Група Ц (Англија, САД, Алжир, Словенија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Хаха.
Не ми кажувај само мене какво е стањето тука.Повеќе се имале радувано зашто Хрватска не отишла,отколку они што се пласираа.
Тоа ти е исто,Македонија да се пласира,а Грција не и ќе дојде некој од страна ќе ни каже,дека повеќе се радуваме што Грција не е на СП.Смешно.
Kaко и да е, искуството е кисело .... многу, многу кисело. Немам ништо со хрватите, после испадот на Билич уште толки им удрив на хејт, али словенците заслужено го искусија најлошто во фудбалот.

Споредбата Грција - Македонија од друга страна не ти е на место, тоа до грк нема да допре освен ако Македонија не успее да направи бум на некое вакво натпреварување, али ако бидеме декор ко словенциве, и истераме со такво трагично за нас сценарио, кој на крајот ке се смее ? :tv:
Истото важи и за хрватите у моментов, они го имаат искусено најубавото од фудбалот на вакво натпреварување, словенците не, останаа само декорче мало и сите ке ги памтат по тоа што прво се радуваа на крај а потоа откако дознаа за човекот со име Донован и следеше ..... Niagara Falls.

Очекувам деновиве тежок сеир на нивна сметка од спротивните табори, онака, лагано, заслужено, со мерак.
 
САД заслужено отиде понатаму, покрај поништениот гол за 3-2 со Словенија овој пат имаа среќа и дали во 1 или 91 мин дадоа гол тоа е, тие победуваат :)
 
САД заслужено понатаму мислам дека ќе беше претерано доколку Словенија поминеше. Останува да видиме дали САД ќе игра со Србија. Веројатноста е голема.
 
НЕ можам да замислам каква драматика се случувало во финишот бидејќи морав да одам на факултет негде кај 70-та минута, а ги имав Англија и САД 1. Си заминав од дома со мисла дека Англија ќе остане 1:0, а САД-Алжир 0:0 и ме падна на ливче готово. Кога сега отворам интернет американциве дале гол во 90-та минута. Јеееееееееее за ливчето секако што уште сум во игра ама сепак навистина жално за Словенија. Пријатно изненадија и заслужија да одат понатаму, можда и со Србија ќе играа во 1/8 финале ама сепак и на американциве може да им се симне капа. Досега им беа поништени два гола(посебно тој со Словенија), а како што можев да заклучам имале и доста шанси со глупиве Алжирци. Како и да е сега можно 1/8 финале е Англија-Германија што не ми се допаѓа од навивачки аспект, пошто ако биде така Германциве сигурно победуваат, ама сепак најважно е да има добар фудбал.
 
САД заслужено понатаму мислам дека ќе беше претерано доколку Словенија поминеше. Останува да видиме дали САД ќе игра со Србија. Веројатноста е голема.

Мислам, знаејќи го менталитетот бољи би било да играме со Англија.
 
Што изненадиле бе Словенците, си го добија заслуженото. Им помогнаа судиите против САД. Не сум за Американците, ама тоа не значи дека не сакам да помине оној што навистина заслужува. А САД заслужи.
 
Ајде и Словенија дома. Англија и САД понатаму. Мило ми е што Американците успеаа да дадат гол, сепак заслужија да одат понатаму тие, а не Словенија.
 
Англија успеа низ иглени уши да помине но со Германија во 1/8 финале ќе биде и повеќе од тешко. САД има далеку полесен противник.
 
На Словенија повеќе би ја болело ако го прочитаат твојот коментар, кој е доста понижувачки и потценувачки за Словенците, кои сепак, се покажаа во добро светло.
Ок тоа ама нели Премиер-лигава најдобра лига, па сите играчи им доаѓаат од таму, сите се кој од кој попознати имиња, а за разлика од нив Словенците во своите редови имаат 2-3 познати играчи. Значи е стварно срамота против Словенија фудбалски држава усвет подалеку од Англија, Англичаните така да чуваат топка. Цели две минути ја тупеа кај корнер знаменцето.

--- надополнето ---

Англија успеа низ иглени уши да помине но со Германија во 1/8 финале ќе биде и повеќе од тешко. САД има далеку полесен противник.
Општо тој дел е многу "полесен" патот до финалето. Во ењдниот дел се Германија, Англија, Аргентина и Мексико, а во другиот дел се релативно опслабите Кореја,Уругвај,Америка и Гана
 
А што да прават бе?? Да им ја дадат топката и да им го опнат на крај?? Или словенците немаат нози и не знаат да дадат гол?
 
Америте легенди! Толку ми се допаднаа на ова СП, со духот пред се, не се откажуваат бе! Би сакал да стигнат што подалеку. Е, да беше сокерот (:)) попопуларен спорт кај нив, кај ќе им беше крајот!
 
Dobro ke mi kaze li nekoj koj e prv koj e vtor Anglija ili Amerika ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom