Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.426
- Поени од реакции
- 5.107
Американец во стилот на “Рамбо“ трагал по бин Ладен
Пакистанската полиција упасила Американец, опремен со нож, пиштол и опрема за ноќно гледање, кој се обидел илегално да влезе во Авганистан и да го убие лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен, јавува “Ројтерс“.
Според зборовите на Џефер Кхана, шеф на полицијата на дистриктот Читрал, Гари Фаулкнер (40) од Калифорнија е уапсен во долината Брумборет, близу границата со авганистанската провинција Нуристан, и бил подложен на испрашување.
Полицискиот истражител Мумтаз Ахмед објаснил дека Американецот, поради лична загува во терористичкиот напад во септември 2001 година, одлучил да го најде и убие Осама бин Ладен.
Еден службеник во разузнавачката служба Читрал, кој сакал да остане анонимен, рекол дека Фаулкнер, додека му приоѓале викнал : Не се доближувајте, ќе пукам.
“Фаулкнер пристигнал во Читрал на трети јуни, кога се сместил во локалниот хотел“, рекол Ахмед и додал дека и’ Американецот рекол на полицијата дека има болест на бубрезите и дека со себе носи лекови за бубрезите и крвниот притисок.
Портпаролот на Амбасадата на САД Ричард Снелсир изјавил дека конзулот во Пешавар е информиран за апсењето и дека бараат пристап до американскиот државјанин.
Нетпрес