Znaeme deka go sakauvas Ma-Sta-Pe.
Znaeme i deka vehementno ke go branis negoviot lik i delo.
Zatoa i ja izbrisa onaa pesnata vo mastapeovsi stil, onaa koja doticniot stihoklepec ja pobara i dobi. Ja izbrisa i od tuka??
He, posle govorime za kultura. nema kultura, ni vo komunikacii ni vo razbiranje na samiot poim kultura.
Јас стварно не знам што ставаат во храната отаде барата, ама човеку, се сеќаваш како е релаксирано во твојата татковина, опушти се... Од каде сиот овој гнев? :smir:
ултра_вк напиша:
1. Појше ќе да се, али не е до квантитетот у случајов
2. Темите за турбофолк изведувачи кои мислам дека ги отвара(ше) членот со нив буцио беа префрлени во ЧДА. Во Музика останаа тие за тоа дали турбо-фолкот е музика,што е турбо-фолкот и слични дискусии каде што има колку-толку да се прочита ... не се само набацување на линкови од песни, нешто у што се претвори цел тој подфорум.
3. Не викам дека не е, ама викам дека не и местото во овој дел од форумот. Направи паралела меѓу песните на Гарфилд и песните на Ма-ста-пе, примерице ради. Ако не ја најдеш разликата ...
Ги обележав со бројки твоите ставови за прегледност, се надевам не се лутиш. :smir:
1. Ако те броиме и тебе, вкупно 3. За разлика од нив, на темава имаш околу 5-10 пати повеќе луѓе кои го поддржаа, па што викаш, да примениме демократија сепак?
2. Не си во право. Навистина, јас прв тргнав со споредби, прилично неумесно бидејќи фреквентноста и заинтересираноста на двата подфоруми (да не зборувам за подфорумот спорт) е неспоредлива, па според тоа и флексибилноста е на сосема различно ниво. Сеуште, кога веќе се впуштаме, окму од Буцио ја најдов во музика темата за
Dj Krmak, човекот кој ги напиша легендарните стихови “Цело село шрмче бело“. Навистина, многумина ќе се сложат дека е тој шунд, дека е тој катастрофа од уметник, но кои сме ние навистина да го дискредитираме неговиот труд со тоа што ќе ги запалиме неговите плочи? Вистинскиот потег е дека нема да ја отвориме темата, нема да го слушнеме повторно неговиот труд. Па игнорирањето е најголемата казна за секој уметник и воопшто човек.
На истиот начин своевремено (да не одам пак со музички примери и слаткар4е) беше дискредитиран сега веќе авторитативниот Букаро, македонскиот кајганџија, блогер, писател... Неговите “хејтери“ кои тврдеа дека е плагијатор, дека е разгалено детиште го вивнаа во облаците со дела кои навистина немаа некоја посебна вредност. Го забележаа издавачките куќи само заради прашината која се крена и видоа дека можеби сепак вреди нешто, по стандардната реченица “позади добар коњ се крева многу прашина“.
Или Дитас, можеби Сашо Тасевски во новите времиња. Писатели кои со шунд литература се издигнаа до белег на една генерација со своите дела само затоа што успеаа да ја пласираат на вистинската таргет група идеално својата “уметност“. Да, така ги нарекоа своите дела, тие можат да се најдат во книжарниците, не на битпазар.
Значи, ако сметате дека нешто не е уметност, заобиколете го кога ви треба уметност. Квалитетот на форумот сигурно нема да падне драстично од една тема на некој господин кој ужива да пишува. Туку ќе опадне од вас, кои темата за Блаже, за Кочо Рацин и Мисирков сте ги оставиле на некои страни поназад а сте се зафатиле со плукање по нешто кое го сметате за неуметност.
Квалитетот се добива кога истиот ќе го потисне неквалитетот, не кога го немаме ни едното ни другото. Значи ако барате кривец, барајте го во нашата инертност и незаинтересираност, а не во Ма-Ста-Пе.
3. Не ти ги разбирам паралеливе. Па тогаш да им ги бришеме мислењата на сите оние во филозофија и психологија кои нема да можат да им парираат на сложените но позитивно неверојатни размислувања на ada, зашто тие го отсликуваат неквалитетот. Исто така, еве можеме да напишеме на темите за творење во подфорумот уметност “Дозволено исклучиво за Сатори, Гарфилд и КафеделМар“. Вие другите, не ве бива, идете на кадевечер.
:motor: