Што мислите за поезијата на Ма-Ста-Пе?

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Не викам дека не е, ама викам дека не и местото во овој дел од форумот. Направи паралела меѓу песните на Гарфилд и песните на Ма-ста-пе, примерице ради. Ако не ја најдеш разликата ... :toe:
Јас кога ќе направам паралела помеѓу Ма-Ста-Пе и Гарфилд, гледам дека има насмеани луѓе кога го читаат Ма-Ста-Пе, на кои им се допаѓа неговата поезија. Од друга страна, колку и интелегентно да изгледа некојси стокмен коментар на Гарфилд (на кој многумина изгледа дека само :drk:), што ќе ми мене или на некој друг од тоа изгледа добро коментарот, или пак има употребено богат речник, кога во поголемиот дел од истиот коментар, Гарфилд само вреѓа некого.

Не е важно какви зборови употребуваш, употребувај и наједноставни зборови, битна е целта која сакаш да ја постигниш со тоа што го кажуваш.
 
Премногу субјективна тема. Целата поезија е субјективна, токму и од таа причина не гледам потреба за секој форумџија што пишува во Ваша поезија, да биде анализиран и дискутиран. Станува збор за индивидуално примање на една поетска слика како таква, помалку или повеќе.
Кога би тргнале од логиката и споредбата со Аполинер, Бодлер, Рембо, Превер ... треба темата Ваша поезија да се затвори зошто нели понижувачки за самите нив би било некој да бара споредба и паралела со нивните стихови.
Темата да беше наменета за критика и совет, ќе земеше друг правец ... затоа и така бурно ја примаа сите зошто уметноста е пропишана точно но е субјективна. Кога за вкусовите не се разговара, зошто би за секој форумџија посебно отварале теми и плукале по него, само од субјективни - его причини.

Е сега, ова што го пишува Ма-Ста-Пе е поезија. Значи има лирска слика и целина. Од книжевен аспект постои поезија. Структурата на лирската песна се состои од субјект, објект (лирски субјект и лирски објект), време, простор, слика ... И дополнителните категории како наслов, почеток и крај. Значи зборуваме од аспект на формата на ова книжевно дело ( иако не го признавате како такво) .

Дали ни се допаѓа мене, тебе или било кој што чита е субјективно, но е крајно неблагодарно да се навреди дека не е поезија. Значи неможе стилот на пишување да го земеме цврсто според наши потреби и/или да го негираме дека постои. Основното значење на стилот потекнува од латинскиот stilus со значење - средство за пишување, стапче чиј еден крај бил наострен за да можело да се пишува на восочни таблички, а другиот крај бил плоснат за да може да се избрише напишаното. Следствено на ова секој со различен стил на општење и во секојдневниот живот има различен круг на обожаватели, читатели ... пријатели и непријатели.

Можеби е премногу едноставен, комичен, поезијата ја пресликува како секојдневие, но ете има премногу комедии кои се вметнати во класиците на тој книжевен род, а речиси да никој не ги чита веќе само поради нивната комична и едноставна природа. Се бара песимизам и мрачност во денешнината :).

Mojata cel e jasna! Odbrana na poezijata od shundot i travestiite!

Aко не постои таков вид на поезија како ќе може да се разликува убавата и уметничката?
 
Има разлика меѓу кич, шунд, травестија и лоша поезија!

Нема лиркаа слика, нема метрика, нема смисол, комично е само затоа штро е безвезно редење зборови и глупости наклапање.

Лоша поезија има, добра поезија има, но има и вакви бесмислија!
 
ЗАЈКО

Си имам ЗАЈЧЕ
за најдобро другарче.
Заедно со Трајче
му крадеме зелка по едно парче.

Заедно со Јовче
си грицкаат по едно морковче.
ЗАЈЧЕТО е татамата
за секоја салата.

Да не беше ЗАЈЧЕТО кожно
досега се ќе беше можно.
Ќе ја изгубеше својата борба:
Мајка ми ќе го направеше чорба.

СТАВОТ НА МАЈКА МИ Е ЈАСЕН
ЗАЈКО ЌЕ БИДЕ СПАСЕН.
ИМАЛ ЗАЈКО СРЕЌА
НЕМА ДА ГО ЈАДЕМЕ СО ЛЕЌА
.

:baeh:13ч.25м.-13ч.40м./28-III-2010

Имам мало зајче
Белчо му е име.
Тој ми е најдобро другарче
и в лете и во зиме.

Со кучето на Трајче
Се дружи Белчо често
Зајко грицка морковче
А Роки лае бесно

Ако беше ЗАЈКО див
Ќе паднеше во борба:
Одамна ќе беше жив
фрлен тој во чорба.

СТАВОТ НА МАМА Е ЈАСЕН,
ИМАЛ ЗАЈКО СРЕЌА.
БЕЛЧО ЌЕ БИДЕ СПАСЕН.
НЕМА ДА ГО ЈАДЕМЕ СО ЛЕЌА .

Ај набрзина еден препев :) Вака некако не ти изгледа поубаво римувањето, а и самиот ритам на песната. Прв со трет, втор со четврт стих.
 
Ги обележав со бројки твоите ставови за прегледност, се надевам не се лутиш. :smir:

1. Ако те броиме и тебе, вкупно 3. За разлика од нив, на темава имаш околу 5-10 пати повеќе луѓе кои го поддржаа, па што викаш, да примениме демократија сепак?

Не за демократијата...најлош облик на владеење и донесување одлуки е тоа. Да се даде право на секоја будала да каже нешто е тотална бесмислица.
2. Не си во право. Навистина, јас прв тргнав со споредби, прилично неумесно бидејќи фреквентноста и заинтересираноста на двата подфоруми (да не зборувам за подфорумот спорт) е неспоредлива, па според тоа и флексибилноста е на сосема различно ниво. Сеуште, кога веќе се впуштаме, окму од Буцио ја најдов во музика темата за Dj Krmak, човекот кој ги напиша легендарните стихови “Цело село шрмче бело“. Навистина, многумина ќе се сложат дека е тој шунд, дека е тој катастрофа од уметник, но кои сме ние навистина да го дискредитираме неговиот труд со тоа што ќе ги запалиме неговите плочи? Вистинскиот потег е дека нема да ја отвориме темата, нема да го слушнеме повторно неговиот труд. Па игнорирањето е најголемата казна за секој уметник и воопшто човек.

Добро де, една остаиле таму. Eве ти една што е у ЧДА ;)
Квалитетот се добива кога истиот ќе го потисне неквалитетот, не кога го немаме ни едното ни другото. Значи ако барате кривец, барајте го во нашата инертност и незаинтересираност, а не во Ма-Ста-Пе.

Или можеби во тебе што не си ја пребацил темата кај што и е местото.: )
3. Не ти ги разбирам паралеливе. Па тогаш да им ги бришеме мислењата на сите оние во филозофија и психологија кои нема да можат да им парираат на сложените но позитивно неверојатни размислувања на ada, зашто тие го отсликуваат неквалитетот. Исто така, еве можеме да напишеме на темите за творење во подфорумот уметност “Дозволено исклучиво за Сатори, Гарфилд и КафеделМар“. Вие другите, не ве бива, идете на кадевечер.
:motor:

Секој пост да си го најде своето место на форумот. Едноставно е.

Јас кога ќе направам паралела помеѓу Ма-Ста-Пе и Гарфилд, гледам дека има насмеани луѓе кога го читаат Ма-Ста-Пе, на кои им се допаѓа неговата поезија. Од друга страна, колку и интелегентно да изгледа некојси стокмен коментар на Гарфилд (на кој многумина изгледа дека само :drk:), што ќе ми мене или на некој друг од тоа изгледа добро коментарот, или пак има употребено богат речник, кога во поголемиот дел од истиот коментар, Гарфилд само вреѓа некого.

Некои ликови од форумов не отвараат ништо друго освен ЧДА. Дремат таму чекајќи нов клип,сеир,слика,тон или нешто трето, а се со цел да се забавуваат и да се смеат. Ако тебе неговата поезија ти е смешна тогаш дај да ја стаиме кај што и е местото :) ... Таму веројатно би наишла на поголем позитивен фидбек од страна на рајата.
 
Ultra,, toa i jas go velam, sekoja tema/mislenje, na soodvetno mesto.

No, go znaes ona so muata i kapata i ishkanjeto??
Znam deka go znaes, taka i ova e toa. Nekoj postojano vika ish muo, ish muo. A znaeme na sto ide muata.

Ама jas stvarno немоzam да разбераm sho e мuabetot, zaшто го ругаш Ma-sta-пе?

Критикуваш дур во реченица од петнаесет зборови, дваесет ти се грешка напишани. А па и твојата поезија што е едно чудо, тоа Стојан Тарапуза не ти е равен. Некој ќе рече комплекси си лечиш, ама ова ќе да е многу пострашно.

Патем, олабави со возраста и големите мисли, си видел, си прочитал, ама не си.. шознам, џедај? И плус, твојата поезија во споредба со таа што ја критикуваш, кантар не ја мери.

Дете, да се разбереме ние двајцата сега:
1. јас не го "ругам" Мастапе, туку давам критика на неговото стихоклепство и травестија.
2, де посочи ги грешките во пишувањето.
2. ти пречи што сум постар од тебе? Ај, проанализирај ја мојата поезија, потоа дрочи, биѓаа.
3. немам јас комплекси златен.
4. Кој кантар? Струмички? Златенм, диши, земи воздух, длабоко, потоа рипкај.

Ајде, сега, внимателно повтори што навистина сакаш да кажеш.
Да те разберат и писмените.
 
Премногу субјективна тема. Целата поезија е субјективна, токму и од таа причина не гледам потреба за секој форумџија што пишува во Ваша поезија, да биде анализиран и дискутиран. Станува збор за индивидуално примање на една поетска слика како таква, помалку или повеќе.
Кога би тргнале од логиката и споредбата со Аполинер, Бодлер, Рембо, Превер ... треба темата Ваша поезија да се затвори зошто нели понижувачки за самите нив би било некој да бара споредба и паралела со нивните стихови.
Темата да беше наменета за критика и совет, ќе земеше друг правец ... затоа и така бурно ја примаа сите зошто уметноста е пропишана точно но е субјективна. Кога за вкусовите не се разговара, зошто би за секој форумџија посебно отварале теми и плукале по него, само од субјективни - его причини.

Е сега, ова што го пишува Ма-Ста-Пе е поезија. Значи има лирска слика и целина. Од книжевен аспект постои поезија. Структурата на лирската песна се состои од субјект, објект (лирски субјект и лирски објект), време, простор, слика ... И дополнителните категории како наслов, почеток и крај. Значи зборуваме од аспект на формата на ова книжевно дело ( иако не го признавате како такво) .

Дали ни се допаѓа мене, тебе или било кој што чита е субјективно, но е крајно неблагодарно да се навреди дека не е поезија. Значи неможе стилот на пишување да го земеме цврсто според наши потреби и/или да го негираме дека постои. Основното значење на стилот потекнува од латинскиот stilus со значење - средство за пишување, стапче чиј еден крај бил наострен за да можело да се пишува на восочни таблички, а другиот крај бил плоснат за да може да се избрише напишаното. Следствено на ова секој со различен стил на општење и во секојдневниот живот има различен круг на обожаватели, читатели ... пријатели и непријатели.

Можеби е премногу едноставен, комичен, поезијата ја пресликува како секојдневие, но ете има премногу комедии кои се вметнати во класиците на тој книжевен род, а речиси да никој не ги чита веќе само поради нивната комична и едноставна природа. Се бара песимизам и мрачност во денешнината :).

Еве анализа,од анализата јас како лаик се согласувам,но со една разлика....време е за клуч на темата...па кога некој ќе има критика или на ПП или на посебна тема наменета за СИТЕ Форумџии кои искажуваат Емоции преку стихови.:toe:
 
Smart ass, te pushti ganjata?? A, a??

Ostaj da si kritikuvame. Ima poseban tema za travestijava, pa...

Teraj.
 
Некои ликови од форумов не отвараат ништо друго освен ЧДА. Дремат таму чекајќи нов клип,сеир,слика,тон или нешто трето, а се со цел да се забавуваат и да се смеат. Ако тебе неговата поезија ти е смешна тогаш дај да ја стаиме кај што и е местото :) ... Таму веројатно би наишла на поголем позитивен фидбек од страна на рајата.
Здосадено ми е од дообјаснување на моите коментари и она што сум мислел да го кажам преку истите. Прочитај повторно, напишав насмеани, во смисла весели луѓе, затоа што тоа е (според мене) весела, едноставна поезија, инспирирана од секојдневието, во која многу пати може да се пронајде по некоја поука.

Ако се уште нешто не ти е јасно и пробаш да го извадиш од контекст и овај коментар, јас тука ништо повеќе не можам да ти помогнам.
 
Или можеби во тебе што не си ја пребацил темата кај што и е местото.: )

I`ll make u a deal, ја ќе го преместам Ма-Ста-Пе у ЧДА, кога ти ќе го преместиш фан клуб Новак Џокович во хумор, пошто дечкото е hilarious, си го гледал како ги имитира познатите тенисери... :icon_lol: цепки е братче... алал да му е...
Garfield напиша:
Ultra,, toa i jas go velam, sekoja tema/mislenje, na soodvetno mesto.

No, go znaes ona so muata i kapata i ishkanjeto??
Znam deka go znaes, taka i ova e toa. Nekoj postojano vika ish muo, ish muo. A znaeme na sto ide muata.

Дете, да се разбереме ние двајцата сега:
1. јас не го "ругам" Мастапе, туку давам критика на неговото стихоклепство и травестија.
2, де посочи ги грешките во пишувањето.
2. ти пречи што сум постар од тебе? Ај, проанализирај ја мојата поезија, потоа дрочи, биѓаа.
3. немам јас комплекси златен.
4. Кој кантар? Струмички? Златенм, диши, земи воздух, длабоко, потоа рипкај.

Ајде, сега, внимателно повтори што навистина сакаш да кажеш.
Да те разберат и писмените.
Гарфилд, дека ти имаш комплекси, јасно им е и на копиљаците на Окинава, видливо е од вселената, ама тоа не е причина ние да те трпиме овде. Знаеш на што личиш, на оние пензионерите на стадион шо идат и го пцујат судијата пошто дома жената не ги пушта да писнат. Немој бе ти да дрндаш за критики, комплекси, а па за муви и капи уште помалку, зашто немаш право, освен од својот ум кој живее по свои правила, а оние кои живеат во свој свет, знаеш кои се...

п.с. Поезијата ти е бомба, озбилно, само последнава песна, посветена на Ма-Ста-Пе, ти ја уништи целата форумска кариера кога се работи за поезијата. :(
 
Па така dе, за последнnта "поеzија" зборевме. И после кој не прифаќал критика. :)
 
Почнуе да ми се гнаси од форумов.
На еден Ма-Ста-Пе му се фрливте.
Па уше коа ќе видам која неписмена ретарда ја отворила темава све ми е јасно.
Нека повели сеа Дивне и компанија, да ми проповедаат за писменост и култура.
И онака скурчено ми е све.
 
Јас подржавам поети (форумски поети) без обзир дали создаваат квалитетна или не квалитетна поезија на форумот!
Барем некој пишува де...

Сега дали ми се допаѓа или не неможам да зборувам оти немам читано од поезија Ма-Ста-Пе.
 
Оставете го човекот да си пишува... Некои на форумов многу се преценија некако...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom