24 март 2010, 10:09Извор: Макфакс
Денеска се навршуваат 11 години од почетокот на воздушните напади на НАТО на Сојузна Република Југославија кои траеја 11 недели и
загинаа околу 2500 лица.
Во бомбардирањата кои без престан
траеја 78 дена беше оштетена инфраструктурата, училиштата, болниците, медиумските куќи, спомениците на културата.
Нападите на Југославија почнаа на
24 март 1999 година околу 20 часот врз основа на наредбата на тогашниот генерален секретар на НАТО Хавиер Солана, а југословенската влада истата ноќ прогласи воена состојба.
Акцијата на НАТО која српската влада но и бројни експерти ја нарекоа агресија, се случи по преговорите за решавање на кризата на Косово во Франција (Рамбује и Париз), февруари и март 1999 година. За материјалната штета која и е нанесена на Југославија во текот на бомбардирањето се изнесени различни податоци.
Тогашните власти во Белград проценија штета од околу сто милијарди долари и побараа отштета од НАТО .
Група од економисти на Г17 штетата ја проценија на 26, 9 милијарди долари.
Бомбардирањето на Југославија заврши на 10 јуни, со усвојување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Ден претходно претставници на југословенската војска и НАТО во Куманово потпишаа воено-техничка спогодба, со која е прецизирано повлекувањето на југословенската војска и приклучување на меѓународните воени трупи.
НАТО ги изведуваше нападите на СРЈ со бродови во Јадранот од четири воздухопловни бази во Италија, а во некои операции учествуваа и стратешки бомбардери кои полетаа од базата во Западна Европа и од САД.
По неколку неуспешни дипломатски обиди, кризата беше завршена со посредничката мисија на финскиот претседател Марти Ахтисари и поранешниот руски премиер Виктор Черномирдин.
Тогашниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, на почетокот на јуни го прифати нивниот план за разместување на меѓународните трупи на Косово, а потоа тој договор го верифицира собранието на Србија.
Единиците на југословенската војска се повлекоа од Косово, со донесувањето на резолуцијата на ОН, а првите меѓународни трупи влегоа на територијата на Косово од Македонија на 12 јуни 1999 година.
Тоа досега беше најголема операција на Алијансата, а најмногу војници имаше од Германија, Франција, Италија и САД.
Не може туку така лесно да се каже би напад и БИ.
Беа Србите виновни ил не.
Сега знам дека може некои и нема да се согласат но од меѓународен правен аспект НАТО немаше ОСНОВ за Напад-оттаму имаме агресија(по правило).
Понатаму согласно принципите на ООН и резолуцијата 12 44 каде се тврди дека денешно косово е дел од србија стои.
Поентата ми е....треба опсежна анализа на нападот од следниве аспекти-Геостратешки/политички
Воен
Економски.
Би напоменал последниот е ирелевантен бидејќи не е поради антрацитот на косово истиот пак косово ќе го користи наредниве декади,а еве и гради Термоцентрали.
Геостратешки/Геополитички
НАТО тврдеше ЦЕЛ на нападите СЕ-
-заштита на населението од
евентуален геноцид.
(ова е без основ...како што грците велеа 92 ќе ги нападнеме демек)
Максимално оштетување на Југословенската воена машинерија во
Косово со цел нејзино повлекување.
-Милошевич.(иако он е највиновен...),сега геостратешкиот поглед се поклопува со воениот....јас лично сметам дека ПОГЛУП и ПОБЛЕСАВ ВОЕН НАПАД
НЕМАЛО ВО ИСТОРИЈАТА.
Се разбира должам образложение.
Како прво колку за инфо Авијација и САМО АВИЈАЦИЈА оправдано би било недела две бомбардирање не 78 дена.
Но не они ПРОДОЛЖИЈА,не знам како тој весли кларк ако има поим од животот...оти видете вообичаено е покрај авијација
да има и трупи на земја-во случајов немаше(освен нападите на УЧК-но и покрај нив немаше ефективност) значи поентата е не се решава така проблем...и да иселувањето на албанците започна ПО бомбардирањето,па имаше авиони ги носеа бегалците во странство...ние како земја сосед постапивме правилно и Хумано.
Откако НАТО увидоа дека милошевич нема загубено ниту 10%(Точно!!! уништени се 14 тенка и тро артилерија,а пасивната одбрана сеуште важи и ТЕ КАКО-гаѓаа Макети,Т-55ки а Б-52 фрлаше тони бомби врз вештачки конвој запален...да има топлина за бомбите-Крајна НЕЕФЕКТИВНОСТ!!) од машинеријата во Косово,
а притоа војската е во 80 % оператива и со морал+ војуваше против негде 35000 учк и 7-9000 муџахединитогаш СВАТИЈА дека мораат пешадија за што реални да бидеме НЕМАА ТРУПИ а и услови баш поради Теренот и Мините(па ќе бидат жртви)башка на артилерија)ТОГАШ ги концентрираа нападите врз Индустриски(оправдано) и цивилни мети како куќи,амбасади,болници(неоправдано)...а на косово пилот уби 64 албанци мислејќи дека вишол конвој...параноичен ТОРЛАК ставиле пилот!!
После уништувањето на повеќе стратегиски важни мостови а
посебно ударите на петрохемијата,залихите со гориво и енергетскиот сектор посебно пресврт беше кога Цел БЕЛГРАД остана ТЕМЕН ГРАД(без струја)...сеедно оваа тактика успеа и истовремено со јаката пропаганда(кели фемили) даде ефект и милошевич ги повлече трупите кои беа на косово а логистика на НАТО беше македонија(и неколку авиони избушени слетаа во А.Велики па и А-10).
Е сега најважно е да се напомене тука геостратешката позиција(затоа и бондстил е втора база по големина изградена после WW2)...НАТО ја изгуби поентата за постоење уште со падот на варшавскиот пакт па полека сака да ја зацврсти позицијата во однос на другите сили т.е Косово Мораше да биде независно,оти еден УСА сателит сме ние,друг фиксен е албанија,а трет Бугарија така да НАТО сега е малце помоќен во однос на другите.
Инаку за време на бомбардрањето покрај НАТО и САД немаше правен основ за Напад....они...го прекршија нивниот устав(тоа тогаш),а ДЕНЕС благодарение на паметната политика на републиканците во САД има посебен термин кој важи МНОГУ Preemptive Strike-кој дозволува напад уште пред да се случи нешто
ЕВЕНТУАЛНОили пак да има ИНДИЦИИ за истото..
И еј...Германија има извршено 10 000 полетувања повеќе од САД но сеедно по 20 000 тони имаат + томахавк(скапо) има уште 3 тона,интересни се низа податоци според кои ЦИА откупувала Наркотици и им давала Оружје/пари на УЧК,а потоа дрогата се продавала баш во САД.
Што се однесува до употребата на Осиромашениот ураниум во КУРШУМИ немаше да имам мака и немаше да има проблеми(а имаше и на г-дата од заливска)...туку проблемот е што Осиромашен ураниум Имаше во Бомбите(потежок е)...епа видете колку бомби имаме која тежина па направете рачун...и јасно е веќе уствари се разбира знаеме дека Осиромашен Ураниум не е проблем додека не се случи Нагла промена(притисок,температура) а тоа се случува кога бомбата експлодира и тука сега наместо осиромашен ураниум фрчат милијарди алфа радиоактивни честички...де некоја на храна друга на облека...
Инаку Осиромашен ураниум користеа САД,Германија и Турција..Сад најмногу а потоа е германија.
Високото ниво на Радијација е РЕАЛНОСТ исто како и фактот што и во иднина ќе имаме радијација на Косово како и Здравствени проблеми.
Но Најглавниот проблем и причинител беше Милошевич...он и неговото "славно минато" го направија буги мен.
Независно косово сеуште нема некој посебен економски напредок,имаме уништени религиозни објекти стари векови(палени за време на реставрација) значи Мосад не лаже...има над 4000 муџахедини на балканот кои се спремаат,штета е што САД вложија многу,ЕУ одобри дури 400милиони евра...сепак има корупција многу,Косово го нарекуваат Европски Авганистан поради Наркотиците.
Но Напредок ќе има наскоро тоа е барем сигурно.
Сега србија треба да бира-или да го признае косово и да не го блокира,а за возврат во ЕУ/НАТО или пак ќе чекаат прилика.
П.С Немаше геноцид,туку воени злосторства,криминал,малтретирање и.т.н
Чунки ако Имаше геноцид....немаше да имаме Косовари.