Израел ја нападна хуманитарната флотила

  • Креатор на темата nako
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Не е точно дека и едните и другите се криви. Поморска блокада се врши во меѓународни води, сосем легално, концепт кој тебе очигледно не ти е јасен. Насочувањето на бродовите кон Газа е калкулирана провокација и реакцијата е соодветна.

Патем, на истиот конвој не му било дозволено да влезе во пристаништата на Кипар.

Организатор на конвојот е International Humanitarian Fund (IHH), радикална исламска организација со седиште во Саудиска Арабија, воспоставена од извесен Булент Јулдирим во 1992 година.

IHH e тесно поврзана со Муслиманското братство (Muslim Brotherhod) која пак се бори за исламска теократска држава:

http://www.discoverthenetworks.org/groupProfile.asp?grpid=6386


Истовремено, IHH e една од педесетина вакви “фронт’’ организации кои работат на финансирање на Хамас во Газа.

Да се потсетиме дека Хамас е терористичка организација поддржана од Иран чие што политичко крило владее со Газа. Основно начело на Хамас е уништување на државата Израел.
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Со ова израел го изгуби единствениот муслимански сојузник - Турција.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Не е битно кој е во право.Колку право имал Израел да го нападне бродот толку право имале овие да се бранат.Што е интересно токму на истава шема Израелците го создадоа Израел.Иста таква ,,легална,, блокада имаа поставено Британските власти во Палестина,само што тогаш беше илегална т.е така е опишана во Израелската литература.

Она што е битно е дека Израел изгуби уште една битка.И повторно уште еден пораз кој ке ги раздрма темелно,слично како после војната во Либан 2006.Чиста романтика се тврдењата дека Хезболах бил неутрализиран или Хамас уништен.Хамас е терористичка организација,само до кога?Прашање е на време само кога со овакви глупави грешки властите во Израел ке го легализираат во преговарачка страна.Хамас беше илегална организација која се јавуваше само во соопштенија за да денес е на власт во Палестина со огромна поддршка на Израел.Исто како што и Хезболах од организација која конторлираше само дел од Либан стана највлијателно тело во Либан.
 
H

HITCH

Гостин
Со ова Израел го изгуби единствениот муслимански сојузник - Турција.
Сојузници колку ние и педериве :kesa: ај не зезај, какви сојузници се кога секој од секого се пази?! Турција и Израел се пријатели на Македонија, Турција многу повеќе. Јас како Македонка не можам да заборавам дека заради Турција во секој документ во НАТО стои фуснота дека Турција не признава под уставно име. Но во овој случај мислам дека има доста пропусти :toe:
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Добро, зошто уште дискутирате на темава?

Случајов е јасен како ден: исламистичките организации позади конвојот сакаа да ги испровоцираат Израелците. По тоа што се случи и по реакциите кои следеа - и те како успеаја.

Турците имаат најмалку право да се бунат, ако се земат во предвид геноцидот врз Ерменците и нелегалната инвазија на Кипар. А, да, и Курдите. Големите (бивши колонијални) сили не смеат да писнат, со оглед на тоа што сите се на некој начин одговорни за случувањата во тој регион (некои од нив и директно). Ниедна од големите, сериозни држави нема образ да им приговара на Израелците и да ги кара за нешто што и самите го правеле (или сеуште го прават). Затоа сите реакции од нивна страна ќе бидат слаби, и сите предлог-мерки против Израел во ООН ќе бидат блокирани.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Не е битно кој е во право.Колку право имал Израел да го нападне бродот толку право имале овие да се бранат.Што е интересно токму на истава шема Израелците го создадоа Израел.Иста таква ,,легална,, блокада имаа поставено Британските власти во Палестина,само што тогаш беше илегална т.е така е опишана во Израелската литература.
Но баш ти мешаше баби и жаби за територијалните води, како тоа сега не е битно?! Нели тоа ти беше главниот аргумент?

Како што реков претходно, според меѓународното поморско право, ризикот за кршење на блокадата е на тој што ја крши. Зошто тогаш плачки?

Имаме спротивен пример од поранешна Југославија, која во 1991 година прогласили поморска блокада на сите пристаништа на Јадранското Море. Тогаш во различни пристаништа впловуваа бродови пренесувајќи оружје под знамето на други држави но ЈНА не направи ништо за да ги спречи.

Се' е до сериозноста на државата. Израел е сериозна земја.

Истата таа Југославија за време на војната во Алжир праќаше оружје до Алжирското двбижење на отпорот. Франција тогаш прогласи поморска блокада на алжирскиот брег и сите бродови беа подложни на инспекција. Кога француската воена морнарица ги стопираше во МЕЃУНАРОДНИ ВОДИ, на отворено море, заплени два југословенски брода. Доколку посадата на тие бродови се бореше со француските морнари, и тие ќе ги испогинеа.


Она што е битно е дека Израел изгуби уште една битка. И повторно уште еден пораз кој ке ги раздрма темелно,слично како после војната во Либан 2006.
Турција доби голем поен во муслиманскиот свет, каде што се бори за доминантно место. Што се однесува до Израел, внимателно го слушав Нетанјаху. На најавата дека ќе се вратат конвои овој пат со воени бродови, рече -- ве чекаме.

Инаку Јехуд Барак потврди сабајлево дека соработката со Турција продолжува, посебно во доменот на вооружување, така што се што сега се дискутира е за запаленковците да добиваат емотивни напади.

Инаку немаме “Израелци’’ во Македонија, тоа е проблемот кај нас, премногу има бучковци и бранкоцрвенковци.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Но баш ти мешаше баби и жаби за територијалните води, како тоа сега не е битно?! Нели тоа ти беше главниот аргумент
Баби и жаби?Истото би можел да го речам за твоите тврдења а еве и зошто. Меѓународното поморско право важи во состојба на воен конфликт помеѓу две страни.Ако Хамас е терористичка организација а не призната страна тогаш каде е воениот конфликт според кој е применливо ова право?Која е втората страна?Ако е Хамас втората страна тогаш Хамас не е терористичка организација т.е она што го тврдиш си го фрлаш во вода.Тоа е и аргументот заради кој не преговара Израел.Ако прифатиме дека се работи за конфликт на две страни тогаш се отвараат милион нови случаи и кој ниеден не е во корист на Израел.На пример да ја признае власта на Хамас во Газа.Настрана што дури и да прифатиме дека постои конфликт т.е две страни,повторно се прекршени одредби од истото право поврзани со начинот на кој можеа да ги запрат бродовите и употребата на сила.

И тоа е токму проблемот.Ова може да биде опасен преседан и тоа она што многумина сакаат да го избегнат.
Инаку Јехуд Барак потврди сабајлево дека соработката со Турција продолжува, посебно во доменот на вооружување
Нормално дека ке продолжат.Затоа што тој и војската најдобро знаат што значи ако ја изгубат Турција како сојузник.
Инаку немаме “Израелци’’ во Македонија, тоа е проблемот кај нас, премногу има бучковци и бранкоцрвенковци.
Имавме Израелец.Брат Љубе го викаа,и бааги се чукаа во гради во негово име.И тогаш кога се предупредуваше на неговиот егзибиционизам и мачо однесување,рипаа многумина дека така треба само. Во целава акција нема ништо вистинско Израелско.Пак ке кажам вистинскиот Израел немаше да дозволи ниту да испловат бродовите.Сосем погрешен пристап кон темата има секој оној кој мисли дека ова е победа за Израел.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Со ова израел го изгуби единствениот муслимански сојузник - Турција.
А зашто Турциja допусна да биде направена таква провокациja от неjно име?
Както веке рекох во 70-те години на 20 век во турското обштество имаше пропалестински движениja,но Турциja ги смируваше и не ги слушаше,а днес на власт во Турциja у партиja,коjaто е многу повеке е проислjaмска,а не светска и затова се дозволи тази провокациja. Да не зборуваме,дека во тази организациja е имало роднини на хора от државниот врв на Турциja...
Когато Турциja оди ком мусулманството и губи светските си норми е нормално да се отдалечува от Израел и обратното...
Па видете, турската армиja спремаше преврат против владата. Кога армиjaта во Турциja прави преврати? Тогава,когато светскиот характер е загрозен и когато политиците не одат по завета на Ататурк....
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.757
Баби и жаби?Истото би можел да го речам за твоите тврдења а еве и зошто. Меѓународното поморско право важи во состојба на воен конфликт помеѓу две страни.Ако Хамас е терористичка организација а не призната страна тогаш каде е воениот конфликт според кој е применливо ова право?Која е втората страна?Ако е Хамас втората страна тогаш Хамас не е терористичка организација т.е она што го тврдиш си го фрлаш во вода.Тоа е и аргументот заради кој не преговара Израел.Ако прифатиме дека се работи за конфликт на две страни тогаш се отвараат милион нови случаи и кој ниеден не е во корист на Израел.На пример да ја признае власта на Хамас во Газа.Настрана што дури и да прифатиме дека постои конфликт т.е две страни,повторно се прекршени одредби од истото право поврзани со начинот на кој можеа да ги запрат бродовите и употребата на сила.

И тоа е токму проблемот.Ова може да биде опасен преседан и тоа она што многумина сакаат да го избегнат. Токму тоа е она што требаше да го покаже а што не го приметуваш во случајот.Прочитај поназад една страна каде самата Израелска армија признава сериозни пропусти и каде шефот на МОСАД убаво примети кој е проблемот.Реперкусиите тек сега ке ги почуствуваат. Нормално дека ке продолжат.Затоа што тој и војската најдобро знаат што значи ако ја изгубат Турција како сојузник. Имавме Израелец.Брат Љубе го викаа,и бааги се чукаа во гради во негово име.И тогаш кога се предупредуваше на неговиот егзибиционизам и мачо однесување,рипаа многумина дека така треба само. Во целава акција нема ништо вистинско Израелско.Пак ке кажам вистинскиот Израел немаше да дозволи ниту да испловат бродовите.Сосем погрешен пристап кон темата има секој оној кој мисли дека ова е победа за Израел.
Heidrich, јасно е дека сето ова е претходно смислена акција од страна на "хуманитарците" со цел провокација. "Хуманитарци" со врски со Хамас.
Јасно е дека Израел издаде предупредување неколку дена пред да испловат бродовите.
Јасно е дека кога се качија на бродот специјалците беа нападнати.
Што е крив тука Израел? Тоа што нападнал во меѓународни води или тоа што загинаа 19 луѓе?
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
А зашто Турциja допусна да биде направена таква провокациja от неjно име?
А зошто ЕУ дозволи Европарламентарци да учествуваат во ова т.е да се провоцира од името на ЕУ?Ајде живееш во ЕУ,кој е вашиот став како земја членка на ЕУ?

--- надополнето ---

Heidrich, јасно е дека сето ова е претходно смислена акција од страна на "хуманитарците" со цел провокација.
Па ако е јасно зошто тогаш Израел наседна на провокацијата?Земја со такви служби,таква дипломатија и таква армија.Можат да погодат човек со проектил во око,а не можат да онеспособат брод без жртви?Иако добро знаеја како ке се заврши дури и да изгребаа еден. Израел има 12 миљи територијални води и 12 миљи зона во која може да пресретнува бродови.Што можеа да и наштетат група патнички и товарни бродови на 24 миљи од брегот?
"Хуманитарци" со врски со Хамас.
А оние останатите?Или сите имаат врски со Хамас?Можеби и предуслов за хуманитарна организација се врски со Хамас?
Јасно е дека Израел издаде предупредување неколку дена пред да испловат бродовите.
Токму таа блокада е спорната ситуација.И тоа не само сега заради случајов ами од поодамна.Скоро сите земји освен САД вклучително и ОН не се слагаат со истата.
Јасно е дека кога се качија на бродот специјалците беа нападнати.
Знаеш штета голема е што го укина служењето војска.Многу работи ке ви беа појасни.Не ти е јасно тебе дека не можеш кога ке ти текне да пукаш.Одма после нападот Израел тврдеше дека се пукало на нивните војници па после тоа беа шипки и ножеви.Шипки и ножеви има и на демонстрации и судири со навивачи.Па никој не пука на нив.Меѓународното поморско право на кое се повикува Израел,дури и под услов да е применливо а тоа многу дискутабилно,има одредба која вели пропорционална сила.Нам многу добро познат термин.
Што е крив тука Израел? Тоа што нападнал во меѓународни води или тоа што загинаа 19 луѓе?
Што изреагира аматерски и непромислено.И што упорно одбива да слуша она што му се кажува од оние кои се грижат за него.Израел не е семоќен.Да прифатеше досега постоење на Палестинска држава денес за овој инцидент немаше да сноси никаква одговорност.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
А зашто Турциja допусна да биде направена таква провокациja от неjно име?
Както веке рекох во 70-те години на 20 век во турското обштество имаше пропалестински движениja,но Турциja ги смируваше и не ги слушаше,а днес на власт во Турциja у партиja,коjaто е многу повеке е проислjaмска,а не светска и затова се дозволи тази провокациja. Да не зборуваме,дека во тази организациja е имало роднини на хора от државниот врв на Турциja...
Когато Турциja оди ком мусулманството и губи светските си норми е нормално да се отдалечува от Израел и обратното...
Па видете, турската армиja спремаше преврат против владата. Кога армиjaта во Турциja прави преврати? Тогава,когато светскиот характер е загрозен и когато политиците не одат по завета на Ататурк....

More bugar ,sto treskas gluposti,ako sakas da znaes na brodot imase germanci-katolici, imase luge od Grcija,duri i eden pop imase,plus brodot bese podrzan uste od nekolku zemji na svetot, sto treskas gluposti,svetski metski:tapp: A vo edno od 9 zaginati lica,samo 3 bile turci,a 7 lica bile od drugi zemji...
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Toa e drzava,ja bi go potipila cel brod so site na niv "lugje"
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
А зошто ЕУ дозволи Европарламентарци да учествуваат во ова т.е да се провоцира од името на ЕУ?Ајде живееш во ЕУ,кој е вашиот став како земја членка на ЕУ?
Прво,това не е хуманитарна акциja под капата на ЕУ. ЕУ парламентарците не са изпратени от никого,те сами са решили да идат.Уште повеке ЕУ има еврокомисар за вонредни случаи и хуманитарна помошт и таа след инцидента наjaви,дека ке иде да види каква е состоjбата,во наредните денови. Само да припамтиме организациjaта,коjaто организира се е от .... ?
Нашиот став е дека насилство не е приемливо и мора да има изтрага за да се видат виновните.

--- надополнето ---

More bugar ,sto treskas gluposti,ako sakas da znaes na brodot imase germanci-katolici, imase luge od Grcija,duri i eden pop imase,plus brodot bese podrzan uste od nekolku zemji na svetot, sto treskas gluposti,svetski metski:tapp: A vo edno od 9 zaginati lica,samo 3 bile turci,a 7 lica bile od drugi zemji...
Турчин,ние зборувам за совсем друго... свакjaш? Не може Турциja да носи 2 книги под една мишница... Или со Иран или со Израел...


Според хора от бродовете-ако си седел мирно и си се подчинjaвал е немало никакав проблем .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom