leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Мекдоналдс не е банка.Значи се обидувам да објаснам дека различно функционира банка од фирма.Банка објаснив,фирма пропаѓа на тој начин,бидејќи парите се делат од централа.Овде кај банка секоја произведува пари и самостојно функционира од централата.Централата замисли ја само како гарант,име,основачки капитал.Се друго си произведува банката на ова тло.доколку централата на Мекдоналдс,банкротира, дали неговите филијали /франшизи ке останат недопрени??
1.ок, иако не е можно целосно извлекување на капиталот во НБГ, што ке сигнализира изврлкувањто на добивката??? - паника
2.психолошки ова ке влијае на стопанска - и влијае во ланецот на корпоративни одлуки - веке ја имаат затегнато кредитната политика и условите за одбрувАЊЕ НА кредити поради немањето готовина.
3.иако нема, еве под некое апокалиптично сценарио, да се повлечат сите депозити од СТБ..нема да биде крајот на РМ, вакумот ке го пополнат другите банки
мој совет е - повлечете се од СТБ, лични сметки, кредитни задолжувања или жиро сметки - најдете си друга банка, не заради последните случувања туку заради работата на банката во псоледните 2 години - ОВа сега е само ПОТВРДА ЗА ЛОШОТО МЕНАЏИРАЊЕ, од услугата и филијалите до преголемата бирократија и кредитна политика
1.Добивката се трансферира од самата продажба на било која банка во Р.М.За лепе очи никој не работи.Тоа не е знак на паника,така функционира се на овој свет.
2.Сосем неточно.Кредитната политика не ја затегнува самата банка,туку ја затегнува монетарната политика.Како за сите така и за Стопанска,НБРМ ги спушти каматите само за 1%.Како што сите ќе намалат за 0,5-1% така ќе намали и СТБ.Кредити не се даваа во 2009та не поради немање капитал,туку поради затегнатите услови од НБРМ.Готовина ако нема СТБ,другите нека стават клуч на врата)
3.Крај на Р.М нема без разлика која банка би отишла во стечај.Најцрно сценарио со пропаѓање на голема банка е создавање на таква паника и влечење на парите од сите банки.Психолошкиот момент е тој кој ќе го урне целиот банкарски систем.СТБ должи на меѓубанкарски пазар или позајмува дневно големи суми.СТБ финансира многу фирми(ако не и најмногу во Р.М),најмногу потрошувачки кредити,најмногу станбени кредити.Државни записи.Ако СТБ објави стечај,автоматски сигурноста на банкарски систем ќе се намали.Паниката ќе ги повлече малите банки за миг во неликвидност и ликвидација.
Советов да не речам ти е очаен.2 години лошо менаџирање,а банка со најголем профит и признанија Потврда за одлично менаџирање е вистината.
Македонцки,колку за информација,Бишев ти е еден инзвореден ум и познавач на банкарски и монетарен систем и кај нас и во светот.