Интересни мечеви во четврт финалево

Очекувам Барса да го тепа Шахтјор едно 3-0 на домашен, а на гости да изигра 1-1 или било кое нерешено, но за мене се сигурен патник во полуфиналето и скоро сигурен освојувач на ЛШ оваа година

Реал-Тотенхем е истотака одличен дуел. За разлика од другите, типувам дека во полуфиналето сепак ќе патува Тотенхем. Незнам, сеуште не го гледам Реал како тим кој би требало да е доминантен со оглед на тимот кој што го поседува. Ако ги задржат играчите едно 2-3 години, друга приказна ќе биде. Фаворит е Реал, ама Тотенхем знае да биде многу заебана екипа. Прв пат доаѓаат волку далеку, па сигурно нема лесно да се предадат. Плус имаат игра на високи топки, а Реал знаат да направат многу киксови при таква игра. Очекувам и Бејл да изигра главна улога, па ништо чудно Тотенхем да слави и сред Шпанија. За во реваншот очекувам нешто налик на мечот со Милан. Давам шанси 60-40 за Тотенхем

Шалке-Интер, дуел во кој имам екипа која ја симпатизирам, па што и да кажам ќе биде пристрасно:icon_mrgr Нормално, Шалке е патникот во полуфиналето :icon_mrgr
Многу ќе му биде на Интер во една сезона два пати по ред, да елиминира тим од Германија

Шалке го нема потребниот квалитет, а тука е и смената на тренерот во најнеповолен момент, но затоа го има Нојер

Само да му тргне на Нојер во Италија на првиот меч, и Интер слободно може да си ги пакува куферите :salut: Како симпатизер на Шалке се радувам на ждребката, и мислам дека Интер е тим со кој Шалке може да се надигрува, а голема улога во битката на овие два клуба ќе имаат и двајцата напаѓачи Ето и Раул. Само од Ето стравувам, ако се запре он, нема гајле...
Челзи-Манчестер, ќе го истипувам антиМанчестарски

Незнам како Манчестер успева сезонава да биде прв во Англија :nesvest: Толку ли се очајни другиве екипи...
Очекувам Челзи да тепа 2-0 на првиот меч, а вториот да го добие Ман Утд но сепак Лондочани да патуваат во полуфиналето. Сеедно кој и да иде од нив, не верувам дека ќе ја добијат битката со барса во финалето
