како да не ги почитуваш? издадоа јасно и гласно предупредување за конвоите, каде устата таму мечот, едноставно браво,
требаше да ги потопат за памет.
МОСАД чита Кајгана
Новиот брод со хуманитарна помош што патува кон Газа исчезна од радарите.
Ирската невладина организација што го организираше соопшти дека изгубила секаков контакт.
Бродот требаше да ја покаже насоката на идната израелска политика кон Палестинците. Израел беше замолен овој пат да не напаѓа никого на „Рејчел Кори“, на кој пловат само 11 активисти.
По силната меѓународна осуда, се менуваат ставовите во израелскиот парламент - иако министерот за надворешни работи Авигдор Либерман предупреди дека бродот нема да стигне до Газа, премиерот Бенјамин Нетанјаху размислува за ублажување на блокадата.
Претходно и Израел и Египет се понудија да го следат бродот за да пристигне безбедно на дестинацијата. Стравувањето на активистите дека нема да биде растоварен целиот материјал планираат да ги отстранат со инспекција на Обединетите нации.
Во светот полека стивнуваат протестите против израелскиот напад, но пред турската амбасада во Тел Авив Израелците излегоа на протест за поддршка на командосите и правото на Израел на самоодбрана. На слики го претставуваа турскиот премиер Ердоган како пират или Хитлер, а со ерменски знамиња и со пароли „Го помните ли геноцидот врз Ерменците“ ја обвинија Анкара за дволичност.
„Овде сме во поддршка на израелските одбранбени сили и да и кажеме на Турција дека ова е дволично. Ако веќе зборуваме за човечки права, треба да се сетиме на Турците и на Ерменците, а не дволично да го обвинуваме Израел за тоа што се случи“, изјави Ницан, израелски демонстрант.
Со ова сакаа да потсетат дека Израел беше клучен поддржувач на Турција во напорите да спречи меѓународно признавање на масовните убиства на Ерменците како геноцид.
Тројцата македонски државјани кои беа во конвојот за Појасот Газа треба да се вратат во Македонија во текот на утрешниот ден.