Еве ти неколку работи кој ретко кој од овде ги примети со Рафа :
1. Не го освои единствениот трофеј кој недостига во историјата на Интер, оној од европскиот куп, меч каде од старт направи драстична грешка со ставањето на Дејо како крило ( wtf ?! )
2. Поразот од Рома, зашто му го препишувам директно нему ? Само видете како Мурињо реагираше по израмнувачкиот гол на Реал со Милан, кога буквално го соблече и облече сам Албиол и направи иницијатива веднаш да се изврши измената, и сетете се како келнерот реагираше против Рома, кога на минут ипол до крај со рачето мрдаше напред назад а до него Марига дреме и чека дебелиов да направи некаква иницијатива до главниот да се изврши замената, а таква прилика имаше. На ова додадете го и ставањето на Мунтари да игра крило ( доволно е, нема потреба од понатамошни коментари за темата Мунтари - крило ).
3. Односот на Киву спрема него, што доволно говори за тоа дека Рафа е безкичмењак, нула од карактер.
4. Енормната фрекфенција на повредени играчи, што не е нормална, што никогаш и не била случај со Интер, нит со Манчини го немале овој проблем, Мур боље да не го спомнувам, фантазии беа во тој сегмент.
5. Изјавите за медиумите аналогни на оние на Раниери што кине, не може по тотално надигурвање од страна на Тотенхем он да излезе со такво интервју кое изгледаше многу тажно.
6. Начинот на кој тимот реагира по очајното издание со Тотенхем, да потсетам само, Бреша гостуваше во Милано со серија од 5 порази, до толку е карактерен, што не можеше да издејствува еден дебакл за оваа мизерна Бреша, потклекна и на реакциите од медиумите и фановите па удри на убер напаѓачка формација за која и ја пред мечот реков дека е самоубство против појак тим, очигледно не била добра ни за една Бреша. 90 минути без 100% шанса против ваков беден тим, доволно е само тоа да се потенцира.
7. Најлошото за мене, не го поднесува Мурињо, и прави Се само за да не го копира, што под дифолт значи и драстична промена на нештата во шампионски тим, нешто што е апла евидентно до сега. Затоа, во очите на Мурињо, Рафа е глупав човек, или како што велат и англичаните, he's just a fat spanish waiter.
Ви текнува на филмон '' how to lose a guy in ten days '' ? Моментално ние го гледаме оној '' How to make an average team from the best Europian Club in one season '', главна роља, кифлата Рафа.
--- надополнето ---
А што смени Рафа? Тактиката ја остави иста, буквално истата со која Мурињо играше од Челзи па до Баерн. И со минус играчи во средина и напад, Бенитез продолжи со истата тактика.
Има разлика од 4231 систем до 4231 систем, иста е ? Во кој сегмент, види како се чувани Меси, Дрогба, Малуда и компанија, види како му се парираше на Бејл ...
Системот е ист, ама како што реков, пристапот во натпреварите не, во последно време, делува очајно, таков секс врз Интер, ко што удрија Тотенхем во Англија одамна немаме гледано.
А и добро што го спомна Мур со 433 системот, па сите знаеме дека по 7мо коло истиот не го гледавме, него пред дуелот со Јуве го смени во 4312 формација, си ја призна грешката, рече дека не знае зашто ама 433 формацијата не е ок за Италија, дури и Кварезма го позајми во Јануар. На Мур нормално дека никој не му пререче, бидејќи за разлика од Рафа, он учи од сопствените грешки, а дебелиов е до тој степен глуп што и еден Станкович ко играше ко крило, само за да се игра 4231 формација, а ставањето на Мунтари за КРИЛО со Рома се со цел да му се помогнело на Киву во одбрана беше, е и долго време ќе биде 1 од најдеблините потези што ги направил 1 тренер за Интер.