Реал нуди 20 милиони за Евра по совет на Кристиjано
Раководството на РЕал Мадрид е решено да го привлече левиот бек на Манчестер Јунајтед, Патрик Евра.
Привлекувањето на лев бек е најголем приоритет на кралевите за новиот преоден рок а според Дејли Меил кралскиот клуб ќе се обиде тоа да биде Патрик Евра.
Според истоимениот извор галактичарите се спремни да издвојат 20 милиони фунти за францускиот крилен дефанзивец за кој што се мисли дека е најдобриот на својата позиција во Европа.
Според веста, голема заслуга за сериозниот интерес на лос бланкос има Критијано Роналдо кој што лично ги посоветувал шефовите да се обидат да го ангажираат темнокожиот бек.
Во текот на оваа сезона Мануел Пелегрини ги користи на левата бековска позиција Марсело Виеира и Алваро Арбелоа но првиот повеќе сака да игра како лево крило а вториот како десен дефанзивец.
А на Марсело шо че му праиме??Пак ќе игра у средина и ќе ни заебува цели утакмици(пр.СО БАРСА)