Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Денес дојдов до информација дека спортската редакција на Канал 5 телевизија одлучила наместо натпреварот Арсенал - Барселона ќе го пренесува помалку атрактивниот Интер - ЦСКА Москва. Јасно е дека сите сакаме што повеќе да го гледаме Пандев и да успее во ЛШ, но ова е премногу. Освен Пандев, нема никаква друга причина овој натпревар да се најде на програмата пред Арсенал - Барселона. Дури не може ни да стане збор за размислување кој натпревар да оди, со оглед на тоа што во Лондон се среќаваат два гиганти на европскиот фудбал, кои играат најотворен и најатрактивен фудбал, а од друга страна во Милано силниот Интер ќе го пречека аутсајдерот ЦСКА. Прашањето ми е, дали луѓето од спортската редакција на Канал 5 се нормални? Поканете ги сите љубители на ДОБАР фудбал, да извршиме притисок да ја променат одлуката, или во најмала рака да го слушнат мислењето на љубителите на фудбалот.
П.С. Бидејќи и тука а и на многу други форуми го напаѓаат Филе и ја префрлаат вината на него, треба да знаете дека Филе не одлучува за тоа кој натпревар ќе оди на Канал 5, туку тоа го прави спортската редакција!
Фејсбук групата.
Now spread the word.
П.С. Бидејќи и тука а и на многу други форуми го напаѓаат Филе и ја префрлаат вината на него, треба да знаете дека Филе не одлучува за тоа кој натпревар ќе оди на Канал 5, туку тоа го прави спортската редакција!
Фејсбук групата.
Now spread the word.