"Елфот" ја брани бронзата
Германија и Уругвај изгубија во полуфиналето од овој Мундијал, но не завршија со настапите на првенството во Јужна Африка. Денеска, во Порт Елизабет, на стадионот "Нелсон Мандела Беј" е нивниот дуел за бронзениот медал, и третото место во светот. И покрај тоа што и двете селекции посакуваа финале на овој Мундијал, сепак, Холандија и Шпанија беа подобри од Германците и Уругвајците, па така место во "големото", селекциите предводени од Форлан и од Клосе ќе се сретнат во "малото" финале.
Впрочем, "Елфот", кој можеби најмногу прикажа на ова Светско првенство, ја брани бронзата освоена минатиот Мундијал одржан во нивната земја. Тогаш во Штутгарт се сретнаа со Португалија, и ја победија со 3:1 со што медалите отидоа на нивните гради. Во овој "утешен" меч Германија се надева на одбрана на бронзата и одново пласман на третото место во светот. Последните информации од таборот на Германија е дека Мирослав Клосе го издржал последниот тренинг и тој сигурно ќе се најде во стартните 11 на вечерашниот натпревар. Инаку, да потсетиме, Клосе атакува на првото место на вечната листа на стрелците на Мундијалите, а му недостасува само еден погодок за да се израмни со Роналдо, кој со 15 погодоци е прв на оваа листа. Еден гол носи израмнување, а два би биле "џек-пот" за најдобриот стрелец на Германија на Светските првенства.
"С$ е в ред, и ќе настапам на вечерашниот натпревар. Почувствував болки во грбот по средбата со Шпанија, меѓутоа се надевам дека с$ ќе биде добро пред почетокот на овој натпревар. Поразот во полуфиналето од с$ уште н$ боли, но не треба да бидеме разочарани. Мислам дека на светот му покажавме дека знаеме да играме фудбал, и имаме силна желба да одиме далеку. Реков дека листата на стрелци не ми е на прво место, туку тоа е победа на селекцијата. Доколку успеам да постигнам гол или два би бил пресреќен, но сето тоа би било залудно доколку тимот не успее да победи. Затоа ги посакувам и двете од вечерашниот натпревар, да дадам гол или голови и Германија да ја освои бронзата", изјави Мирослав Клосе.
Уругвај е најпријатното изненадување на овој Мундијал. Иако никој не прогнозираше, сепак, Форлан и неговото друштво успеаја да стигнат во полуфиналето, каде беа запрени од Холандија. "Лалињата", кои впрочем се единствената селекција со сите победи, се намачија со силните Уругвајци, а тоа доволно кажува за силата на овој тим кој е спој на младост и искуство. Сигурно дека генерации и генерации нема да го повторат овој голем успех, а апетитите на Уругвај се големи, и тие посакуваат со бронза да го заокружат добриот настап во Јужна Африка.
Диего Форлан е легендата на Уругвај. Со неговите настапи, борбеност и пожртвуваност ги импресионираше сите во светот. Покажа дека е играч од најголема класа, но не можеше тој сам да ја однесе селекцијата во финалето.
"Имаме за играње уште еден натпревар. Мораме да се разбудиме и да му пристапиме сериозно на натпреварот. Нема потреба од разочарување. Работиме напорно и се надеваме на победа во 'малото финале'. Ако некој ни кажеше пред да дојдеме на Мундијалот, дека ќе играме со Германија за третото место, ќе бевме пресреќни. Сега мораме да дадеме с$ од себе и да победиме. Горди сме на себе, ова е голем успех, сакавме да влеземе во финале, но не можевме против силната Холандија. Но и ова е голем ден за уругвајскиот фудбал", вели Форлан кој вечерва ќе настапи во тандем со Суарез, кој се враќа по паузата поради црвениот картон.
Порт Елизабет, стадион: "Нелсон Мандела Беј". Главен судија: Бенито Арчундиа (Мексико).
УРУГВАЈ
1. Муслера
3. Годин
2. Лугано
4. Фусиле
22. Касерес
11. А. Переира
15. Перез
16. М. Переира
10. Форлан
7. Кавани
9. Суарез
ГЕРМАНИЈА
1. Нојер
16. Лам
17. Мертесакер
3. Фридрих
2. Јансен
6. Кедира
7. Швајнштајгер
13. Милер
8. Озил
10. Подолски
11. Клосе
МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ
13.10.1993 Германија - Уругвај 3:0 Пријателски
20.12.1992 Уругвај - Германија 1:4 Пријателски
25,04,1990 З. Германија - Уругвај 3:3 Пријателски
04.06.1986 Уругвај - З. Германија 1:1 СП Мексико
08.06.1977 Уругвај - З. Германија 0:2 Пријателски
20.06.1970 З. Германија - Уругвај 1:0 СП Мексико
23.07.1966 З. Германија - Уругвај 4:0 СП Англија
11.04.1962 З. Германија - Уругвај 3:0 Пријателски
ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА УРУГВАЈ
06.07.2010 Уругвај - Холандија 2:3
02.07.2010 Уругвај - Гана 1:1 (4:2 п)
26.06.2010 Уругвај - Ј. Кореја 2:1
ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА ГЕРМАНИЈА
07.07.2010 Германија - Шпанија 0:1
03.07.2010 Аргентина - Германија 0:4
27.06.2010 Германија - Англија 4:1
ИНТЕРЕСНО...
Ниту еден натпревар за третото место не завршил нерешено.
Селекциите од Јужна Америка до сега шестпати се сретнале во "малото финале" со европски селекции, и имаат скор по три победи.
Уругвај до сега има играно двапати во натпреварот за третото место, и двапати бил поразуван (3:1 од Австрија во 1954 и 1:0 од Германија во 1970).
Четири од петте голови на Диего Форлан биле постигнувани надвор од шеснаесетникот, а еден од нив е од удар од белата точка.
Уругвај на своите 14 последни натпревари на Мундијалите нема победа против европски селекции. Серијата почна во 1970 година кога загуби од Германија со 0:1.
Германија нема пораз од Уругвај на натпреварите на Светските првенства, две победи и една нерешена средба.
Германија до сега четирипати играла во "малото финале", и победила трипати.
На последните седум натпревари за третото место на Мундијалите, победувала селекција од Европа.