Очајот на македонската љубовна сцена

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.089
Поени од реакции
25.276
Инспирација за темата ми се буквално секојдневните разговори со луѓе од моето опкружување. Очајот на Македонската љубовна сцена добива пандемиски пропорции и не бира по пол, раса, вера или национална припадност. Армијата сингл е поголема од армијата невработени, кондомите служат за дување во вид на балони за време на журки и свирки, Разноразни бештии глумат тешки вагини, набилдани мажиња во тјунирани коли глумат милионери, во кој локал кој/а како влегол/ла така и си излегол/ла. Дремењето на фејсбук ги осакатува аутдор активностите, очајно се бара плус некоја лесна студентка-провинцијалка а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби. Бизнисот во секс шоповите цута, нефункционални врски траат со години и завршуваат со брак од пусти страв дека ќе се остане сам, функционални врски се прекинуваат (особено од жени) оти се одело како што треба и не било така интересно (синдром-сакам да пробам повеќе пениси и вагини во животот). Скоро и да не знам некоја "нормална" ситуација на асална двојка. Швалерај на тон и тоа од луѓе во брак со деца, разведени на метрички тонови, нови запознавања никако оти треба да се полага колоквиум и да се оди на работа, затворени кругови и оттуѓување. Зошто е дојдено до оваа точка на дебакл? Дали постои начин да се среди работата? И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Работата ќе се среди, кога луѓето духовно ќе се рехабилитираат, кога ќе ги отворат очите за сите убави работи, кога ќе внесат малку позитивна енергија во нивниот живот и кога они ќе дозволат да ја пуштат љубовта да влезе во нивниот живот, а не да ставаат самите бариери и препреки на недоверба.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Работата ќе се среди, кога луѓето духовно ќе се рехабилитираат, кога ќе ги отворат очите за сите убави работи, кога ќе внесат малку позитивна енергија во нивниот живот и кога они ќе дозволат да ја пуштат љубовта да влезе во нивниот живот, а не да ставаат самите бариери и препреки на недоверба.
Тоа момичке е нешто што на денешнава популација е неможно да го наметнеш, премногу фактори влијаат обратно на психата на популацијата, а тие што се такви, во минијатурен број, се сметани за чудни, или не ги ценат воопште.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тоа момичке е нешто што на денешнава популација е неможно да го наметнеш, премногу фактори влијаат обратно на психата на популацијата, а тие што се такви, во минијатурен број, се сметани за чудни, или не ги ценат воопште.
Па воопшто не само што не можам, не ни сакам да го наметнам. Љубовта не се наметнува, позитивната енергија и убавите работи во животот кои се премногу не се наметнуваат, туку се чувствуваат. Љубовта свесно не ја пуштаат луѓето во својот живот и со тоа прават фатална грешка. Премногу ги затвораат своите умови и своите срца. Недовербата гради очај. Кога ќе почнат луѓето да се отвараат и да почнат полека да веруваат еден во друг, се ќе биде поинаку. Нема да има очај толкав, нема да има беда. Ќе има среќа. Ако си се боцнал од еден трн, не значи дека треба да ги мразиш сите ружи.

Колку и да е лош мојот љубовен живот, никогаш нема да престанам да го отворам мојот ум. Колку пати и да ме повредат, со пута пати интензитет ќе продолжам да сакам. Само трпение треба и ништо друго.

Луѓето сакаат се одеднаш да им дојде, да не се отвараат, да не даваат, а само да зимаат.
И после очајна била македонската љубовна сцена.
Е па ќе биде.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.577

Да си жива и здрава за болдов, ретки се таквите, кога некој ќе ги заеба ствараат иста слика за сите...
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Јас на мои 15 години научив дека морам да го сменам пристапот кон мојот љубовен живот зошто ќе трпи последици мојот сексуален живот.
Кога во 1993 јас и однесов цвеќе на девојката и мајка и, мене како прво ме направи луд татко ми кој само ми кажа да знаел дека вакво педерче ќе направел не се враќал од пат од Германија со камионот и да не му барам повеќе пари за во град. После ми се скара женската на 10 Март 1993 зошто сум бил индиферентен и и требало промена за да се фати со еден кој поправаше АПН-чиња и монтираше резонатни ауспуси.
Тогаш свртив нова страница и го подобрив мојот љубовен и сексуален живот, мене ми беше најнеразбирлива една момичка кога и викав да ми го испуши, таа ми викаше леле колку слатко ми зборуваш небаре рецитирам песна од леонард кохен.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Работата ќе се среди, кога луѓето духовно ќе се рехабилитираат, кога ќе ги отворат очите за сите убави работи, кога ќе внесат малку позитивна енергија во нивниот живот и кога они ќе дозволат да ја пуштат љубовта да влезе во нивниот живот, а не да ставаат самите бариери и препреки на недоверба.
Да се надоврзам: многу зборење и ништо не правење води до очај. А до скоро време главен спорт беше да се плука на сè и ништо да не се прави, па не е ни чудо што толку многу луѓе биле очајни. Кога ќе го променат пристапот, т.е. кога ќе почнат нешто да прават со своите животи, веќе ќе се зголеми количината на среќата.

Ако човек има идеја или план за иднината, кога знае што сака и кога работи за тоа да го постигне, тој е активен учесник во својот живот и автоматски не очајува и е среќен. Што и да се направи, макар и да е грешно, е подобро од ништо да не се направи. Исто и во љубовта: ако некој некогаш нè повредил, нормално е човек малку да се повлече и да се среди. Ама таа состојба на повлеченост не може да трае цел живот; кога-тогаш човек мора да излезе од своето стаклено ѕвоно, бидејќи ќе биде извлечкан од него, ако ништо друго - секој човек има свои вредности кои на светот му се потребни и некој ќе сека да ги искористи. Ако човекот отворено, свесно и директно истите му ги понуди на светот, ќе има можност да преговара - инаку, ќе му бидат искористени и ништо нема да добие за возврат, бидејќи ништо и не барал за возврат.

Не признавам врска и/или брак од страв да не се остане сам - тоа е брак од страв, како сака нека се сврти, и не може да биде поставен на здрава основа (ако за некого стравот од што и да е е здрава основа, се надевам дека нема никогаш да се сретнеме). На човек мора прво да му биде удобно сам со себе и да е среќен сам со себе, па дури потоа да може да гради здрави врски.

Со други зборови: ако некој е очаен, нека мрдне малку со газот и нека направи нешто што го прави среќен, што и да е тоа. Ако го прави среќен да спие со биљарда луѓе - нека го направи тоа (барем во ова време тоа не е ништо ново). Но нека не се жали после дека го стегнала некоја лоша последица од тоа (развод, стрес, сида итн). Секоја акција носи и реакција. Кога човекот е способен да се носи со сите реакции од своите акции - дури тогаш е спремен да стапи во врска и да се носи со реакциите од другата личност (тоа би било само надградба на неговата личност), па (дај боже) и со евентуалните деца.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ова не е ексклузивно македонска ситуација, туку глобален тренд кој кај нас каснеше поради претходното општествено уредување во кое поминавме 4 децении.

Капитализмот, драг Сусаро, капитализмот го прави тоа.
Од меѓучовечкото оттуѓувње, до моралниот релативизам и “индивидуална слобода“ кои се параван за морална ерозија и кои се неопходни за да капитализмот опстои.
Бездушен општествен систем, порано или подоцна креира и луѓе со угушени емотивни одговори.

И би пишувала сега повеќе, односно конкретно би образложила како и зошто го тврдам ова, но како вработена го немам тој луксуз. Се надевам дека подоцна ќе може да елаборирам.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Инспирација за темата ми се буквално секојдневните разговори со луѓе од моето опкружување. Очајот на Македонската љубовна сцена добива пандемиски пропорции и не бира по пол, раса, вера или национална припадност. Армијата сингл е поголема од армијата невработени, кондомите служат за дување во вид на балони за време на журки и свирки, Разноразни бештии глумат тешки вагини, набилдани мажиња во тјунирани коли глумат милионери, во кој локал кој/а како влегол/ла така и си излегол/ла. Дремењето на фејсбук ги осакатува аутдор активностите, очајно се бара плус некоја лесна студентка-провинцијалка а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби. Бизнисот во секс шоповите цута, нефункционални врски траат со години и завршуваат со брак од пусти страв дека ќе се остане сам, функционални врски се прекинуваат (особено од жени) оти се одело како што треба и не било така интересно (синдром-сакам да пробам повеќе пениси и вагини во животот). Скоро и да не знам некоја "нормална" ситуација на асална двојка. Швалерај на тон и тоа од луѓе во брак со деца, разведени на метрички тонови, нови запознавања никако оти треба да се полага колоквиум и да се оди на работа, затворени кругови и оттуѓување. Зошто е дојдено до оваа точка на дебакл? Дали постои начин да се среди работата? И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
Дијагнозата е во ред (со мали изливи на параноја:vozbud:)...кои се причините за ваквата состојба

Немањето адекватен сексуален живот во адолесценцијата што ја заробува овдешната раја во канџите на вечниот пубертет.
Економските фактори кои го убиваат сексот,љубовта,врските и се останато...
Преголемата вербализација на сексот на сметка на реалноста,дел од таа ситуација е и оваа изјава...

а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби.
That`s not happening mate...aside from рекла казала стории за наводните сексуални подвизи на нашите сонароднички во странство...

Затвореноста и изолираноста на Македонија каде ако го знаеш Станко тој го знае Трпе кој го знае Митре кој го знае Петре и како и да вртиш секој знае секого.Тоа е плодна почва за неповикани и непотребни мешања во сексуалниот и љубовниот живот на рајата.

Егото...секогаш и секаде,нереалните и недефираните еготрипови на сметка на самопознавањето кое сеуште е мислена именка,тука вклучувајќи го и сексот и сексуалните потреби,склоности,фетиши...тоа се развива со пракса која во Македонија и покрај муабетите....ја нема...:pos2:

Ретардацијата наречена конзервативност која гледа да лоцира дали некаде некој е среќен и да го сјебе во рекорден рок.

Ретардацијата наречена либералност која често се зема како оправдување за неодговорност и ванаби улоги во животот.

Традицијата која не ни оди во прилог а се темели на поседување на вагината vs. задоволување на истата.Истото важи и во обратен правец...имањето вагина како валута,став втиснат во мозоците од најмала возраст...

Традиционалната лоботомија со категоризации од типот фраер-курва (према реалниот или замислен број на сексуални партнер/ки) кој често убива многу потенцијални врски...и слично...

Несигурноста,апатијата,транзицијата...you name it...сето тоа донесе вакви последици т.е. сите да зборуваат за секс, да тој да го нема,а и тој што го има има распон од никаков до просечен...:tv:

The transition & good sex and relationships cannot travel together...

Дали постои начин да се смени нешто...НЕ ! :vozbud:

Касно е за било какви промени,инерцијата е преголема и стандардите се заживеани во последниве деценија-две,така да некаква измена во наредниве деценија-две нема да се случи и не е баш реално да се очекува тоа.

Или...be the change you wanna see in the world...

П.С. Има и полошо...мајчица Россија...:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
Се додека не ја надминеме опиеноста од поговорката: „Дигнал коњот нога за да го потковаат, видела жабата и таа ја дигнала ногата!“
Се разбира, на ковачот не му е битно кој и што потковува, битно му е да си поткова што поголем број на копита и да си заработи што поголема дневница...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.089
Поени од реакции
25.276
Ова не е ексклузивно македонска ситуација, туку глобален тренд кој кај нас каснеше поради претходното општествено уредување во кое поминавме 4 децении.

Капитализмот, драг Сусаро, капитализмот го прави тоа.
Од меѓучовечкото оттуѓувње, до моралниот релативизам и “индивидуална слобода“ кои се параван за морална ерозија и кои се неопходни за да капитализмот опстои.
Бездушен општествен систем, порано или подоцна креира и луѓе со угушени емотивни одговори.

И би пишувала сега повеќе, односно конкретно би образложила како и зошто го тврдам ова, но како вработена го немам тој луксуз. Се надевам дека подоцна ќе може да елаборирам.
Се согласувам за делот дека касни кај нас и дека е глобален тренд. А за другото, Господ ни дал тикви за да размислуваме. Паметот и душата не може да ти ги земат и не може системот да се обвинува за нашите очајнички постапки. Или буквално сведено на реплика од трето оделение ако се фрлат сите во Вардар ќе се фрлиш и ти? Ако да ондак проблемот е во твојот начин на размислување. Такуѓере твоите морални гледишта и принципи никој не може со сила да ги смени па без оглед на тоа дали до вчера било срамота со дечко ти да имате орален секс а денес е нормална појава. Ако тоа што зафатил некој тренд на спонзорушење рецимо и ти го прифатиш тоа тогаш или немаш кичма и твоите скриени желби и пориви можеш сега комотно да си ги оствариш. Никој систем со сила не ти наметнува ништо. Волјата, и начинот на размислување се твои. Ако сакаш да бидеш прифатен од средината само затоа што Трпе, и Трајанка прават иако е тоа против твоите убедувања и гледишта е немање рбет, и проблемот е лично твој.

--- надополнето ---

Дијагнозата е во ред (со мали изливи на параноја:vozbud:)...кои се причините за ваквата состојба

Немањето адекватен сексуален живот во адолесценцијата што ја заробува овдешната раја во канџите на вечниот пубертет.
Економските фактори кои го убиваат сексот,љубовта,врските и се останато...
Преголемата вербализација на сексот на сметка на реалноста,дел од таа ситуација е и оваа изјава...

1.That`s not happening mate...aside from рекла казала стории за наводните сексуални подвизи на нашите сонароднички во странство...

Затвореноста и изолираноста на Македонија каде ако го знаеш Станко тој го знае Трпе кој го знае Митре кој го знае Петре и како и да вртиш секој знае секого.Тоа е плодна почва за неповикани и непотребни мешања во сексуалниот и љубовниот живот на рајата.

Егото...секогаш и секаде,нереалните и недефираните еготрипови на сметка на самопознавањето кое сеуште е мислена именка,тука вклучувајќи го и сексот и сексуалните потреби,склоности,фетиши...тоа се развива со пракса која во Македонија и покрај муабетите....ја нема...:pos2:

Ретардацијата наречена конзервативност која гледа да лоцира дали некаде некој е среќен и да го сјебе во рекорден рок.

Ретардацијата наречена либералност која често се зема како оправдување за неодговорност и ванаби улоги во животот.

Традицијата која не ни оди во прилог а се темели на поседување на вагината vs. задоволување на истата.Истото важи и во обратен правец...имањето вагина како валута,став втиснат во мозоците од најмала возраст...

Традиционалната лоботомија со категоризации од типот фраер-курва (према реалниот или замислен број на сексуални партнер/ки) кој често убива многу потенцијални врски...и слично...

Несигурноста,апатијата,транзицијата...you name it...сето тоа донесе вакви последици т.е. сите да зборуваат за секс, да тој да го нема,а и тој што го има има распон од никаков до просечен...:tv:

The transition & good sex and relationships cannot travel together...

Дали постои начин да се смени нешто...НЕ ! :vozbud:

Касно е за било какви промени,инерцијата е преголема и стандардите се заживеани во последниве деценија-две,така да некаква измена во наредниве деценија-две нема да се случи и не е баш реално да се очекува тоа.

2. Или...be the change you wanna see in the world...

П.С. Има и полошо...мајчица Россија...:vozbud::vozbud::vozbud:
Прв болд. Је, је се дешава го земав како еден од поекстремните примери, многу редок ама се дешава. А уште повеќе ги има нешто помалку екстремните примери (што не значи дека не се мрсни).

Втор болд. Па тоа и јас ти го викам на други теми али ме ти не чујеш, а на темава ти одговара.

За другото мање-више се согласувам (замисли??!!)без некои нарочити забелешки.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Инспирација за темата ми се буквално секојдневните разговори со луѓе од моето опкружување. Очајот на Македонската љубовна сцена добива пандемиски пропорции и не бира по пол, раса, вера или национална припадност. Армијата сингл е поголема од армијата невработени, кондомите служат за дување во вид на балони за време на журки и свирки, Разноразни бештии глумат тешки вагини, набилдани мажиња во тјунирани коли глумат милионери, во кој локал кој/а како влегол/ла така и си излегол/ла. Дремењето на фејсбук ги осакатува аутдор активностите, очајно се бара плус некоја лесна студентка-провинцијалка а жените едвај чекаат да го напуштат Табановце за да оргијашаат групно со Италјани и Срби. Бизнисот во секс шоповите цута, нефункционални врски траат со години и завршуваат со брак од пусти страв дека ќе се остане сам, функционални врски се прекинуваат (особено од жени) оти се одело како што треба и не било така интересно (синдром-сакам да пробам повеќе пениси и вагини во животот). Скоро и да не знам некоја "нормална" ситуација на асална двојка. Швалерај на тон и тоа од луѓе во брак со деца, разведени на метрички тонови, нови запознавања никако оти треба да се полага колоквиум и да се оди на работа, затворени кругови и оттуѓување. Зошто е дојдено до оваа точка на дебакл? Дали постои начин да се среди работата? И за крај, до кога ќе траат и ќе стануваат се поочајни пораките за добра ноќ на Амазон ТВ после 12? Feel free да дополните уште моменти.
И јас ова го имам приметено.
Отворам пред некое време огласник,
-Бараме две девојчиња за работа во секси шоп, плата 15 илјади денари :icon_eek:

Си викам во себе,
Која мањачка нација сме ти биле ние..
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Така е со цел свет горе долу. Љубовта не ветува сигурност па затоа се ретки тие што би се бореле за неа, а уште поретко се наоѓаат две такви заинтересирани страни. Вистинските луѓе пропаѓаат на овој свет. Љубовта е многу повеќе од сигурност, таа е максимална храброст и бестрашност наспроти несигурното :)
Што рекоа Студени Нозе за љубовта во едно интервју - ја нема ни во тв сериите.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ова не е ексклузивно македонска ситуација, туку глобален тренд кој кај нас каснеше поради претходното општествено уредување во кое поминавме 4 децении.

Капитализмот, драг Сусаро, капитализмот го прави тоа.
Од меѓучовечкото оттуѓувње, до моралниот релативизам и “индивидуална слобода“ кои се параван за морална ерозија и кои се неопходни за да капитализмот опстои.
Бездушен општествен систем, порано или подоцна креира и луѓе со угушени емотивни одговори.

И би пишувала сега повеќе, односно конкретно би образложила како и зошто го тврдам ова, но како вработена го немам тој луксуз. Се надевам дека подоцна ќе може да елаборирам.
Не е баш глобален тренд...тешко дека истата ситуација како кај нас е присутна вооо.......Стокхолм,Пјонгјанг,Сао Паоло,Копенхаген,Амстердам,Абердин,Кејп Таун...Могадишу...:vozbud:
Може да се каже дека е источно-европски тренд,со балкански шмек и македонски зачин...Во голема мера е одговорен економскиот систем но рака на срце не може да се припише само на капитализмот имајќи во предвид ситуацијата во некои земји...која е далеку понормална и поопуштена во однос на врските и сексот...

Се согласувам за делот дека касни кај нас и дека е глобален тренд. А за другото, Господ ни дал тикви за да размислуваме. Паметот и душата не може да ти ги земат и не може системот да се обвинува за нашите очајнички постапки. Или буквално сведено на реплика од трето оделение ако се фрлат сите во Вардар ќе се фрлиш и ти? Ако да ондак проблемот е во твојот начин на размислување. Такуѓере твоите морални гледишта и принципи никој не може со сила да ги смени па без оглед на тоа дали до вчера било срамота со дечко ти да имате орален секс а денес е нормална појава. Ако тоа што зафатил некој тренд на спонзорушење рецимо и ти го прифатиш тоа тогаш или немаш кичма и твоите скриени желби и пориви можеш сега комотно да си ги оствариш. Никој систем со сила не ти наметнува ништо. Волјата, и начинот на размислување се твои. Ако сакаш да бидеш прифатен од средината само затоа што Трпе, и Трајанка прават иако е тоа против твоите убедувања и гледишта е немање рбет, и проблемот е лично твој.

--- надополнето ---

Прв болд. Је, је се дешава го земав како еден од поекстремните примери, многу редок ама се дешава. А уште повеќе ги има нешто помалку екстремните примери (што не значи дека не се мрсни).

Втор болд. Па тоа и јас ти го викам на други теми али ме ти не чујеш, а на темава ти одговара.

За другото мање-више се согласувам (замисли??!!)без некои нарочити забелешки.
Спонзорушите не се појавија како “тренд“ туку како последица на распадот на стариот и преминувањето во новиот систем.Некои од немаштија,некои од мрза,некои ради напредување во кариера,некои ради немање идеја што со себе...некои ради нешто друго...а некои само го добиле тој епитет без никаква реална основа...:toe:
Медиумите (Пинк-Планет-и слични) само дадоа визуелна форма и форсираа општествена прифатливост на тоа...

Је, је се дешава го земав како еден од поекстремните примери, многу редок ама се дешава. А уште повеќе ги има нешто помалку екстремните примери (што не значи дека не се мрсни).
Not really...not from what i`ve seen anyway...веројатно има некои такви ретки случаи кои дале повод за муабетите за “македонките - кучиња пуштени од ланец“ што не одговара на реалноста.Од друга страна брак или врска на некоја со странец надвор од тука обично се толкува со зборовите “аха...оваа замина надвор и одма почна да се растура“...што е само стариот добар македонски сеир,завист и оговарање...

Она што е интересно во целава ситуација е што рајата (двата пола) немаат основна перцепција за квалитетна врска,не знаат кои се и што се и што сакаат и не ги знаат базичните параметри за една врска да се развие во квалитетна. Себичноста,еготриповите,фантазирањето,мрзата,незнаењето,пресметките и све останато играат голема улога.
Повеќе посветуваат време на тоа каков телевизор,мобилен,фрижидер,лап-топ,цигари,пијачка,облека им одговараат отколку каков партнер...:tapp:
Тука капиталистичкото поимање на работите ја одигра својата улога...ако не ти чини производот - купи друг...ова пренесено на луѓе/врски...и ја имаш целосната слика...

И јас ова го имам приметено.
Отворам пред некое време огласник,
-Бараме две девојчиња за работа во секси шоп, плата 15 илјади денари :icon_eek:

Си викам во себе,
Која мањачка нација сме ти биле ние..
WTF??? И што има чудно во тоа,работа како работа,а и платата не е лоша...јеби га не ги збира сите...на државна цицка...:pos2:
Ваквите ставови се дел од лоботомијата наша насушна...

А од друга страна пак разбирливо е...вибраторот,дилдото и куклата со дување се одлична замена за партнер од крв и месо,бидејќи немаат потреби,желби,маани,стравови,фрустрации...логичен след на работите...флексибилни се до даска...:pos2:...такви времиња дојдоа...the end is nigh...:vozbud:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас се согласувам дека самиот систем многу влијае врз самите луѓе а со тоа по дифолт и на љубовните врски.Да чуете на глас што се бара еден човек од потенцијалниот партнер,просто би се зачудиле зашто таква личност не постои.Да бидам искрена сите спаѓаме во ист кош со премногу барања,ни јас не сум исклучок,мада во последно време учам дека трикот е што побргу да ги лоцираш маните и да го засакаш човек отколку да ги дознаеш предоцна ,да си го расипеш идеалот и да се разочараш.
Има нешто друго што го спомна Сусаро а што го им го зборувам долго време на пријателите,а тоа е дека круговите на комуникација се затворени.Друштвата се тие,колегите се тие,можноста да запознаеш некој надвор од тие кругови е 1% ,токму затоа Фејсбук ни е ново откритие на љубовен план,затоа е толку употребуван и злоупотребуван,тоа ви е како листа со огласи на кои има ваша слика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom