Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Се извинувам за реченицата:Не сакам да го видам повеќе во тимот,но не знаев како да го искажам бесот,на вечерашната игра,заради него можеше лесно да биде 2-2.А за Гути не знам вие дали ја гледавте целата утакмица,сите играчи на сите страни тој ги уигруваше.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.611
Поени од реакции
14.465
Со оглед дека игравме на доста тежок терен, а и против тим кој на Барселона им одзема бод, можам да кажам дека сум задоволен.

Ќе кажам за секој по некој збор, од она што го гледав во второ полувреме.

Касиљас - Добар, немаше ни многу работа во второто полувреме, 2-3 шута на Алмерија, и ништо повеќе.
Рамос - Не беше нешто посебно, може и подобро и посигурно тој.
Албиол - Уче неколку пати го помина, не знае како да се снајде со малите играчи, а и имаше неколку киксови вечерва, под просекот.
Арбелоа - Солиден.
Алонсо - Добар, задоволен сум од него, беше еден од подобрите на теренот.
Гути - Исто како и Алонсо, солиден, си ја вршеше неговата задача без никаква грешка.
ВДВ - Со еден потег го реши натпреварот, и тоа беше се од него во второто полувреме. А да, имаше една одлична пета кон Роналдо.
Роналдо - Мајстор на својот занает, постигна одличен гол, а и им создаваше доста проблеми во второто полувреме на противничката одбрана. Одличен трансфер оваа сезона.
Игуаин - Одамна ме нема изнервирано вака, кога и да тргне да помине некој играч секогаш беше сопиран, шутот секогаш му беше изблокиран, или пак топката одеше неколку метри над гол.

Диара - Долгото неиграње во прв состав тоа прави, многу лоша игра. Многу неточни додавања, и ни малку не се трудеше да ги спречува противничките акции.
Лас - Добро одигра колку што можев да забележам, би требало од нареден натпревар повторно да го гледаме во прв состав.
Бензема - 5те минути што ги одигра беа подобри од оние 85 минути на Игуаин.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
32
Поени од реакции
0
топ е се што си напишал само си го заборавил Marcelo:smir:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.611
Поени од реакции
14.465
Марсело беше одличен во вистинска смисла на зборот, уште малку треба да поработи на дефанзива, и ќе имаме одличен лев бек.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.168
Поени од реакции
25.322
Уфф.. солиден натрепвар можам да кажам. При резултат од 1-1 мислев дека ке остане на овој резултат но ВДВ ме убеди во спротивното. Задоволителна игра на Реал но не и одлична они можат подобро, многу подобро. Али со оглед на тоа што игравме против Алмерија и минатото коло доживеавме пораз од Барселона можеме да бидеме задоволни од резултатот. Следни се Валенсија.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.168
Поени од реакции
25.322
^Од денешниот натпревар е ранава?
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
510
Поени од реакции
72
uf kojznae kakko vi bilo po utakmicava 1:2 sepak pobeda bravo za ronaldo i za vdv mislam deka mu 2 ili 3 pat da resava utakmica so tandem kaka i marcelo tip top sredina
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Да да вечерва се повреди,кога седеше клекнат едно 20 секуди.Манга ти си го гледал само второто полувреме.Врати се поназад и види дека напишав Марсело се подобри во второ.Прво низ низе ну ја фрлаа топката и само фаулираше.А Игуаин беше добар како и Роналдо во прво,но во второ имаше некој пробиви без резултат.Голема грешка што не го стави Бензема порано.
 
Член од
11 април 2010
Мислења
348
Поени од реакции
8
Еве и некои мои видувања на натпреварот
Касиљас-солиден како и цела сезона
Арбелоа-сигурен, денес можеби имаше по дефанзивни задачи но добро.
Албиол-еден од ретките натпревари каде што не беше сигурен но сепак го преферирам Пепе.:smir:
Рамос-и тој денес изигра сосем солидно но тој може и многу подобро.
Марсело-не сум задоволен од неговата игра можеби во офанзива е добар но во дефанзива е многу лош(тој малиот го растури на таа страна кога имаше можност)
Алонсо-според мене најдобар играјач после Крис најмногу се трудеше и трчаше од сите на теренот(впрочем и вообичаено)
Гаго-малку ме разочара оваа итакмица според мене тој има многу поголем потенцијал од овој што го покажува.
Гути-во првото полувреме еден од најдобрите но во второто како да падна (изгледа дека и таа е причината поради кој Пелегрини го чува на клупа:toe:)
Ван дер Ваарт-според мене на таа позицијаа ни треба многу посигурен играјач Ваарт се труди трча но не знам некако не ми лежжи за таа позиција (межеби Како кога ке се врати)
Роналдо-во еден збор ОДЛИЧНО
Игуаин-веке се осеќа замор кај него можеби пелегрини да проба со Бензема против Валенсија.
ЗАМЕНИ
ДИАРА-ајде да му дадеме преодна оценка но на офанзивен план е многу слаб посебно слаб пас.(според мене треба да си оди)
Бензема-го покажа својот талент во последните 5 минути и мислам дека пелегрини треба да му даде шанса.
Лас-добра презентација мислам дека сега за сега е малку пред гаго и треба да биде прва но ке видиме.(сепак јас верувам во Гаго и стојам зад тоа дека тој може многу повеке) ПОЗ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom