UEFA Europa League 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Тетоец
  • Време на започнување Време на започнување
коа се играат ко шо прочитав првата е тука на 29ти?
 
Браво за Работнички што ни овозможија таква голема екипа од калибарот на Ливерпул да дојде на Арена Филип II.Иако сум навивач и верен на Вардар сепак ќе присуствувам на мечот онака без никакви симпатии кон 2-та клуба.Се надевам дека Вардар ќе се врати на старите патеки како што беше тоа 2003/2004.
 
Пред некој ден прочитав ако Работнички биде домаќин на реваншот, ќе има шанса и јужна да биде пуштена
 
Честитки и за Тетекс.Примија еден гол но одат понатаму.
 
А ги погодив. Тетекс ја имав кец, Работнички икс. Ама срам ми е да скенирам. Очаен тикет е.
 
А ги погодив. Тетекс ја имав кец, Работнички икс. Ама срам ми е да скенирам. Очаен тикет е.

Јас пак кај 2 и пол поминував пред Копачка и си викам дај бе да уплатам за нашиве да одат понатаму, Работнички Х и Тетекс 1......и не уплатив :kesa:

Значи ситуацијата е јасна. Откако помина и Тетекс :bravo: сега како што пишуваше по весници на 29 Јули т.е. следниот четврток на Филип 2 Арената ќе се игра Работнички-Ливерпул и истовремено Елфсборг/Искра-Тетекс.. На 5 Август Работнички ќе гостува на Енфилд, а на Филип 2 Арената ќе го игра реваншот Тетекс против Елфсборг/Искра. Исто така беше напоменато во Дневник дека за 5 Август НАЈВЕРОЈАТНО ќе биде достапна и Јужна. Значи во поглед на капацитет/цени осакатени сме за натпреварот со Ливерпул каде имаме двојно помалку капацитет со високи цени, но и можност да се изненади Ливерпул во првата утакмица + Работнички нема да патува туку по враќањето од Ерменија си е дома за разлика од обратната ситуација каде требаше да патува до Островот и најверојатно поради премореност да изгуби 5-0 па реваншот да нема смисла ама со поефтини карти. Додека за Тетекс е поповолна ситуацијата пошто сега играја дома, па ќе патуваат на гости(најверојатно во Шведска) и после реваншот може да биде многу попривлечен за гледачите ако Тетекс има поволен резултат и плус ако биде достапна и Јужна=повеќе публика со пoефтини карти и реални шанси за пласман понатаму.
 
абе какви 500 денари карта!!! за сиромаштија максимум 200-300 ден. инаку кој дојде да ги гледа? пола луѓе с еп оодмори а овие од надвор од други градови треба и превоз и патарини да плаќаат. нека си размислат малку работнички ако сакаат на овие горештини пун стадион.
 
Ајде се надевам уште еднаш Работнички ќе не направи горди, а кога на ова ќе ја додадеме можноста да му се изнасмееме на Ливерпул во живо го прави овој натпревар must see.
Само штета без Рафа Ливерпул не е Ливерпул. :tv: Taка да колку и да е картата одиме !

Ќе одите да го гледате најголемиот англиски клуб а не да му се смеете....ќе го :drk: сега на Ливерпул...а после приказни ќе кажувате.........ама тоа е....навивачите на Јунајтед,Челзи,Реал,Барса итн си се без свое јас..... на пример ја не би одел да ги гледам овие клубови и пари да ми дадат
 
Јас брат токму како навивач на Манчестер со кеф ќе одам да навивам против Ливерпул и се надевам дека без победа ќе си заминат од Скопје.


П.С. Штом не идат Кујт, Торес, Маскерано, Макси Родригез, Бабел, Реина, Карагер, Жерард(?) ич нека не мислат да наплаќаат повеќе од 500 ден. за најубавите седишта.


Ах да ни беше направен стадионот имаше да грми и то со по 100-200 ден. карта.
 
Стварно бравос за Тетекс барем малце ни обелија образ заедно со Работнички секако
 
Ќе одите да го гледате најголемиот англиски клуб а не да му се смеете....ќе го :drk: сега на Ливерпул...а после приказни ќе кажувате.........ама тоа е....навивачите на Јунајтед,Челзи,Реал,Барса итн си се без свое јас..... на пример ја не би одел да ги гледам овие клубови и пари да ми дадат


Па кај ги кажа сите екипи кои се измислени за Лузерпул бе мизеријо.
Знаеш зошто Работнички не може да игра против некој од екипиве што ги наброја?Затоа што ниту Челзи,ниту Барселона и останатите не играат во Европа Лига(Куп Уефа).

Имаш право немаат свое јас.
Колку години нема Ливерпул ПЛ освоено бе мизеријо?

Иначе ќе навивам со душа за Работнички,ама ќе гледам на телевизија.Не ми се даваат пари да ги гледам патетикиве од Ливерпул.Да беа Фулам или Евертон ај некако,ама нискоразредни екипи не гледам јас.
Секако без навреда за навивачите на Работнички:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom