Касиљас - Стандард, имаше еден кикс коа им подари топка, но незнаеа да го казнат терористите.
Арбелоа - Еден асален центаршут не видов, сите идеа каде што немаше никој. Позади ништо посебно не стори.
Рамос - Одличен беше како и позади така и напред(на голот мислам).
Албиол - Пак си продужува со своите грешки, имаше иста грешка како на мечот со Сарагоса мислам беше, кога лошо врати, но за среќа Рамос во последен миг интервенираше.
Марсело - Совршен, има квалитет да биде меѓу најдобрите тројца леви бекови во светот. Мора на дефанзива да работи, мора цврстина да добие во дуели и да не лета како детенце коа ке му дое асално десно крило против него.
Чаби - Ништо посебно, стандард. Поврзуваше колку што можеше одбрана - Гути/Гранеро. Но, кога сме кај внесувањето на напаѓачите во шанса, главен организатор беше Гути.
Гаго - Ништо посебно, и тој стандард. Изгледа наивен, и останувам на ставот дека Лас е класи над него, а и многу покорисен.
Гранеро - Имаше 1-2 центаршутеви добри, но и 3 најмалку лоши. Еден од послабите денес, не сакам да кажам дека грешеше, но ништо позначително не стори.
Гути - Феномен. Клубот ке плаче за негова млада верзија. Гути остани уште наредната сезона, вакви пасови фалат.
Роналдо - Се трудеше колку што можеше да направи, дриблаше се трудеше, и постигна погодок. Солиден.
Игуаин - Крај сезона е веке, инаку радо би го одморил една утакмица, а може и две. Да се освести дека ниедно место не е загарантирано во тимов. А со паузата од натпревар-два малку и тој да се одмори психички и физички. Но, наредната сезона Пипита оди ниво погоре. Искуство од СП и остали работи. Нареднава сезона очекувам далеку подобар Игуаин(иако и оваа беше одличен) Кулминација, сум спомнал... 25 години.
Диара - Не забележав ништо битно од него.
Бензема - Конечно и тој кутриот постигна гол, ајде и тој на СП мора да си крене рејтинг.
Кака на крај - Беше како и во минатиот натпревар, игра претпазливо некако, но имаше и една асистенција, за на Бензема голот.
Како и да е останува уште едно коло, во кое ке имам трошка надеж, но битно ја ке имам надеж. МП да остане наредната сезона, једино прифаќам бркање негово САМО со доаѓање на Мурињо. Друго ништо.
Hala Madrid.