Социјалистичко Уредување

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување

Дали мислите дека Македонија треба да има Социјалистичко Уредување? (ЈАВНА АНКЕТА)


  • Вкупно гласачи
    72

Nemorosus

Маршал Изет Фазлиновић
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.598
Поени од реакции
628
Локација
Југославија
Дали мислите дека Македонија треба да има социјалистичко уредување?

Наведете во постот зошто мислите дека треба / не треба. Јас за ова ќе останам неутрален бидејќи ме интересираат вашите мислења :)
 
Самоуправување во СФРЈ од 1950 до 1990

тогаш имаше работи кој беа СВЕТИ - СВЕТОСТ во тоа општество

А СВЕТИ РАБОТИ- СВЕТОСТ БЕШЕ :

1 ) светоста на домот= светост на приватна сопственост на домот
НИКОЈ не смееше да ти одземе дом под никакви услови а бидејќи хипотеки и коцкање ( специјални државни одбјекти за странци )беа збранети така НИКОЈ не смееше да ти влезе дома а нели пада се дрзне да дојде да ти негира декае твое или да пљачка (можеше да го утепаш на лице место и да не одговараш)

сега тоа нее светост

2) светоста на семејството
обавезно од работна организација добиваше стан , и друга помош неопходна за семејството да живее пристојно
дури и одмор секоја година оти секоја работна организација имаше свој одморалишта
Никој не смеел ниту да пмисли да ти влезе дома да ти пљачка асо тоа да ти го загрозува семејството.

Сега тоа смислено прво го прави капиталистичката држава врши упад во домовите на луѓето ги пљачка и тероризира

Во капитализмот ниту семејството нее света работа

3) уцена за биолошки опстанок СВЕТОСТА НА ЖИВОТОТ - достоинството на Личноста
Во социјализмот болошкиот опстанок што значи дом , јадење , пиење , здравство , школство се подразбираа оти беа СВЕТИ РАБОТИ за кој не се преговара

Во капитализмот ниту тоа нее света работа

заклучок :

Во капитализмот се е прадмет на купопродажба и непостои ниту една работа која е света работа -вредна за борба жртви ,

капитализмот е криминално животинско општество= антицивилизација кое одговара само за криминалци дегенерици , белосветски пробисвети и пропалици НИ НЕ И ЗА ЧЕСНИ И НОРМАЛНИ ЛУЃЕ .

.
.
 
атеист you are delusional.

Да го осудиш капитализмот за моралниот распад на системот е исто како да ги обвиниш воениот арсенал за војните.

Капитализмот му дава на човекот слобода, слобода и избор.

Човекот како битие со слободна волја во 99,99% од случаевите ја злоупотребува слободата.
Најголемиот разврат и неморал се случувал во општества кои го достигнале својот зенит Содома,Гомора,Вавилон итд..

Во минатите векови во кралските/лордовските замоци се организирале најголемите пијанки,оргии ever recorded(Eyes wide shut сцени).
Додека "аристократите" блудствувале рајата изнаоѓала начин како да сврзе крај со крај.


Не за џабе рекле- "Дај му на човек власт(пари,слобода) и ќе го видиш каков е ".
Капитализмот му ги "отвора" на човекот очите, му дава шанса да гризне од забранетото јаболко, да биде "бог".

Социјализмот,религијата,патријахатот ги потиснуваa тие нагони но попусто човечките пориви колку и да се забрануваат колку и да се цензурираат еден ден ќе излезат на површина.


атеист барај ја вината кај секој индивидуалец посебно, не го обвинувај системот, системот е само рефлексија на колективниот светоглед.
 
Баш така Чоузен :)
и одамна му велам на Атеист ..
Социјализмот е робовладетелство и диктатура .. елитата владее .. обичниот народ работи за неа и за него колку ќе му се даде толку .. секој има исто ама никој неможе да се качи по скалата нагоре ..
во Капитализмот секој кој е способен може да се докаже ... (немој сега ама видете Македонија ова она ... далеку сме ние од капитализам)
ова онака грубо преставено ...

и на крај ... Човекот е оној кој го уништува системот и злоупотребува ... а не обратно ... се зависи од кој го контролира системот ... Човек (во права смисла на зборот) или Расипан Човек (материјалист, егоист, манипулант итн без чувства за оние подоле на скалата од него)
 
И двете би биле добри кога биле по учебник.Некој горе спомна во капитализмот се давало слобода на мислење,протест итнт но која слобода ја иаме ние во Македонија кога еден штрајк не помина од критиките дека е организиран од опозицијата. А во социјализмот знаеме...накодошиго другар ти и биди директор...
 
1.Капитализам - општество без вредности...
2.Во денешно време се се врши преку мама/тато..1% од населението ќе си има кеш цел живот и нема да мрдне со прст..а другите 99% ќе трчат цел живот и нема да можат да си дозволат еден минимален годишен одмор...ѓ
3. Во капитализамот надојоа разни пороци како коцкање,дрога,алкохолизам,мафија...колку што знам, во социјализмот ваквите работи ги немало...
 
Kapitalizmot im dava sloboda da ti VLEZAT.
Очигледно дека развојот на општествената свест одредува и во какво општество ќе живеат единките.Знаете дека некои робови не сакале да го менуваат системот во Америка?.
Значи треба ДА СЕ ИМА СВЕСТ.Без тоа ебати и демократија и рамноправност.Ако се проучи Библијата ќе се види дека учењето за денес наречена СОЦИЈАЛНА ПРАВДА потекнува уште од времето на библијата, а капитализмот со својата потрошувачка матрица како основа за се поголем профит го искривоколчи она што значи човечка доблест, човечност, морал, етика,социјализираност на единката, солидарноста, алтруизмот....
Егоизмот како движечка сила на капитализмот има нешто позитивно освен нагонот по пари, пари ,пари ,,,...алчност и само алчност....а крајот се знае-два на два....
Ќе дојде но нема да бидеме живи за да го видиме, или ќе нема живи ( или нормални) луѓе дотогаш.

--- надополнето ---

:vozbud::ija::ija::ija::ija::zlo:
атеист you are delusional.

Да го осудиш капитализмот за моралниот распад на системот е исто како да ги обвиниш воениот арсенал за војните.

Капитализмот му дава на човекот слобода, слобода и избор.

Човекот како битие со слободна волја во 99,99% од случаевите ја злоупотребува слободата.
Најголемиот разврат и неморал се случувал во општества кои го достигнале својот зенит Содома,Гомора,Вавилон итд..

Во минатите векови во кралските/лордовските замоци се организирале најголемите пијанки,оргии ever recorded(Eyes wide shut сцени).
Додека "аристократите" блудствувале рајата изнаоѓала начин како да сврзе крај со крај.


Не за џабе рекле- "Дај му на човек власт(пари,слобода) и ќе го видиш каков е ".
Капитализмот му ги "отвора" на човекот очите, му дава шанса да гризне од забранетото јаболко, да биде "бог".

Социјализмот,религијата,патријахатот ги потиснуваa тие нагони но попусто човечките пориви колку и да се забрануваат колку и да се цензурираат еден ден ќе излезат на површина.


атеист барај ја вината кај секој индивидуалец посебно, не го обвинувај системот, системот е само рефлексија на колективниот светоглед.
Дали на овие простори ДОСЕГА имало повеќе вовлекувачи и ВЛАСТИТУТКИ ОД ДЕНЕС.
Дали е тоа право на избор, ако не се вовлекувач нема работа за тебе или некој од семејството, а за вовлекувачите посебен третман?
Бати таквата слобода на избор- вовлекувач,полтрон,опортунист,партиски војник,лигуш ......услови за слобода и напредок?????????
Леле мамооооооо слободава ме загушииииииииии.
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Сакаш да кажеш Егоизам во Социјализам немаше? .. материјализам немаше? или тоа го имаа за привилегија само оние најгоре во хиерархијата (со нивното потесно семејство) па не се важи а?
 
За уредувањето додека Стариот беше на власт може да прочитате тука -Титови Хаваи.
Освен еден не толку долг период, се друго беше стискавац за народите во т.н. социјалистичко уредување.
Значи ако е какво што беше...не, фала. Исто би било као и досега, со протекции, врски и големи разлики.

И претходно и сега, свеста не ни е на многу високо ниво (воопшто и за другите држави) за да имаме социјалистичко уредување.
 
Сакаш да кажеш Егоизам во Социјализам немаше? .. материјализам немаше? или тоа го имаа за привилегија само оние најгоре во хиерархијата (со нивното потесно семејство) па не се важи а?

Друже друго ми беше поентата... имало материјално настроени луѓе,тааман работа.. Ама сега класните разлики се далеееку повеќе изразени од тогаш.
Секое општество е предводено од моралот,вредностите,традицијата и тн. А кај нас има ли морал и вредности???
Друга работа, тогаш имало дисциплина,имало етика, култура...сега не гледам нешто такво.
Секако, и капитализмот има свои позитивни страни. Да не беше тој, сигурно дека не би слушнал за американските метал бендови.Друго, слобода на изразување,слобода на движење... Ама основната "институција"(полицијата) во голема мера не ни ги дозволува овие права.
Мислите дека сега сите сме слободни? погледнете наоколу... станавме полициска држава!!!
 
сакаш да кажеш дека Македонија можеме да ја земеме за репрезент на капиталистичко општество ?
затоа и погоре реков .. пред некој пост

Социјализмот е робовладетелство и диктатура .. елитата владее .. обичниот народ работи за неа и за него колку ќе му се даде толку .. секој има исто ама никој неможе да се качи по скалата нагоре ..
во Капитализмот секој кој е способен може да се докаже ... (немој сега ама видете Македонија ова она ... далеку сме ние од капитализам)

и никаде нема да најдеш добар пример ... затоа шо едно е теорија .. напишана под претпоставка на Идеални водачи на Системот ... друга е реалноста каде Егото е пред се и материјалните придобивки ...

и не ... не викам дека Капитализмот е нешто најдобро .. но од Социјализмот е и те како подобар систем ... а сум во очекување на нов општествен систем :)
 
За социјализмот има истакнато една дефиниција еден социолог од Германија(не му го памтам името)-Социјализмот е феудализам со друг тип на пропагирање на населението...
Ако земеме во предвид за тоа колку сме придобиле од социјализмот ке кажам ништо,денес системот ни пати од тој социјализам,навикнати сме на неработење на работно место,аристократија ни е тотално збришена(што се еден вид најдобри претставници на нацијата и државата воопшто),селата опустошени,едноставно природниот тек на креирање на едно општество ни е уништен.
 
Сакаш да кажеш Егоизам во Социјализам немаше? .. материјализам немаше? или тоа го имаа за привилегија само оние најгоре во хиерархијата (со нивното потесно семејство) па не се важи а?

Во социјализмот како и секаде има егоисти,но основата на системот не е поставена на потрошувачкото општество и егоизмот и алчноста како двигатели на општеството.Инаку егоизмот потекнува од единката и е негова карактерна особина.Општествената свест само може до некаде да влијае.Во Америка за да се стаса соседот во материјалните добра се работи на две работни места.?Катастрофа.За да се купи непотребното???
 
„Социјализмот“, или „комунизмот“, комуњари, социјалисти и колективисти... Како и да ги нарекуваа тие луѓе (а богами и се нарекувале самите себе) се еден голем СРАМ за тие имиња... Во Југославија не било толку тоталитарно и очигледно како во СССР да речеме, ама сепак тоа не е СОЦИЈАЛИСТИЧКА идеологија! Во тој поглед тој „социјализам“ е дури полош и од денешниов капитализам бидејќи сега до некаде барем можеш да кажеш што си и во што веруваш, иако сепак ја немаш целата слобода да го сториш тоа. Не може да постои комунизам без анархизам, и обратно, не може да постои анархизам без комунизам, тоа моето мислење... Онаа заебанција од општество само тера на смеење... Или на плачење? Не ми е баш океј да се смеам за толкавото крвопролевање, убиства, силувања и слично во името на комунизмот и „подоброто утре“!

Многу просто кажано... Тито: јас ќе ти бидам другар, ама другар до пола... Ќе ти биде убав животот само ако правиш тоа што јас сум го замислил (Колку и да бил во право во некои работи, тоа не е слобода).

Капитализмот му дава на човекот слобода, слобода и избор.

Човекот како битие со слободна волја во 99,99% од случаевите ја злоупотребува слободата.


атеист барај ја вината кај секој индивидуалец посебно, не го обвинувај системот, системот е само рефлексија на колективниот светоглед.

Како бе слобода другар? Која е таа слобода кога немаш еднакви права? Која е таа слобода кога во вакво општество си со прст осуден ако си различен. Секаде на свој начин... Дали е во ептен капиталистичка земја како Америка, некоја полабава земја како Холандија, или некоја „транзиција“ кај нас. Која слобода ја има детето од етиопија, или физички и менталните хендикепи??? Ако си панкер, хард корец, атеист, агностицист, филозоф, секташ, анархист, или пак хомосексуалец си по дифолт гледан како забеган
и осуден од општеството... Во секое општество на свој начин и во одреден интензитет. Не постои слобода сè додека сите немаме под еднакви стартни права и сè додека луѓето не престанат да им навлегуваат на другите луѓе во нивниот начин на живот.

Во другите две констатации те поддржувам во максималност. Луѓето како такви забораваат што се и кои се. Забаталуваат сите предности што ги имаат наспроти еве да речеме претходниот век и почнуваат да лежачат и да губат воља за борба. Имаш право не е системот крив.. Ние сме! Затоа треба да го бутнеме системот!
Маркус Тулиус: Колку повеќе закони, толку помалку правда!

И двете би биле добри кога биле по учебник.Некој горе спомна во капитализмот се давало слобода на мислење,протест итнт но која слобода ја иаме ние во Македонија кога еден штрајк не помина од критиките дека е организиран од опозицијата. А во социјализмот знаеме...накодошиго другар ти и биди директор...

Свесни сме дека не постои нешто такво како „во учебник“ и „во пракса“... Постои само резултат... Не може праксата да згреши! Праксата резултира со тоа што се воспоставило. Ако во пракса се прават грешки, или се остава простор за грешки тоа значи дека во учебникот, уште во самиот старт, лежи грешката. Луѓето секогаш ќе бидат луѓе, тоа е неспорно и неизбежно.

Точно е тоа со штрајковите и мислењето, каква е таа правда и слобода кога те набедуваат на нешто со кое немаш благе везе, дури во случаи и кога си против тоа на што те набедуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom