Благодарност до Канал 5, Телма и вистинските спортски работници!

Дали ги подржувате Канал 5 и Телма заедно со вистинските спортски работници?


  • Вкупно гласачи
    150
Статус
Затворена за нови мислења.

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Ич не ми е гајле за Интер,и што дека Пандев игра во Интер,па јас не сум од вчера и да мењам клубови ко чорапи и да го буљам Интер(секоја чест за дечкото али не претерувајте).Од дете сум за Баерн и за него ќе останам дур сум жив.Не значи дека ако игра некој наш фудбалер во некој клуб кој игра во ЛШ во неатрактивен натпревар и јас тој морам да го гледам зошто Канал 5 ми го сервира со сила. До кога со такви прости размислувања ќе бидете бе алооооо,која македонштина ќе се разбуди во вас ако го гледаме Пандев против ЦСКА Москва?:tapp: За жал на секое поле сме такви ние македонците,што е најтрагично и во политиката али ај да не бегам оф топик.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Во Македонска Прва лига играат 3.000 Македонци па никој ТВ не пренесува :toe: Сега овие ќе ми изиграваат патриоти немој молим те
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
зошто РТС не ја пренесуваат Интер-ЦСКА? Па во Интер игра Станковиќ...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Значи еи, ако некој дава македонски фудбалер во ЛШ, тогаш е патриот.

Ако некој одбере да го глеа него место појака утакмица, тој е поголем патриот. Абе, да ве ринеме вас патриотите со лопата во државава :)
Мајкуму, се за вакви работи сте патриоти, за кликања по петиции, за величање други луѓе и самите себе, за отварање теми...

Ако размислите логички, ние ќе гледаме Интер-ЦСКА, а не Пандев-ЦСКА.
Пандев ако истрча на терен, тогаш ќе биде само 1 од 22цата други кои ќе истрчаат. Што значи, не е ни 5% од целиот натпревар.
Затоа, да гледате цел натпревар само ради него, не ви иде логиката.
Од друга страна, Барса-Арсенал ќе ја гледате зашто и двата тима играат офанзивен, убав фудбал, што значи ќе ви биде битен 100% од натпреварот.

Затоа, ако веќе сте запнале по Пандев, имате пренос од Барса-Арсенал, а ако случајно Пандев даде гол или намести, ќе се уклучат и ќе видите снимка. Ма еве, дури и да издрибла некој со пета, нека се уклучат.

Друга работа, Канал 5 бира утакмици базирано на рејтингот и гледаноста која ја процениле. Со тоа што го избира Интер заради Пандев, мисли дека ќе има повеќе гледачи.
Значи, да ви расчистам, не го бира зашто е МАКЕДОНЕЦ, туку зашто е магнет за сите Струмичани и Македонци кои не би гледале фудбал генерално, ама Пандев би го гледале. Значи, патриоти, тешко?

Ај да видиме дали се спортски работници. Има две утакмици, милион фактори кои влијаат на рејтингот. Атрактивност на екипи, играчи во двете, стил на игра, ривалства...Канал 5 ги отфрла сите фудбалски фактори (кои укажуваат на Барса-Арсенал) и го бира Интер, само ради Пандев. И не поради тоа што е добар фудбалер и ќе игра (не се ни знае дали ќе истрча на терен), туку зашто ќе привлече повеќе гледачи според нив. Типична бизнисменска одлука, наместо спортска.

Затоа, помислете се убаво и преиспитајте ги вашите ставови, оо вие големи патриоти.
Пи-ес, Интераш сум.
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Во Македонска Прва лига играат 3.000 Македонци па никој ТВ не пренесува :toe: Сега овие ќе ми изиграваат патриоти немој молим те
Во мојот пост мислев конкретно за утакмицата Интер:ЦСКА Москва,а за македонско првенство се во право и треба да се пренесува,така ќе се популаризира и така умрениот македонски фудбал децата ќе сфатат еден ден дека Вардар,Пелистер,Победа и другите се приоритет кој треба да се сака а оние странските да ни бидат на 2-ро место.
 
?

..........

Гостин
Добро е што ќе ги гледам Интер, мене ми одговара.:toe:
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Во ЦСКА игра Краснич значи 2 срби :smir: Само знаат тие што сака ад гледа народот :smir:
Затоа што србите вадат фудбалер како Пандев секоја година имат 5-6 такви а ние фудбалер како Пандев ќе видиме за едно 30 години или нема ни да видиме.Пандев игра во клуб како Интер и игра 4 финале.
Не можете еден натпревар да издржите што толку се нервирате следен како Пандев нема да се роди сигурно во наредните 30-40 години.

А Србите секоја година имат фудбалери кои играт во самата завршница на сите натпреварувања и екипи во Европа кои играт одлично.

А ние потсетете ме кога сме имале такво нешто не се сеќавам.
 
F

fantomX

Гостин
„Македонски содржини“ = Интер - ЦСКА?! :raz:

Види ја „анкетата“ и доволно е да се откажиш од темава, што и ќе го направам. :toe:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
а море Ибра, зашо никот ти е "Ibracadabra" наместо "Пандев уна маџија" ?? :wtf:

јебемти патриотите, отварате теми и дебатирате како тоа требало да сме гледале Интер/Цесека ради еден државјанин на оваа земја...
сакате да глумите патриоти а а ??
идете у ЕВН, побарајте сат, и идете во Арачиново/Зајас/Сарај, и изгасете им струја...
 
?

..........

Гостин
Затоа што србите вадат фудбалер како Пандев секоја година имат 5-6 такви а ние фудбалер како Пандев ќе видиме за едно 30 години или нема ни да видиме.Пандев игра во клуб како Интер и игра 4 финале.
Не можете еден натпревар да издржите што толку се нервирате следен како Пандев нема да се роди сигурно во наредните 30-40 години.

А Србите секоја година имат фудбалери кои играт во самата завршница на сите натпреварувања и екипи во Европа кои играт одлично.

А ние потсетете ме кога сме имале такво нешто не се сеќавам.
Прекрасно кажано, навистина еднаш во последниве дваесет години македонец, ке игра во четврт финале на лига на шампиони зошто да се пропушти тоа:toe:
 
В

Вори

Гостин
Како не им е срам на ХРТ2.
Не го даваат Челзи,а во Челзи игра,поточно брани младиот голман иначе хрват,Матеј Делач.
Идиоти ме изнервираа до в крај,срамота,нека се угледаат на Канал 5!

:tapp:
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
За ХРТ 2 ја има во Скопје, али само Теле Кабел.
Јас сум на Телекабел и ја немам ХРТ 2 веќе неколку години. Покрај неа ги укинаа и сите добри програми кои беа во договорот кога ја ставав кабловската. Сега имам 66 програми од кои прелазна оцена можат да добијат 5-6. Најискрено се тиња ама кој ги ебе. Да е жив и здрав интернетот (Интернетот не ми е од Телекабел, фала Богу).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom