Шпанија - Португалија
Вести:
Играта на играчот на Шпанија Чави Алонсо е доведена во прашање поради превиткан глужд, па Хави Мартинес е подготвен да го смени. Резервниот бек Раул Албиол сигурно е аут од натпреварот откако се поверди на тренинг.
Деко може да игра повторно за Португалија по повредата, па тренерот Карлуш Кејрош треба да одлучи дали да го врати во првиот состав. Хуго Алмеида и Лиедсон се враќаат во составот, а Дани се очекува да го пропушти поради повреда.
На еден картон од казна: Алмеида, Коентрао, Дуда, Мендеш, Пепе, Роналдо, Тиаго (Португалија)
Состав
Шпанија (4-3-3, можеби)
Касилјас - Серхио Рамос, Пике, Пујол, Капдевија - Чави, Бускетс, Чави Мартинес - Иниеста, Торес, Вилја
Португалија (4-3-3, можеби)
Едуардо - Рикардо Кошта, Рикардо Карваљо, Бруно Алвес, Коентрао - Тиаго, Мендес, Раул Мејрелеш - Роналдо, Лиедсон, Симао
Инфо
На овој ден пред 2 години Шпанија конечно ја скрши клетвата на големите првенства и ја крена европската титула. Ако тимот сака да направи уште еден чекор и да ја развие магијата на светски првенства, тимот за почеток ќе мора да ја подобри значително играта и да го покаже тоа против соседот Португалија.
Фернандо Торес внесе гол на финалето во Виена во 2008 година, но претставувањето во ЈАР е синоним на оценките за Шпанија во целина. Тој и многу од ѕвездите, негови колеги, го започнаа турнирот лениво и по се покажува дека се уште се опоравуваат од шокирачкиот пораз од Швајцарија во првиот круг.
Португалија направи две нулта ремија и постигна речиси незначителна победа помеѓу нив, со КНДР. Тренерот Карлуш Кејрош се обиде со многу варијанти во нападот во трите натпревари досега, но ако се прашува како да ја подобри резултатността на тимот, одбраната дури не му е грижа. Таа пеимила само еден гол во последните 12 натпревари.
Португалија ја поразила Шпанија само 5 пати во 32 натпревари, но од друга страна, изгуби само еднаш од 1958 година против
својот сосед.
Факти
Еден против друг
Двата тима одиграа 32 пати досега. Португалија има 5 победи, а Шпанија - 15. 12 ремија биле регистрирани во ривалството. Португалија го освои последниот директен натпревар во групата на Евро 2004 и ја елиминира на тој начин Шпанија од турнирот. Шпанија, пак, има само една победа во овој судир од 1958 година.
Шпанија
- Шпанија треба да влезе во историјата, ако успее сепак да ја освои светската титула. Ниту еден тим, кој го загуби својот прв натпревар, не стигна до трофеј.
- Давид Вилја имаше 6 гола и 6 натпревари како носителот на светско првенство и во моментов е вечниот голмајстор на Шпанија на овие турнири.
- Шпанија стана првиот тим после Унгарија во 1986 година, кој не добил ниту еден картон во групите на светско првенство. Шпанците немаат картони и во последните 6 натпревари откако Серхио Рамос беше предупреден во натпреварот со Франција на 3 март.
Португалија
- Португалија дозволи само еден гол во последните 12 натпревари.
- Ако тимот ја победи Шпанија денес, ќе постави нов рекорд за историјата од 20 последователни натпревари без пораз.
- Тимот не даде гол во последните два натпревари на елиминации на светско првенство - 0-0 против Англија и 0-1 против Франција во 2006 година
Судии
Главен: Ектор Балдаси (Аргентина)
Странични: Рикардо Касас и Ернан Маидана (Аргентина)
Анализа на пазарот
Шпанија има малку предност во очекувањата на букмејкерите. Залзоите на број на голови се избалансирани. На азискиот пазар букмејкерите се внимателни во Португалија +0.25.
Препорачани Влоговите
Многумина очекуваат реми поради традицијата, но според мене Шпанија има сили да се справи со овој ривал. Овде многу чудна е статистиката. Го споменав фактот дека Шпанија има само една победа од 1958 година против Португалија, што значи дека Португалија има малку предност. Сепак типувам за Шпанија.
И така:
Шпанија да победи (2.00) 7 единици