Светско првенство во фудбал, 2010 година, Јужна Африка

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не бе ние си сме и на екипно ниво.Се знае убедливо први.Ди Марија погрд и од Тевез:pos: му ебем ушљакот.
Според мене убедливо најгрд фудбалер што постои е тевез и никој друг...гледајте малце во глобала зошто е баш тевез....па карлито пустиот не да го навредувам ама ни на човечко суштество не наликува..кога ќе го погледнам изгледа како оние човеколиките мајмуни на времето и во лице и во тело..па и фризура..прав кромањонец...ди мариа,лескот и руни барем изгледаат како човечки суштества...овај тевез изгледа како мелез од уништен вид.....ама таков го даде господ и то е то...ама барем во фудбалската игра е безпрекорен и маестрален:smir:
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Кај отишла темава, за најгрд фудбалер, ај една анкета да напрајме овде ако не... Инаку Тевез се изгорел како мал на лицето, има опција да се направи пластична операција ама едноставно не сакал и тоа си е негова опција.

Ај сега кажете кој ви е најубав фудбалер ? :smir:

Ај сега он топик:
Околу третово место ќе сум за Уругвај, само заради Суарез и ако може што повеќе голови да даде. Детето е ѕвер. Мислам и Германциве нема да се толку инспирирани и мислам повеќе нив ги погоди поразот во полуфинале отколку на Уругвај. Некако ми беа многу залетани. Ама сепак ќе видиме вечер. Очекувам повеќе голови 3+ еве нека е.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Уругвај - Германија

"Елфот" ја брани бронзата

Германија и Уругвај изгубија во полуфиналето од овој Мундијал, но не завршија со настапите на првенството во Јужна Африка. Денеска, во Порт Елизабет, на стадионот "Нелсон Мандела Беј" е нивниот дуел за бронзениот медал, и третото место во светот. И покрај тоа што и двете селекции посакуваа финале на овој Мундијал, сепак, Холандија и Шпанија беа подобри од Германците и Уругвајците, па така место во "големото", селекциите предводени од Форлан и од Клосе ќе се сретнат во "малото" финале.

Впрочем, "Елфот", кој можеби најмногу прикажа на ова Светско првенство, ја брани бронзата освоена минатиот Мундијал одржан во нивната земја. Тогаш во Штутгарт се сретнаа со Португалија, и ја победија со 3:1 со што медалите отидоа на нивните гради. Во овој "утешен" меч Германија се надева на одбрана на бронзата и одново пласман на третото место во светот. Последните информации од таборот на Германија е дека Мирослав Клосе го издржал последниот тренинг и тој сигурно ќе се најде во стартните 11 на вечерашниот натпревар. Инаку, да потсетиме, Клосе атакува на првото место на вечната листа на стрелците на Мундијалите, а му недостасува само еден погодок за да се израмни со Роналдо, кој со 15 погодоци е прв на оваа листа. Еден гол носи израмнување, а два би биле "џек-пот" за најдобриот стрелец на Германија на Светските првенства.

"С$ е в ред, и ќе настапам на вечерашниот натпревар. Почувствував болки во грбот по средбата со Шпанија, меѓутоа се надевам дека с$ ќе биде добро пред почетокот на овој натпревар. Поразот во полуфиналето од с$ уште н$ боли, но не треба да бидеме разочарани. Мислам дека на светот му покажавме дека знаеме да играме фудбал, и имаме силна желба да одиме далеку. Реков дека листата на стрелци не ми е на прво место, туку тоа е победа на селекцијата. Доколку успеам да постигнам гол или два би бил пресреќен, но сето тоа би било залудно доколку тимот не успее да победи. Затоа ги посакувам и двете од вечерашниот натпревар, да дадам гол или голови и Германија да ја освои бронзата", изјави Мирослав Клосе.

Уругвај е најпријатното изненадување на овој Мундијал. Иако никој не прогнозираше, сепак, Форлан и неговото друштво успеаја да стигнат во полуфиналето, каде беа запрени од Холандија. "Лалињата", кои впрочем се единствената селекција со сите победи, се намачија со силните Уругвајци, а тоа доволно кажува за силата на овој тим кој е спој на младост и искуство. Сигурно дека генерации и генерации нема да го повторат овој голем успех, а апетитите на Уругвај се големи, и тие посакуваат со бронза да го заокружат добриот настап во Јужна Африка.

Диего Форлан е легендата на Уругвај. Со неговите настапи, борбеност и пожртвуваност ги импресионираше сите во светот. Покажа дека е играч од најголема класа, но не можеше тој сам да ја однесе селекцијата во финалето.

"Имаме за играње уште еден натпревар. Мораме да се разбудиме и да му пристапиме сериозно на натпреварот. Нема потреба од разочарување. Работиме напорно и се надеваме на победа во 'малото финале'. Ако некој ни кажеше пред да дојдеме на Мундијалот, дека ќе играме со Германија за третото место, ќе бевме пресреќни. Сега мораме да дадеме с$ од себе и да победиме. Горди сме на себе, ова е голем успех, сакавме да влеземе во финале, но не можевме против силната Холандија. Но и ова е голем ден за уругвајскиот фудбал", вели Форлан кој вечерва ќе настапи во тандем со Суарез, кој се враќа по паузата поради црвениот картон.


Порт Елизабет, стадион: "Нелсон Мандела Беј". Главен судија: Бенито Арчундиа (Мексико).

УРУГВАЈ

1. Муслера

3. Годин

2. Лугано

4. Фусиле

22. Касерес

11. А. Переира

15. Перез

16. М. Переира

10. Форлан

7. Кавани

9. Суарез

ГЕРМАНИЈА

1. Нојер

16. Лам

17. Мертесакер

3. Фридрих

2. Јансен

6. Кедира

7. Швајнштајгер

13. Милер

8. Озил

10. Подолски

11. Клосе

МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

13.10.1993 Германија - Уругвај 3:0 Пријателски

20.12.1992 Уругвај - Германија 1:4 Пријателски

25,04,1990 З. Германија - Уругвај 3:3 Пријателски

04.06.1986 Уругвај - З. Германија 1:1 СП Мексико

08.06.1977 Уругвај - З. Германија 0:2 Пријателски

20.06.1970 З. Германија - Уругвај 1:0 СП Мексико

23.07.1966 З. Германија - Уругвај 4:0 СП Англија

11.04.1962 З. Германија - Уругвај 3:0 Пријателски

ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА УРУГВАЈ

06.07.2010 Уругвај - Холандија 2:3

02.07.2010 Уругвај - Гана 1:1 (4:2 п)

26.06.2010 Уругвај - Ј. Кореја 2:1

ПОСЛЕДНИ ТРИ НАТПРЕВАРИ НА ГЕРМАНИЈА

07.07.2010 Германија - Шпанија 0:1

03.07.2010 Аргентина - Германија 0:4

27.06.2010 Германија - Англија 4:1

ИНТЕРЕСНО...

Ниту еден натпревар за третото место не завршил нерешено.

Селекциите од Јужна Америка до сега шестпати се сретнале во "малото финале" со европски селекции, и имаат скор по три победи.

Уругвај до сега има играно двапати во натпреварот за третото место, и двапати бил поразуван (3:1 од Австрија во 1954 и 1:0 од Германија во 1970).

Четири од петте голови на Диего Форлан биле постигнувани надвор од шеснаесетникот, а еден од нив е од удар од белата точка.

Уругвај на своите 14 последни натпревари на Мундијалите нема победа против европски селекции. Серијата почна во 1970 година кога загуби од Германија со 0:1.

Германија нема пораз од Уругвај на натпреварите на Светските првенства, две победи и една нерешена средба.

Германија до сега четирипати играла во "малото финале", и победила трипати.

На последните седум натпревари за третото место на Мундијалите, победувала селекција од Европа.
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
колку шо разбрав ке бил оспособен да игра и пририоритет му била победа а не тој да постигнел гол.овој клосе според мене не е тачен.има шанса да биде најдобар стрелец на сите времиња а не ни изведува он пенали и не се замара со тоа.иначе секоја чест за неговата игра убиствен напаѓач е.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.755
Поени од реакции
44.068
Aко изгуби Холандија во финалето, ако не се лажам, Нов Зеланд ке биде единствената репрезентација на ова СП без пораз. :tv:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
ја би сакал сите да ги поседувам но тоа е... инаку најтопка на сите времиња е убедливо онаа од 70-та, револуцијата во фудбалот.

за мечот Германија - Уругвај, ќе навивам за Германија повторно, но доколку ја играм не би можел да глеам...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.306
Поени од реакции
15.538
За мене убедливо најдобра 1970та, Мексико, класика :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom