Ваљда сакаше да пишеш доколку земеш кредит од банката таа остава за твојот кредит гаранција во НБРМ и тоа зависно во која категорија спаѓаш така!?Ако јас оставам во Стопанска Банка 10 денари,Стопанска Банка во НБРМ остава 10 денари.Тие пари се чуваат како гаранција за моите 10 денари.Значи секој денар е заштитен во НБРМ.
Македонските пари денес се сигурни во било која банка сакате да ги вложите на македоснко тло.
Ама и ти си контрадикторна, прво велиш дека банките се сигурни кај нас и добро контролирани и не треба народот да се плаши за потоа да напишеш нешто вакво!И јас не сум задоволна од односот на бабите во Стопанска,но кога ќе ги ставам парите долгорочно,сигурно нема да ги ставам во прокредит и слични на нив
Луѓето треба да си ги гледаат условите кои им ги нудат банките за депозити или кредити, независно дали се работи за мала, средна или голема банка. Вакви изјави како твојата ги наведуваат луѓето слепо да ги оставаат парите или да се задолжуваат во одредена банка, само затоа што за неа слушнале дека била најдобра и најбезбедна или била лидер моментално, притоа пропуштајќи подобри услови во некоја друга банка. Конкуренцијата е здрава работа и имаме и многу добри мали и средни банки. Тоа што ти се палиш на Стопанска е твоја работа но, те замолувам доколку сакаш да делиш совети немој да бидеш пристрасна додека ги делиш, бидејќи многу луѓе те читаат и не разбирајќи ја таа тематика слепо ти веруваат. (Извини ако грешам но така делуваат твоите коментари!)
О.К. на Стопанска беше најголемиот грабеж за луѓето. Банката ја искористи довербата на своите клиенти и општиот тренд во нашиот менталитет на нетемелна анализа при задолжување и сруши многу домаќинства.
Стопанска е голема банка, но имаме уште 2 големи банки во Македонија, кои се прилично конкурентни.
Додека Уни, Прокредит итн иако се релативно нови си земаа добар залак од клиентите и работат прилично профитабилно со оглед на капиталот што го инвестирале и активата која ја имаат.
Крај краева... околу полемиката што ја имаш со Македонцки... луѓето и да ги вадат парите од Стопанска, секако нема под перница да ги чуваат. Имаме други банки!
Недоверба кон една конкретна банка не е исто што и недоверба кон банките општо.
P.S.
И со ова не се согласувам потполно...
Пример: Додека овие 3 банки абер немаа од воведувањето на картично работење, Унибанка веќе картички со чип воведуваше и имаше поставено толку банкомати низ Македонија колку сите други банки заедно. А сепак е средна банка!Туку муабетот ми е дека СТБ,КБ и НЛБ се лидери,останатите банки ги следат.