Има ли лек.....
--- надополнето ---
Фикрет ке му каже на Шукри дека го сака, ама нивната љубов не ја дозволуваат нивните родители. Плус тоа брат му близнак на Шукри ја шмекал на Фикрет сестра му од Холандија (што била Масон), и тоа и двајцата имале мустаќи. (турски)
Џевриде ке му каже на Шукри да го побара син му што го оставил во Америка кога бил на печалба, ама овој нема да биде сигурен дали он му е татко и нема да сака да оди да го бара. Џевриде ке плаче поради ова во наредните 3-4 епизоди во интервали од по 5-10 минути.
За подетално да гледате сите како плаче Џевриде ке има специјална додатна епизода, и ке ја даваат специјално неа како плаче 30 минути без престан. На крајот е нај добриот дел, Џевриде зема пиштол и си ја разнесува главата, по што започнуваат да плачат Шукри и Фикрет, а кон нивниот плач ке им се придружат злобната слугинка на Фикрет - Шушкендил, и нејзината ќерка Бујурзун.
Во наредните две епизоди следува погребот на Џевриде, каде што сите ке плачат околу 40 минути, а Бујурзун бидејќи е заљубена во Шукри ке му се удвара на сред погреб што на мајката на Шукри - Курташак, нема да и се допадне и ке и нареди да ја напушти државата со рускиот танкер што таа вечер, тајно ке пренесува дрога за братот близнак на Шукри - Чоџукдер.
Бујурзун силно ке заплаче бидејќи нема да и се допадне тоа што нејзината неизмерна љубов кон Шукри е попречена од злобната Курташак.
Следете не и во наредната епизода.