^ Поубаво ке ти беше да кажеше да се игнорираат оние кои тролаат за антифудбал или даваат прогнози, овој ке се брани, вака треба да биде баш ради тоа и слично, него она што го постираше.
Јебига, нема друг начин да им се реплицира на тие '' експерти '' за фудбал ...
Што се однесуе за Интер, бар до сега Се е во најдобар ред, единствено нешто што го дестабилизира тимот во моментов се шпекулациите кои го поврзуваат Мур со Реал, мада денес и тоа беше демантирано од официјалниот сајт на Интер, со соопштение до тимот и од Мурињо.
Снајди има ситна повреда али најверојатно ке биде способен за мечот со Сиена, што значи во тој сегмент тимот нема никакви проблеми.
За Рибери, дури и да му ја намалат казната, не верувам дека 2 меча ке му кратат, ова од искуството што сум го видел со вакви стартови, нема врска што не бил намерен, сепак, директен црвен си е директен црвен, и под дифолт се паузира 2 утакмици, освен ако судијата не направил кардинална грешка со покажувањето на истиот, али пак ке кажам, за таков старт, без разлика што немал никаква намера, реално, 2 меча казна се доволни.
Според мене огромен превид ке биде направен ако му се допушти да игра, уште од сега ви кажувам дека доколку се деси истото очекувајте стандард реакција од Мурињо.