27/11/2010
ОВА ЕЛ КЛАСИКО МОЖЕ ДА БИДЕ ОДЛУЧУВАЧКО ЗА ЛА ЛИГА! (via marca.com)
Q: Мадрид има 15 победи, 4 ремија и нема изгубено. Мислиш дека го достигнавте врвот?
И: Искрено, не. Ова е нов тим, со многу нови лица, вклучувајќи ги и тие на клупата. Не беше лесно, но создадовме моќна група.
Q: Што ти има Мурињо речено за Барселона?
И: Немаме уште разговарано за тоа. Вистина е дека сите зборуваат за тоа, на улица, во медиумите.. но за ривалите ние зборуваме само на тренинзите пред натпреварот или вечерта пред настанот.
Q: Постои страв дека успехот ќе ви заврши на Камп Ноу?
И: Нема страв. Може да се случи било кој ден, со било кој ривал и го знаеме тоа. А некој тим има среќа да те победи во твојот најдобар период, му честиташ и тоа е тоа. Но во Мадрид нема страв. Никогаш.
Q: Продолжи ја реченицава: Поразот на Камп Ноу би бил..
И: ..знак дека сме изгубиле одлучувачки меч во Ла Лига. Бидејќи, ако се навратам на минатата сезона, двата натпревара што ги изгубивме против Барса не чинеа второ место.
Q: А победа на Камп Ноу...
И: ... еден чекор поблизу до освојување на Ла Лига. Но веднаш потоа ќе се осредоточиме на Валенсија, бидејќи таа е следна.
Q: Ова е тајната за постојано победување?
И: Да, тоа е она што го има míster во главата. Многу е тврдоглав со идејава. Од иста важност е да се изигра добро против Барса, како и против Мурсија на пр. во Копа дел Реј. Важно е да се мисли од натпревар на натпревар.
Q: Дали е Ел Класико најдоброто дерби во светот воопшто, или луѓето претеруваат?
И: Не сум искусил ниедно друго класико во светот, но верувам дека ова е најдоброто!
Q: Предизвикува ли играта против Барселона повеќе стрес во голот?
И: Треба да си многу внимателен, бидејќи се доста брзи и имаат талентирани играчи. Треба да си сконцентриран; нема да сум ни секунда релаксиран.
Q: Кој е клучот на Барселона?
И: Чави, одсекогаш сум мислел исто. Интересно е што луѓето велат „Златната топка му припаѓа на Чави!“, „тој е најдобар“ и.. Чави е најдобар и јас го мислам истото. Најдобар е веќе 10 години. Поголемиот дел од успехот Барселона му го должи нему.
Q: Што најмногу те изненадува кај Мурињо?
И: Пред да го запознаам, ми изгледаше многу сериозен. Она што ме изненади е тоа колку се зближува со играчите. Му ги гледав натпреварите и видов како го прегрнува Тери, Матераци.. Ми се допадна. А сега кога го познавам лично, можам само капа да му спуштам. Соиграчите секогаш ме зафркаваат дека сум милениче на Моу. Како тренер е десетка, а како личност, многу повеќе!
Q: Вистина ли е дека ти се јавил веднаш штом пристигнал во Мадрид?
И: Да, за да зборуваме за Светското и ми посака среќа.
Q: Опиши го со еден збор.
ИК: Тоа е тешко. Тој е личност, кој ја има добиено почитта од секого. Не е авторитивен, како што мислат тие што не го познаваат.
Q: Каков е?
И: Неможам да го дефинирам со еден збор. Обраќа внимание на секој. Се грижи за мене, докторите, менаџерите за опрема.. Сега разбирам зошто Весли Снајдер ми рече дека е најдобар, бр. 1!
Q: Поразличен е од тоа како се претставува на прес-конференциите?
И: Да, многу различен. Тоа како се однесува пред медиумите нема никаква врска со тој Моу што го гледам секој ден.
Q: Значи си задоволен со неговото глумење пред пресот.
И: Глумење? Никако! Тој е неверојатно паметен. Сите му се восхитуваме.
--- надополнето ---
Интервју со Гонзало Игуаин :
27/11/2010
МИ НЕДОСТИГААТ ПОГОДОЦИ НА КАМП НОУ! (via as.com)
Q: Тренираше?
Г: Покрај болките, да.
Q: Во што е проблемот?
Г: Грбот, половината..
Q: Тоа е настан (Ел Класико) на кој мора да се игра, покрај болката?
Г: Секако, треба да сум 100% таму, неможе да се поклонува ништо. Се надевам ќе присуствувам. Од моја страна давам се што е потребно.
Q: Ќе ја смените традицијата на Ел Класико од последните години?
Г: И минатата година се очекуваше тоа, но не се исполни. Секогаш играме со иста цел. Мадрид може да победи на Камп Ноу.
Q: Кој клуб е подобар?
Г: Двата го делиме тоа место. Квалифицирани први на листата во ЛШ, водство во Ла Лига..
Q: Кој е поважен во Барса, средината или нападот?
Г: Ако средината е добро покриена, топката нема да стигне до нападот. Играта на Барса е точно ваква.
Q: Кој е клучот за победа?
Г: Да се запре центарот на теренот. Оттаму испаѓа играта на Барса. Таму се движат најдобро..
Q: Тоа им дава сила на напаѓачите?
Г: Да.
Q: Затоа ќе играте тројно на средината?
Г: Мíster ќе одлучи.
Q: За кого е поголем притисокот? За вас или за Барса?
Г: Ах, Боже, па тоа се само три поени..
Q: Не, ако победите вие ќе бидат четири. Има разлика.
Г: Видете вака: ние ќе играме исто како и против секој друг ривал.
Q: Имаш играно 5 пати против Барса и дадено 2 гола, но и двата на Бернабеу. Ти фалат погодоци на Камп Ноу?
Г: Би било одлично доколку дадам, сигурно.
Q: Како го доживуваш Класико?
Г: Секој натпревар исто, но Класико е нешто што не се случува секој ден.
Q: Со доаѓањето на Мурињо, Мадрид стана посолидарен. Ова го вклучува и Кристијано?
Г: Сите.
Q: Зборувам за неговиот индивидуаизам.
Г: Тој е неизбалансиран фудбалер. Верува во себе и затоа ги прави тие ’себични’ потези. Логично, секогаш гледа да ја одбери најдобрата опција.
Q: Кристијано се бори за статусот Пичичи. Би му помогнал?
Г: Секако. Секогаш работам на давањето погодоци. Но ако Пичичи е некој друг, а не јас и тоа е добро за нас како екипа.
Q: Гледате позитивно на доаѓањето на Озил?
Г: Месут стана важен за сите нас. Има проблеми со јазикот, но на тереност се разбираме преку погледи.
Q: Што мислиш за Гвардиола?
Г: Тој е одличен тренер. Освои се за кратко време. Не беше случајно.
Q: Дојдe многу млад во Мадрид и се трудеше да успееш. Како се чувствуваш сега?
Г: Беа четири емотивни години, со успеси и лоши моменти. Сега уживам давајќи голови. Но сеуште има лоши периоди, кои треба да се пребродат, како моментално овој.
Q: Зборуваш со Меси?
Г: Често, преку смс-пораки.
Q: Што вели тој за Ел Класико?
Г: Не сме допреле до таа тема.
Q: Очекувате да бидете нападнати поради она што се случи во Амстердам?
Г: Која година не не нападнале? Јасно е, најмоќниот клуб во светот сме, секогаш ќе најдат нешто, дури и да не постои..
Q: Ја намалува Мурињо тензијата?
Г: Колку што знам, од нас направи голем тим за кратко време. Толку победи, а ниеден пораз..
Q: Влијае на расположението?
Г: Знае да води екипа.
Q: По што се разликува од останатите (тренери)?
Г: Секогаш го кажува она што го мисли. Така е најдобро.