Поздрав до сите каталонци,ганери и до неутралните навивачи ( нормално ако може така да се нарекуваат ). Фан сум на Барселона и ја имам во крвта а верувам така е и со сите фанови на другите тимови,а мора да надополнам дека после Барселона омилен тим ми е Арсенал поради начинот на игра . Многу врева се крена на натпреварот што се одигра вчера но многу поголема после натпреварот . После ждрепката ми беше многу жал дека еден од овие тима нема да продолжи понатаму а бев сигурен дека тој што ке помини понатаму ке стигни далеку. Првиот натпревар беше фантастичен за неутралните навивачи но не може да се кажи истото за фановите на Барселона,како и да е беше супер утакмица.Очекував исто сценарио и за вчерашната утакмица : многу голови,акции,возбудувања,НО од двата тима.Венгер многу пати напомена дека нема да оди на 0-0 туку ке атакува и во Камп Ноу но тоа не се случи,и мислам дека единствената грешка на Арсенал беше тоа,едноставно не се во таков калибар за да се бранат 90 минути.Можеби повеќето ке напишат дека не се согласуваат со последната реченица,дека ако се отвараше Арсенал против Барселона ке правеше самоубиство,епа не е така,сепак најдобра одбрана е НАПАДОТ.Против таква десеткувана одбрана на Барселона можеше да се атакува колку толку.
За натпреварот,сосема заслужена победа на Барселона,и повеќе од тоа,заслужен помин понатаму,може да се видат и статистиките и се друго.Незаслужено ќе беше Арсенал да продолжува понатаму ( ако Бендтнер беше поснаолдив на крајот) ,не прикажаа игра,игра каква што му доликува на еден Арсенал,тим кој игра напаѓачки фудбал,убав фудбал за око,тим кој е на врвот на Англискат лига,нула шутеви кон голот на Барселона.
Не знам зошто во овој форум се случуваат вакви работи , ако си најдобар веднаш ке те напаѓаат и сакаат едноставно успехот да изгледа како да не е заслужен.Не ги разберам фановите на Интер и Реал Мадрид ( до некаде ги разбирам тие на Реал хехе),па човече толку негативни работи што прочитав вчера овде немаше ни од фановите на Арсенал.Како да Реал Мадрид или Интер испаднаа па толку врева се крена од тие,а рака на срце за повеќето фанови на Арсенал кои беа многу реални,кои вината ја пронајдоа кај својот тим и честитаа за пласманот понатаму и тн тн...Во другите светски форуми и блогови не се неутралните навивачи како овде,едноставно честитаа за прикажаната игра и пласманот понатаму.
Многу се смешни изјавите како тоа Бусака му помогна на Барцелона,ја сака Барселона,како тоа Платини е вмешан ( па недостатуваат и Масоните да се споменуваат).Јес имаше неколку грешки на Бусака но не само против Арсенал туку и против Барселона,ако не се лажам па овој беше истиот судија кој лани покажа на белата точка и директен црвен картон за Пујол. На вчерашниот меч имаше неколку грешки и тоа : Требаше на Абидал да му покажи жолт картон при расправијата со Ван перси и недосуден пенал врз Меси.За пеналот врз Педро срам е да са прави муабет оти ко стакло се гледаше дека е пенал,испружена нога на Кошчиелни (кој ич не се буна за досудениот пенал )и спречување на продор на Педро.За црвениот картон на Ван Перси ( кој додуша беше повреден и немаше да игра цели 3 недели ) мислам дека беше малце строго ама правило си е правило,без да се види дали предходно имал или немал жолт.Имаше и стартови претходно недолични за таков калибар на фудбвалер и затоа Бусака го исклучи.На првиот натпревар во Лондон исто така имаше грешки : поништен гол на Меси и недосуден пенал за Барселона ( играње со рака Аршавин ),ама од никој фан на Барселона не се крена толку многу врева,па да и немаше коменти тука за тоа,едноставно вината ја гледавме во својот тим.
Никој ама никој не напиша за извонредната игра на Барселона,за извонредната соло финта на Меси при првиот гол,за извонредната акција на иниеста-вила-чави при вториот гол ( како може да не го ‘‘ видите ‘‘ тоа) ? Како може да не му аплаудирате на овој тим кого повеќето светски експерти го прогласаа за еден од најдобрата генерација (тим ) во историјата на фудбалот а може и најдобрата.После натпреварот коментатори на SkySport истото го прокламираа за тоа што реков....
Како и да е : честитки до сите фанови на Барселона ,неутралните навивачи да видат малце реално а за фановите на Арсенал а до останат смирени и дека веројатно после 3-4 години ќе бидат на врвот на Европа со Вилшер,Счежни,Џуру,Кошчиелни,Насри ( само не ги чепкајте нашите младинци хехе)...Поздрав