Социјалистичко Уредување

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека Македонија треба да има Социјалистичко Уредување? (ЈАВНА АНКЕТА)


  • Вкупно гласачи
    72
Баш така Чоузен :)
и одамна му велам на Атеист ..
Социјализмот е робовладетелство и диктатура .. елитата владее ..

Затоа сега кај нас владее друга "елита"


:pos2:
 
Секое уредување само за себе е уредување кое уредува нечии правила на однесување. Социјалистичкото, онака како што ги зацртуваше, беа надвор од способноста на оние што ги уредуваше, да го разберат. Од друга страна пак, уредувачите едно уредуваа, а друго правеа. Се на се една рашамонијада, која остави длабоки последици кои и денеска не спречуваат да „прешалтаме“ во ова ново- старо капиталистичко уредување. Социјализам ?!...не, благодарам! Подобро ми е поединечното е*ење, отколку колективната распаљотка...така барем нема да мора сите да ме слушнат кога ќе викам: За когааа! За партију! За когааа За Титааа! За когааа! За отаџбунууу!
 
Интересно.

Сметам дека би требало да дојдеме приближно до коренот на наведените системи или ај уредувања.

Само би напоменал едно-ПАЗАРНАТА ЕКОНОМИЈА УМРЕ СО МЕШАЊЕТО на ДРЖАВАТА.
Ова значи дека ни оддалеку ја немаме т.н совршена конкуренција односно не е сега времето на Смит.

Сега имаме неколку претпоставки за конкретниве системи.

Капитализам.

1.Индивидуите се водени од егото и мотивот за профит.
4.Имаме поделба на класи.(бидејќи велат системот е природен-јас не верувам да е природно 10% од населението да располага со еве хипотетички 80% од ресурсите).
2.Индивидуите се подобар алокатор на средствата отколку државата.
3. според ова растењето на богатството на индивидуите значи и побогата држава,па во капиталистичко уредување се смета дека Државата е поефикасна во алокацијата на ресурси...за разлика од Државата во Комунизам.(ама Грција,Шпанија,Португалија...ефикасност ЧУДО)Но од друга страна ако ја видиме данска,Норвешка,свенска(гејланд ахах))холандија(ганџа хевн) сепак доаѓаме до заклучок дека и не можеме да ги упростиме до толку системиве т.е ПОЛИТИКАТА има влијание врз економијата на пример,бариерите и.т.н но едно да е јасно СВЕСТА е клучна и кај двата системи.

Ова се упростено претпоставките на капитализмот но според 1..и според 2..посебно болдот НЕ ИСКЛУЧУВА на алокација како подмитување,корупција,шверц,....па така и уште поголем профит.Меѓу другото и т.н даночна евазија што е доста интересна... имаме Данок на добивка и над 30% па и 40%...и ќерата луѓево не го избегнуваат(замислете од 10000 евра профит 3500 на државата-помножете по 1000000:)кај некои држави и 10% е многууу:vozbud: )
Но кога го гледаме оданочувањето и малата инвазија ЈАСНО НИ Е зошто и ЈАВНИОТ сектор е здрав,зошто имаат инфраструктура,патишта и државни служби кои си ја вршат работата.

И би напоменал на капитализмот ИМАНЕНТНА особина му се КРИЗИТЕ значи капиталистички систем без КРИЗИ НЕМА и НЕ ПОСТОИ.Некои ја обвинуваат државата,други системот..ама повеќе ќе да е системот-Државата ги спаси де...Г-инот Кејнз:)

Понатаму интересно е како ЕГОИЗМОТ се свртува против Капитализмот т.е неговата потпора или во превод профитниот мотив оди и до екстреми...баш затоа Г-от Шумпетер вели капитализмот ќе пропадне од неекономски фактори т.е од неговите НУСПОЈАВИ(корупција,мито..местенки бла бла...)

Комунизмот...

1.Во комунистичко општество нема класи т.е сите се еднакви.
2.нема класи нема ниту кризи оттука нема ВОЈНИ т.е Војните согласно комунистите се ништо друго туку...резултат на КРИЗИТЕ на капиталистичките држави,па затоа баш во Кризи јавноста се дистанцира од реалниот проблем намерно кон омраза,национализам и ВОЈНИ.(што и во пракса се докажа..не им е тешко на премиерите на владите да потпишат војна..видовме:)додека во комунизмот немаше ако кина и вијетнам не ги рачунаме).
3.Соласно принципот на еднаквоста нема мито,корупција сите работат и ТРУДОТ им се цени и плаќа соодветно бидејќи работниците односно ЧОВЕКОТ ја создава вредноста на доброто(кај капитализмо е сведен на ФАКТОР на производство т.е платата е трошок на производство исто како и машините и материјалите)

Сега како прво би напоменал дека има разлика помеѓу КОМУНИЗАМ т.е СССР Тип како и СОЦИЈАЛИЗАМ т.е екс Југославија каде имаше и пазарни елементи и немаше ТОТАЛНО договорна Економија(како СССР...имало случаи на пекара за цел град по наредба треба да произведе 150 000 парчиња леб,арно ама администрацијата згрешила една нула а тоа е цела КУЛА:) па градот имал само 15 000 парчиња леб).

Значи СФРЈ не ни беше комунистичка...напротив како што и знаете,не беше по хартија т.е Тито ДОЗВОЛИ промени на системот како истиот би се подобрил,еволуирал..за разлика од сталинистичкиот Комунизам).

Јас сметам дека во Шедска има повеќе СОЦИЈАЛИЗАМ отколку што имало во СССР па и останатите земји.А како шведска имаме низа од држави каде имаме огромно оданочување и НАЈМАЛ ИНДЕКС на КОРУПЦИЈА и МИТО.

(И да напоменам...доста важни се ПОЛИТИЧКИТЕ случувања и нивното влијание врз економиите во светот...додека беше биполарен)
Кај нас за жал работата е КАТАТРОФАЛНО ФЕНОМЕНАЛНА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Бидејќи кај нас ЗА ЖАЛ од капитализмот се што добивме се неговите НУСпојави како и покрај пазарен неуспех имаме Пирамидално огромен ДРЖАВЕН НЕУСПЕХ кога е во прашање алокацијата на средствата...па и не сум далеку од вистината ако кажам дека имаме ДОГОВОРНА ЕКОНОМИЈА со мали исклучоци...РАСТ-0

Ако нашата економија во 90-91 беше на ниво 100...денеска е на 75 и НЕМА МРДНАТО...ЗОШТО???(имавме и лево и десно ориентирани на власт)

Значи ние имаме производствени капацитети оставени на времето кои се само трошок...а и нивно евентуално реактивирање е тешко(ЕНЕРГИЈА..СУДСТВО...Корупција-нуспојава де).
Бидејќи гласав неутрално сметам дека треба да се изјаснам така ил не..ај

Јасм имам две опции од кои едната ја преферирам-АНАРХИЈА бидејќи сметам дека овде се ЧОВЕЧКИТЕ ОДНОСИ.Ама многупати сум приметил..ти човек се правиш а те прават БУДАЛА..и ова многу пати најчесто кога поправам компјутер ил семинарска..ма сеедно) на некој пријател ил на крајот комшија ми нуди пари..ма му вика м неќам ете..и ќе те тераа да ги земеш па на крајот ќе ти рече ГЛУП ЛИ СИ..ајј ма пивото и кафето+муабет нели се доволни:))

А втората(резервна:)) е Милитаризам Т.Е свесен сум дека Анархијата има мали шанси баш поради егото..поради религиите,поради учењето на децата од мали да бидат ко тато.

Милитаризмот го засновам со следново-па нема држава(исклучете ги екс комунистичките) која е развиена а без притоа да има и развиен воено индустриски комплекс каде горе-долу 70% од фирмите(BMW,Mercedes,BOSH Rolls-Royce,IBM,Intel Microsoft,Chrysler,GM шведскиот SAAB...и низа помали кои се поврзани со производство на посебни енергетски системи,електроника,сервис,делови) кои ги знаеме како цивилни...не се,значи конкретно Армијата или дефанзиво-офанзивната способност на државата дава Економска ГАРАНЦИЈА за економијата и просперитетот но воедно и е најважено било кој аспект е основа на Нацијата и нејзино Јадро значи имаме влада имаме се..нормална капиталистичка СОЦИЈАЛНА држава(Шведска модел...ама СВЕСТААА:tapp::tapp:) но не треба да се негира влијанието на Воената моќ на државата врз економијата понатаму на меѓународната политичка сцена каде како што гледаме колку појака Економија и Армија толку истата држава договорите успева да ги среди на начин да и одговараат и секако и влијанието и врз соседите.

Сега два екстрема се ама:toe:

Налет еве една добра...

 
Социјализмот како систем се покажа неодржлив на пракса минатиот век. Не за џабе се водеа револуции. На долга стаза е самоуништувачки за една земја да се води според социјализам. Затоа, не.
 
Социјализмот како систем се покажа неодржлив на пракса минатиот век. Не за џабе се водеа револуции. На долга стаза е самоуништувачки за една земја да се води според социјализам. Затоа, не.
Во некоја форма социјализмот постои денес во Шведска. Како што знам Шведска не е пред праг на самоуништување
 
Јас би рекол дека е навистина подбар систем од ова што го имаме денеска. Многу луѓе го криват социјализмот заради "елитата". Но кажете ми, денеска ја нема ли таа елита? Таа елита денеска е навистина поголема... т.е огромна! Јас би рекол дека секогаш ќе има дискриминација и злоупотреба, но јас сум за социјализмот и комунистичката идеологија. И да, без приватизација ;).
 
Во некоја форма социјализмот постои денес во Шведска. Како што знам Шведска не е пред праг на самоуништување

Во Шведска на народот не му пречи да дели и да знае дека благосостојбата на комшијата и него позитивно ќе му се одрази, не е чурук ко нашиот и повеќето низ светов.
Си имаат колективна свест, од ладното си се гушкаат со векови и се формирала покохерентна национална припадност.
Само во затворени заедници со силна националистичка свест може таков систем да функционира.
Одкога ќе се формира нацијата, после е либерте.

Јас би рекол дека е навистина подбар систем од ова што го имаме денеска. Многу луѓе го криват социјализмот заради "елитата". Но кажете ми, денеска ја нема ли таа елита? Таа елита денеска е навистина поголема... т.е огромна! Јас би рекол дека секогаш ќе има дискриминација и злоупотреба, но јас сум за социјализмот и комунистичката идеологија. И да, без приватизација ;).

Нема да биде подобро, адаптирај се на условите ако сакаш да имаш иднина.
 
Бидејќи немам време за подетални објаснувања на мојот став, ќе бидам малку воопштен. Капитализмот си има свои добри страни но и недостатоци и фалинки, кои задираат главно во сферата на хуманоста. Со оглед на тоа што различни земји се во различен стадиум на капиталистички односи, тешко може да се даде генерална оценка на вредностите на капитализмот. Сепак најосновно е почитувањето на индивидуалната сопственост, на приватноста и можноста секој да напредува во рамките на неговите способности (последново мора да се прифати со резерва). Најлошото во капитализмот е издигнувањето на профитот над сите вредности, што претставува макијавелизам од најдолен вид.
Што се однесува до социјализмот... На мислење сум дека е рано за таков вид општествено уредување и дека, во вистинска смисла на зборот досега немало социјализам. Бившиот СССР, СФРЈ, Кина и др. беа наречени социјалистички држави и промовираа државен поредок кој беше наречен социјализам, но реално, беше многу далеку од таков тип општествено уредување.
Ниту Русија, која пред револуциите беше заостаната и сиромашна евроазиска држава, со полуфеудално уредување, ниту Кина, која имала и поголеми проблеми, ниту СФРЈ во која имаше низа противречности кои кулминираа во 80-тите и 90-тите (и останатите социјалистички/комунистички држави страдаа од свои, посебни болки) не беа дораснати за таков систем, кој насекаде прерасна во поголем или помал државен терор и контрола врз населението од ограничен број луѓе,кои не секогаш знаеа што прават и каде одат.
Убеден сум дека новото социјалистичко општество, кое ќе го замени капитализмот, нема да започне во Венецуела или Северна Кореја, туку во оние богати, развиени држави, со помал број население и стабилна економија (скандинавските земји, Канада, Австралија, Швајцарија и сл.), каде што веќе и има знаци за некаков општествено - економски систем кој се разликува од класичниот капитализам (ако не се лажам беше нарекуван социјален либерализам) и кој е предвесник на социјализмот. На крајот, да се разбереме подобро, не станува збор за промени во политиката (и натаму ќе има повеќе партиски системи, левица, десница, уставни монархии и сл,) туку промените ќе бидат во економските односи(даночната политика), во кои човекот ќе има еден човечки третман, независно од тоа дали е милионер или обичен смртник. Никаква диктатура на пролетаријатот или национализација, никаков ЦК на било што и контролирање на било кого. Не верувам дека ќе доживеам нешто вакво (можеби е и некаква бесмислена утопија), но верувам дека еден малку подалечен ден ќе се случи нешто слично.
 
Smart Ass, во 90% од работите се согласувам со тебе... Само две работи:
1. Рече некаде дека сите ќе бидеме еднакви... Пошто сето тоа е релативна работа и секогаш може да се злоупотреби таа „еднаквост“, всушност најдобро се дефинира дека сите ќе бидеме материјално еднакви и би имале сите еднаков старт па после јебеш, ако сам се избориш за својата иднина повеќе од некој друг нормално дека повеќе ќе те почитуваат, и со тоа нема да бидете еднакви. Само разликата е што таа нееднаквост се базирала на твојот труд и била насочена кон вистински вредности, а не профит (морални, почит и труд). Меѓу другото, самите ние, како алтруистички и социјални суштества во таквото општество нема да дозволиме трудот на оние кои не се како луѓе доволно воинствени и што се можеби срамежливи да не биде заборавен и оставен на дното.
2. „поради религиите,поради учењето на децата од мали да бидат ко тато.“
- Јас мислам дека во Анархо - комунизмот треба да се остават семејствата и наследството пошто тие се основата на материјалната, а адекватно на тоа и општата неправда.
Во некоја форма социјализмот постои денес во Шведска.
„Во некоја форма“ и вистинскиот социјализам не се иста работа. Малку низ времето е сменето значењето на зборот социјализам. Јас како таков не го разбирам како стадиум пред комунизмот туку како секој вид на социјална идеја (Како што да речеме панкот опфаќа стрит панк, панк рок, анархо панк, Oi! панк, ска панк, поп панк и слично... Или рокот: Рок ен рол, софт рок, хард рок и слично). Во социјализмот спаѓаат сите колективизми, синдикализми комунизми и слични идеји на воспоставување на хумано и социјално општество. Ако на тоа му закачиш анархо ќе добиеш најхумана и најправедна верзија на општество во која едноставно човекот си е свој лидер и не дозволува да биде командан од некој потенцијален кондом кој може и не знае ништо во врска со тоа што тој човек го работи.
Меѓу другото:

Социјализмот како систем се покажа неодржлив на пракса минатиот век. Не за џабе се водеа револуции. На долга стаза е самоуништувачки за една земја да се води според социјализам. Затоа, не.
Како што знам Шведска не е пред праг на самоуништување

- Грција е на прагот на самоуништување. Доста капиталистичка земја!
- Втората светска криза (како и првата) и сите војни и болести се појавуваат во (или од страна на) Америка. НАЈкапиталистичка земја во светот!!!
 
Јас велам ако не, баталете социјализам, да се обидеме со комунизам :D

Социјализмот е робовладетелство и диктатура .. елитата владее .. обичниот народ работи за неа и за него колку ќе му се даде толку ..

Збориш имплементација или по дефиниција? Имаме драстична разлика меѓу двете.

атеист барај ја вината кај секој индивидуалец посебно, не го обвинувај системот, системот е само рефлексија на колективниот светоглед.

Сите системи се создадени од луѓе. Не бегај од проблемот.

Капитализмот му дава на човекот слобода, слобода и избор.

атеист you are delusional.

I smell Irony.

political-pictures-vladimir-putin-irony.jpg
 
.ЗОШТО НИЕ ГО УКИНАВМЕ СОЦИЈАЛИЗМОТ,КОГА МОЖЕВМЕ ДА ПОСТАНЕМЕ БЕЛОРУСИЈА! Белорусија успеа да се одржи социјализмот,во малку изменета варијанта,БЕЗ НИКАКВА ПОМОШ ОД ЗАПАДОТ,што значи социјализмот не е утопија.
 
.ЗОШТО НИЕ ГО УКИНАВМЕ СОЦИЈАЛИЗМОТ,КОГА МОЖЕВМЕ ДА ПОСТАНЕМЕ БЕЛОРУСИЈА! Белорусија успеа да се одржи социјализмот,во малку изменета варијанта,БЕЗ НИКАКВА ПОМОШ ОД ЗАПАДОТ,што значи социјализмот не е утопија.

А СО СЕКАКВА ПОМОШ ОД ИСТОК
 
.ЗОШТО НИЕ ГО УКИНАВМЕ СОЦИЈАЛИЗМОТ,КОГА МОЖЕВМЕ ДА ПОСТАНЕМЕ БЕЛОРУСИЈА! Белорусија успеа да се одржи социјализмот,во малку изменета варијанта,БЕЗ НИКАКВА ПОМОШ ОД ЗАПАДОТ,што значи социјализмот не е утопија.

Смирено:)

Се што се случи се случи....крвотници,босна,распадот на варшавски беше неизбежен.

Братство единство????

Во шведска бе има повеќе социјализам...во данска исто,во финска Исто....а се Капиталистички-по дефиниција.
 
Смирено:)

Се што се случи се случи....крвотници,босна,распадот на варшавски беше неизбежен.

Се шпекулира дека Ватикан има одиграно улога во растурањето на социјализмот во Источноевропските земји, односно нејзиниот Папа Јован Павле II, кој беше доведен на власт од страна на Кенедиевците, кој уште не можеа да се смират што беше незавршена улогата на Џон Кенеди во рушењето на комунизмот во светот, како Џон Кенеди го убија на 22 Ноември 1964 година.
Папата Јован Павле II дојде на папскиот престол во 1978 година и веднаш се нафати со рушење на Социјализмот во Источноевропските земји.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom