Не им е интересен на сите таков фудбал,кружат околу шеснаесетник 90 минути и даваат голови од 5-6 метри. За мене нема убавина и ме замараат тие нивни кратки подавања. За тоа дека е најдобар тим во историјата е доказ дека навивачите на Барса се влезени во филм.
За тоа првото се сложувам дека е субјективно и никој не може да ти каже дали мора да ти се допаѓа или да те иритира. Факт е дека тики-така е доста тежок стил за играње па може да се рече и најтежок, ама тоа не значи дека сите мора да ги восхитува.
А, дали Барселона е најдобар тим во историјата тешко дека некој на планетава може да потврди, како што не може да потврди дали Манчестер е најдобар и дали Милан е најдобар итн. Тоа дури ни никој од стручњаците никогаш не го спомнале. Ниту па фановите на Барселона не верувам дека се сигурни во тоа, освен ако некој од нас(фановите на Барселона) нема временска машина па во живо да ги видел и споредил сите фудбалски генерации.
Фудбалските експерти тврдат нешто друго, дека Барселона е најдоминантната екипа во модерниот фудбал, а тоа е од почетокот на '90тите, период од 20-ина години. Мојот став е дека тоа е точно, ама и тука не можам со 100% сигурност да тврдам дека е тоа точно.
Како фан на Барса се гордеам што повеќето од нас, како-така успеаа да преќутат и да не се жалат за судиските грешки на Емирати од пред 3 недели(а ги имаше и директно влијаеа на резултатот), туку си ги искритикувавме нашите, пред се најдобриот според ФИФА, меѓутоа вчера тоа шо се деси го нема ни во македонскиот парламент. Како опозициски критики се редеа коментари и постови, како Платини праќа судии да ја туркаат Барселона, затоа што некои од Барселона му ги пушат на Платини(!?), како Бусака ја турка, Бусака си ја врши неговата работа..... Најжално е шо, малку од нив беа фанови на Арсенал, затоа што вистинските топџии ја честитаа победата, како што ние им ја честитавме пред 3 недели. Кога Пеп излезе на прес во Лондон пред 3 недели по натпреварот само честиташе победа и кажа се гледаме на Камп Ноу, а за судиските грешки сите од Барселона кажаа дека се случуваат и се неправедни, но ништо не се пожалија.
Да имаше конструктивни постови од оние кои мислат дека Барселона неправедно помина, ајде, ама со билдање постови ништо не се прави.
Судиски грешки, има имало и ќе има. Како што не досудија пенал(и) на Челзи во Лондон на 6 мај 2009 година(ова стана синоним за помош на судиите кон Барселона), како што Абидал тогаш доби неоправдано црвен картон(ова повеќето го забораваат), како што лани Милито даде гол од офсајд на Меаца против Барселона, а Пике гол од офсајд на Камп Ноу против Интер, како Робен против Сампдорија, како мноооогу други, како што Бусака не досуди пенал вчера во прво полувреме..........
И дајте да ја завршиме оваа тема, ако има некој кој мисли дека е незаслужен пласманот на Барселона понатаму, конструктивно нека каже шо мисли, а не Платини праќал судии да судат за Барселона.
Ама, сепак ова е Лига на Шампиони на УЕФА, место каде што се случуваат ЧУДА, па секоја година има бројни недоумници.
Вечерва сакам само помалку судиски грешки, ова од вчеравечер не сакам повторно да го читам.