Пошто господинот Овердрајв со добриот интернет од телекабел ме пренасочи овде од форумот за кабелски, дај уште еднаш да пишам и овде нека има, не е на одмет луѓето да знаат: Телекабел е bullshit!!! Свеж корисник сум од овој месец и по се изгледа ќе бидам најкраткотраен. Сум читал по вакви форуми демек бил добар, али зошто лажеле не знам и срдечно му препорачувам на секој што не е во околина на аеродром да не се приклучува, затоа што нити ќе види брзина од 1 мега бит, нити ќе може да игра нешто онлајн во Македонија (да не зборувам пак за во странство). Инаку, торент со брзина од 20 кб/с максимум ми се симиња, а врие seederi (такви торенти од он нет и макс со 400 брзина се симињаат). Bitcometot, што сум го ставил да симиња цела вечер еден филм, ми покажува дека се потрошиле 700 мб даунлоуд и 300 уплоад, додека во конекцијата ми пишува 1.2 гига даунлоуд и 1 ГИГА АПЛОУД (како е можно и тоа не знам, но компјутерот го уклучив и одма го ставив торентот). 5 пати се јавував во техничка неделно, веќе 2 недели, но екипите ми стигнаа пред 3 дена и проверија на speedtest, дека имам 0.60 доунлоуд и 0.20 аплоуд и ми рекоа, цитирам: „ЕПА ТОА Е, МРЕЖАТА Е ОПТОВАРЕНА НЕ МОЖЕМЕ НИЕ НИШТО ТУКА“ и си отидоа...
И да не заборавам: при едно јавување, му се бунев на дечкото во техничка за никаквата брзина и лагот невиден, и тој после 10 мин дремење на телефон ми рече: „имате вирус...“ Крај на муабет. Значи да резимирам: Телекабел = неписмени = лажговци = крадци.