Задоволен од играта во второ полувреме, во прво не. Тежок терен за нас секогаш, мотивиран противник кој грчевито се бори во борбата за опстанок, и нормално секој бод ќе им беше значаен. Најважни се трите бода, многу подобро ќе беше да победевме со поголема разлика, без многу нервози, но тоа е фудбалот. Сарагоса имаше три шанси, една од нив искористи, а ја искористи поради тоа што Рамос играше како централен а Арбелоа како десен бек, да беше Албиол централен ќе беше многу подобро, и ќе бидевме 10х поопасни од таа десна страна.
Касиљас - Добар, не е до него.
Рамос - Не можам да кажам дека е добар, иако не беше крив за голот, ја нема онаа потребна самодоверба за стопер, а тоа е поради тоа што често ја менува својата позиција.
Гарај - Одличен.
Арбелоа - Во одбрана не е лош, али брате во напад е кретен кој фудбалскиот свет сеуште не го видел.
Марсело - Супер, се мислам дека треба нон-стоп да се форсира на лев бек, ги има сите предиспозиции да биде класа, само треба време и упорно да се форсира таму.
Гаго - Доста слабо, не знам зошто сеуште го МП го игра пред Лас.
Чаби - Како креативец добар, во одбрана добар, но во напад кога ќе дојде на некои 20-25 метри до голот не знае што да прави со топката. Си ја врши својата работа на најдобар можен начин.
Гути - Исто како и Чаби, и тој си ја вршеше својата работа на најдобар начин.
ВДВ - Не одигра ништо.
Раул - На добар начин се врати после повредата, и одлично го искористи тоа што МП му даде шанса пред Бензема. Се гледа дека игра од срце за тимот, нонстоп трчаше, се бореше, вистинска легенда.
Роналдо - Добар, иако се чини дека не играше ништо посебно, асистираше на два пати, а и кога ќе се обидеше да направи нешто повеќе, дефанзивците на Сарагоса маме му ебаваа.
Игуаин - Кога и да тргне да направи некој потег ја губеше топката, најслаб дефинитивно вечерва.
Бензема - Ни тој не е ништо посебно, на два пати одлично навлече на себе двајца играчи, далеку е од добар, но играше премалку.
Кака - Бразилскиот волшебник докажа дека е играч за големи работи. Докажа дека е најдобар кога е најпотребно, затоа што да го немаше него вечерва, ние би ги изгубиле шансите за титулата. После скоро 2 месеци тој се враќа на терен и постигнува мајсторски гол. Ја сум уверен дека ќе го поминевме Лион ако тој останеше до крајот на натпреварот, затоа што Кака ја има потребната психа, и секогаш останува смирен. Тоа не се добива со тренинг, со тоа се раѓа. Како што кажа Емилија, неговото допрва доаѓа...