Американец во стилот на “Рамбо“ трагал по бин Ладен

  • Креатор на темата Креатор на темата Human
  • Време на започнување Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.544
Поени од реакции
5.222
Американец во стилот на “Рамбо“ трагал по бин Ладен

Пакистанската полиција упасила Американец, опремен со нож, пиштол и опрема за ноќно гледање, кој се обидел илегално да влезе во Авганистан и да го убие лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен, јавува “Ројтерс“.
Според зборовите на Џефер Кхана, шеф на полицијата на дистриктот Читрал, Гари Фаулкнер (40) од Калифорнија е уапсен во долината Брумборет, близу границата со авганистанската провинција Нуристан, и бил подложен на испрашување.

Полицискиот истражител Мумтаз Ахмед објаснил дека Американецот, поради лична загува во терористичкиот напад во септември 2001 година, одлучил да го најде и убие Осама бин Ладен.

Еден службеник во разузнавачката служба Читрал, кој сакал да остане анонимен, рекол дека Фаулкнер, додека му приоѓале викнал : Не се доближувајте, ќе пукам.

“Фаулкнер пристигнал во Читрал на трети јуни, кога се сместил во локалниот хотел“, рекол Ахмед и додал дека и’ Американецот рекол на полицијата дека има болест на бубрезите и дека со себе носи лекови за бубрезите и крвниот притисок.

Портпаролот на Амбасадата на САД Ричард Снелсир изјавил дека конзулот во Пешавар е информиран за апсењето и дека бараат пристап до американскиот државјанин.

Нетпрес
 
Се кладам во буре ладно лашко дека за 15 години америте ќе снимат филм за типот:toe:
 
Се кладам во буре ладно лашко дека за 15 години америте ќе снимат филм за типот:toe:
Кој ќе чека 15 години за филмот... ногу се. Ќе се расипи и влашко и се....

Него овај со цел памет а? Попаметно му било да си влези со авион во Авганистан па да изиграва Рамбо :)
 
Кој ќе чека 15 години за филмот... ногу се. Ќе се расипи и влашко и се....

Него овај со цел памет а? Попаметно му било да си влези со авион во Авганистан па да изиграва Рамбо :)
Попаметно, ама не е интересно така :vozbud:
 
Па и ја би го направил истото .. барем можда повеќе ефект ќе има вака , Јенките 9 ( и више ) години го гонат уште не можат да го најдат ..
 
Па и ја би го направил истото .. барем можда повеќе ефект ќе има вака , Јенките 9 ( и више ) години го гонат уште не можат да го најдат ..

И баш он ќе го најде со нож, пиштол шо незнаеме колку куршуми имал и опрема за ноќно гледање.
 
И баш он ќе го најде со нож, пиштол шо незнаеме колку куршуми имал и опрема за ноќно гледање.

Рамбо можеше .. Чак Норис можеше и тоа без опрема за ноќно гледање , Штрафцинегер успеа на неколку наврати во Колумбија тоа да го стори и ако не се лажам Жан Клод Ван и Дам успееја , мада оние беа четворијца ..
 
Ама Рамбо знаеше и тенк и авион да вози. Исто и Швајценегер. Чак као што знаеме семоќен е. Овие четворица не е фер. Само се потврдува тоа моето погоре дека нема шанси да го најде.
 
А колку беше наградата за смртта на Бин Ладен?

ПС, темава требаше да ја отворам во ЧДА
 
А колку беше наградата за смртта на Бин Ладен?

ПС, темава требаше да ја отворам во ЧДА

25 милиончиња за информации кои ќе овозможат веднаш да се уапси, или со други зборови точната локација каде се крие.
 
25 милиончиња за информации кои ќе овозможат веднаш да се уапси, или со други зборови точната локација каде се крие.

Е па вреди за 25 милиони да тргнеш во лов...
 
Читај типот тргнал по него поради лична загуби ( син , ќерка , жена , љубовница итн .. )
 
а у затвор не е убаво, оти таму имало многу лоши луѓе.

ај некој шо може нека ја смести темата у ЧДА
 
насловот е крај :pos2::pos2::pos2: Со Нож од смоки, пиштол на вода од Битпазар и двоглед со затемнети стакла "за ноќно гледање", тргнал типот со цела памет да го бара бин Ладен:pos2:...Овој или е глуп или е преглуп:kesa:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom