Значи еи, ако некој дава македонски фудбалер во ЛШ, тогаш е патриот.
Ако некој одбере да го глеа него место појака утакмица, тој е поголем патриот. Абе, да ве ринеме вас патриотите со лопата во државава
Мајкуму, се за вакви работи сте патриоти, за кликања по петиции, за величање други луѓе и самите себе, за отварање теми...
Ако размислите логички, ние ќе гледаме Интер-ЦСКА, а не Пандев-ЦСКА.
Пандев ако истрча на терен, тогаш ќе биде само 1 од 22цата други кои ќе истрчаат. Што значи, не е ни 5% од целиот натпревар.
Затоа, да гледате цел натпревар само ради него, не ви иде логиката.
Од друга страна, Барса-Арсенал ќе ја гледате зашто и двата тима играат офанзивен, убав фудбал, што значи ќе ви биде битен 100% од натпреварот.
Затоа, ако веќе сте запнале по Пандев, имате пренос од Барса-Арсенал, а ако случајно Пандев даде гол или намести, ќе се уклучат и ќе видите снимка. Ма еве, дури и да издрибла некој со пета, нека се уклучат.
Друга работа, Канал 5 бира утакмици базирано на рејтингот и гледаноста која ја процениле. Со тоа што го избира Интер заради Пандев, мисли дека ќе има повеќе гледачи.
Значи, да ви расчистам, не го бира зашто е МАКЕДОНЕЦ, туку зашто е магнет за сите Струмичани и Македонци кои не би гледале фудбал генерално, ама Пандев би го гледале. Значи, патриоти, тешко?
Ај да видиме дали се спортски работници. Има две утакмици, милион фактори кои влијаат на рејтингот. Атрактивност на екипи, играчи во двете, стил на игра, ривалства...Канал 5 ги отфрла сите фудбалски фактори (кои укажуваат на Барса-Арсенал) и го бира Интер, само ради Пандев. И не поради тоа што е добар фудбалер и ќе игра (не се ни знае дали ќе истрча на терен), туку зашто ќе привлече повеќе гледачи според нив. Типична бизнисменска одлука, наместо спортска.
Затоа, помислете се убаво и преиспитајте ги вашите ставови, оо вие големи патриоти.
Пи-ес, Интераш сум.