уфрли 5 играчи во средината,во одсуство на Швајни ќе мора да ја појача со Марин,Кроос,Кедира,Озил,Милер.
Швајни тренирал денес со тимот и најверојатно ке биде спремен за утре.:smir:
 
Натпревари во група се една работа, а 1/8 финале е сосема друга работа. Нема фаворит. Според имињата можеби Англија, ама според прикажаното до сега, тоа е Германија. Нерешено во тој поглед.
Германија до сега прикажа многу брза игра, со трчање и многу додавања. Особено против Гана, мислам дека гледав атлетски митинг, а не фудбал :)
Англија играше можеби најмрзлив фудбал (особено во првите две кола). Типично италијански. Не ми е јасно како може некој што го сака англискиот фудбал да се радува на тоа што Капело бил тренер на Англија. Оваа игра тотално не е Англиска.
Типувам и сакам да победи Германија.
 
Помлада екипа немале досега Германците.

-Кедира(22)-
-Милер(20)-Крос(20)-Озил(21)-Подолски(24)

Просек на средниот ред, помал од 22 години.:nesvest:
 
Историјата покажала, ако не грешам, дека сепак поискусни тимови го освојуваат СП. Англија :zlo:
 
Швајни тренирал денес со тимот и најверојатно ке биде спремен за утре.:smir:

Знам прочитав.:)
Дај Боже да биде способен да изигра 90 мин. тоа би било веќе друга песна.:tv:
 
Уф тежок меч...

Ќе има тврда игра од двете страни,не очекувам многу голови,најмногу 3!
Англија откако тешко ја помина групата очекувам сега да бидат многу посилни.Една победа им беше потребна за да се смират на психолошки план.Капело знае како да игра на големи натпревари и очекувам сосема различна Англија од таа што ја видовме досега.

Германија има талент,но им недостасува искуство на некои играчи кои можат да бидат клучни во утрешниот меч.
Мечевите помеѓу Германија и Англија секогаш биле интересни бидејќи ривалството е големо,сепак на крајот мислам дека ќе победат Англичаните!
 
Уфффффф убедливо најтешка за тип е оваа утакмица....Но сигурен сум не очекувајте фудбал на овој меч...Можеби ке биде 1-0 за некоја репрезентација, но 0-0 е најреално....Англија играше тешко, затворено и не дава голови....Доколку Џерард е во форма може да дојдат до победа...Од друга страна, Швабите имаја одлична реализаторска способност против Австралија, имаја шанси против Србите. но против Гана на виделина излегоа многу прпоусти во одбраната....Мислам дека Капело е подобар од Лев и дека ке ги види тие дупки и дека ке успее да го спреми тимот....Затоа мала предност за Англија од моја страна...Очекувам да стартува со Хески или Крауч за да центаршутевите на Милнер можат да поминат и да можат да им парираат покрај високите халфови, посебно Мертесакер....Милнер или Ленон десно, која е можеби најслабата страна на Германците, ако се знае дека капитенот нивни Лам игра на десната страна, гледано од Германска гледна точка....

Разликата ке ја прави Џерард, бидејки е поофанзивен од Лампард, но мислам дека Хески или Крауч исто ке играат важна улога спуштајки топки кој Руни или ако се одлучи и за Дефо во нападот....Ешли Кол, ке биде позатворен и ке седи доста на својата половина, како и Џонсон...Тери ке ги добива дуелите со Клосе, како подоминантен, каде Лукас пак, ке мора да пробива по средината, но ке му биде доста тешко....Заради ова, како предлог давам шанси за победа на Англичаните, но упорноста на Германците и добрата форма на Озил, надополнета со желбата на Клосе да стане еден од најдобрите стрелци на светските првенства, го прават овој дуел спектакуларен за нас, неутралните навивачи и вистинска реприза на финалето пред половина век...
 
Тежок меч. Не само што ќе биде неизвесно туку според мене ќе се игра повлечено и ќе се чека грешка. Типичен европски дуел би рекол дефанзивен дуел. Да беше јужноамерички налик на Бразил-Чиле сигурно ќе беше повозбудливо и поофанзивно.
Како и да е влогот е голем и двете екипи дефинитивно нема да ризикуваат и ќе чекаат грешки!
 
Se spremaat na penali da se resava pobednikot.
 
1277600334.jpg


Судија ќе биде Хорхе Ларионда од Уругвај.
 
Судија ќе биде Хорхе Ларионда од Уругвај.

Копилето не досуди пенал за Србија против Австралија и Србија отпадна... :nesvest:

Ај можеби ќе биде среќен за Англија :wink:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom