THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.735
- Поени од реакции
- 1.340
Екипите на Град Скопје изминатиов викенд започнаа со асфалтирање на булеварот Илинден, соопштуваат од градската администрација.
Околу 2.800 тони асфалт, со дебелина од пет до девет сантиметри, е поставен од крстосницата со улицата Наум Наумовски-Борче до автобуската станица пред крстосницата со улицата Рузвелтова.
Деновиве, градските екипи ќе работат и на доуредување на крстосницата со улицата Рузвелтова, по што ќе следува асфалтирање.
По должината на булеварот е поставено ново штедливо осветлување, што треба да профункционира до крајот на неделата.
Целосното проширување на булеварот ќе чини околу 80 милиони денари, информираат од Град Скопје.