Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.123
- Поени од реакции
- 25.578
Цццц, абе ко плевел комунисти, социјалисти, анархисти, дејдримери, фантазери,титовисти, Ленин-сабаране дела... Имаат став-немаат факти, секој има нешто да каже никој нема да дополни и да одговори на прашањето Е добро јеби га и сега што со тоа, и како да се прави. Еден бе да речеше математички, теоретски, ирационално дури ама издржано, еден да се избореше за нешто. Толку години човечка еволуција, паѓале Месопотамија, паѓал Египет, паѓал Рим ама со визија и идеа а не со песните на Џон Ленон. Како што пишав и на темата што одамна ја отворив. Lead, follow or get out of the fucking way. Води во системот и смени го, следи го системот или изгради си бачило на планина со овци и земјоделски поседи и свири си на кавал. До сега не сретнав ништо ама баш ништо асално од цела таа демек прогресивна, квазимисловна маса која само нафрла цитати од Маркс, ова не чинело, она не чинело. И сега што? Дајте бре концептуализирајте ги работите, основа, градба нешто што држи вода. Мило ми е што сепак не се паѓа така лесно на ефтини трикови и што се дадоа доста добри аргументи, иако искрено ми фалат коментарите на Никола и противпропагнда на оваа тематика. На микро скала имаше една фантастична епизода на Саут Парк каде што се разработува моќта на Вол Март (ланец супермаркети во Америка) особено крајот
http://www.southparkstudios.com/ сезона 8 епизода 809, да ви се разјаснат работите, кое и што е тоа зло. А до тогаш фаќајте се за лопата, и вези коњу где ти газда каже. А ако станеш газда вези где очеш.
--- надополнето ---
http://www.southparkstudios.com/ сезона 8 епизода 809, да ви се разјаснат работите, кое и што е тоа зло. А до тогаш фаќајте се за лопата, и вези коњу где ти газда каже. А ако станеш газда вези где очеш.
--- надополнето ---
И ќе одговорам на провокацијата од Тоукатер за избегнување на најдобриот пост што бил на темава. Анабел напиша бајаги редови ок, не чинело угнетувани, ладни сиромаштија класика напад. Само со една единствена реченица последната го пишува тоа што јас цело време го чекам-аргумент. И види како се паѓа на тестот. Алтернатива на капитализмот би било договорно општество во кое можеме да одлучуваме индивидуално и колективно кога ќе биде тоа потребно. Прво реченицата е толку неконкретна како јас да кажам Земјата ќе биде плодна кога ќе дојде пристап на вода до неа. Прво какво е тоа договорно општество-опширно објаснување? Второ кој ќе го договара тоа? Трето што е индивидуално а што колективно одлучување? Четврто кога ќе можеме да одлучуваме индивидуално а кога колективно, дали тоа важи за сите прашања или само за некои специфични теми? Пето до кој степен единката во едно општество има ќе има право на колективни одлуки? Кој ќе ги носи ти одлуки? Сите граѓани или избраници? Кој ќе ги спроведува? Кој ќе ги контролира спроведувачите? И што значи тоа кога ќе биде потребно? Кога ќе фати земјотрес или кога мене ќе ми се присака хамбургер од Седмица? Не може бре така нафрли ја реченицата си завршил работа. Маркс стотици страни напишал да го тоа прашање. Не се остварливи не ги бива тие негови замисли ама ете човкот си седнал и ги разглабал, со порешна позадинска теорија ама битно ги разглабал. Не е просто и едноставно драги мои.Нормално дека парите ќе завршуваат кај едни исти луѓе кога скоро сите извори се од приватна сопственост и сите се натпреваруваат за нив.И јасно е дека баш тие луѓе ќе ни диктираат што и како да правиме затоа што без нивните средства не би преживеале т.е. зависни сме од нив.
Е сега кој сака да работи ќе си работи,кој не,ќе наоѓа причини да седи дома и да џаболебари. Арно ама и на овие што сакаат да работат не им се дадени еднакви можности па нивниот успех практично зависи од тоа колку богатство ВЕЌЕ поседуваат.
Кога имаш многу средства веројатноста тие да се зголемуваат со тек на време е голема,но кога имаш малку можеш само да ги продадеш на овие првите ако воопшто сакаш да опстанеш.Кога твојот личен труд е се што можеш да понудиш во замена за опстанокот тогаш си присилен да ги продаваш деловите на својот живот.
Луѓето денес не работат за тоа што го сакаат,туку работат за тоа што се најмногу платени,ги менуваат соништата за плата,а слободата за материјални добра.И што? Си изгубил драгоцено време од својот живот за да можеш слободно да им мавташ пред нос на луѓето со платените сметки...И нормално е да те фаќаат депресии,затоа што ниту креативната способност,ниту работната сила веќе не се под твоја контрола.Ти останува само да се одмараш после работа,да си ја обновиш енергијата за наредниот ден,знаејќи дека работиш за тоа што ти наредуваат,а не дека ти сакаш.
А има ретки среќни поединци кои се истакнуваат како доказ дека системот делува и дека ако многу макотрпно работиме еден ден и ние ќе бидеме како нив,само нема место за сите...некој мора да ги работи и “валканите“ работи(затоа што не се трудел доволно,нели?).
Добро еве и да успеам некој ден...под мене пак ќе има куп од несреќни секретарки,пропаднати уметници,чистачки на хотели...секогаш било така и така и ќе остане.
Финтата со капитализмот е што тие кои имаат богатство,го имаат затоа што потрошиле многу енергија за да откријат како да го стекнат од други луѓе.Капитализмот ги вреднува луѓето во однос на тоа кој колку има,а не кој колку работи.
За да нема капитализам во општеството треба да престане трката по богатство и тоа рамноправно да се распредели,затоа што работникот во натпреварувачко стопанство не е платен според извршената работа за да не почне да бара подобро платена работа.Тоа е законот на понудата и побарувачката.
Со капитализмот се поттикнува само материјалната продуктивност-што значи добивка по секоја цена.Затоа не добиваме квалитетни производи туку производи кои е лесно да се продадат и кои влечат најмногу профит.Шо знам...Кока Кола како пијалок ич не ми се свиѓа а сепак,според мене се прават најдобрите реклами и се трошат “грдни“ пари за маркетинг.
Најтрагично е што со вакво работно опкружување сите ќе станеме ладни и бесчувствителни едни према други.
Да се “дрзнеш“ пак да го работиш тоа што го сакаш(макар било од областа на музиката,уметноста или некоја социјална работа) треба да се соочиш со несигурен статус.Нема да успееш да створиш профит и влијанието на тоа што го работиш во општеството ќе биде мало.
Во капиталистичкиот систем сите економски закони владеат над човекот на основа на присила:работи или биди гладен,доминирај или биди подреден,натпреварувај се или нека те снема,продавај ги своите саати од животот за голо преживување или пропаѓај во сиромаштија...
Алтернатива на капитализмот би било договорно општество во кое ќе можеме да одлучуваме индивидуално и колективно,кога ќе биде тоа потребно.