Единаесет години од бомбардирањето на Југославија

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Не може туку така лесно да се каже би напад и БИ.

Беа Србите виновни ил не.

Сега знам дека може некои и нема да се согласат но од меѓународен правен аспект НАТО немаше ОСНОВ за Напад-оттаму имаме агресија(по правило).

Понатаму согласно принципите на ООН и резолуцијата 12 44 каде се тврди дека денешно косово е дел од србија стои.

Поентата ми е....треба опсежна анализа на нападот од следниве аспекти-Геостратешки/политички
Воен
Економски.

Би напоменал последниот е ирелевантен бидејќи не е поради антрацитот на косово истиот пак косово ќе го користи наредниве декади,а еве и гради Термоцентрали.

Геостратешки/Геополитички

НАТО тврдеше ЦЕЛ на нападите СЕ-

-заштита на населението од евентуален геноцид.
(ова е без основ...како што грците велеа 92 ќе ги нападнеме демек)

Максимално оштетување на Југословенската воена машинерија во Косово со цел нејзино повлекување.

-Милошевич.(иако он е највиновен...),сега геостратешкиот поглед се поклопува со воениот....јас лично сметам дека ПОГЛУП и ПОБЛЕСАВ ВОЕН НАПАД НЕМАЛО ВО ИСТОРИЈАТА.

Се разбира должам образложение.

Како прво колку за инфо Авијација и САМО АВИЈАЦИЈА оправдано би било недела две бомбардирање не 78 дена.

Но не они ПРОДОЛЖИЈА,не знам како тој весли кларк ако има поим од животот...оти видете вообичаено е покрај авијација да има и трупи на земја-во случајов немаше(освен нападите на УЧК-но и покрај нив немаше ефективност) значи поентата е не се решава така проблем...и да иселувањето на албанците започна ПО бомбардирањето,па имаше авиони ги носеа бегалците во странство...ние како земја сосед постапивме правилно и Хумано.

Откако НАТО увидоа дека милошевич нема загубено ниту 10%(Точно!!! уништени се 14 тенка и тро артилерија,а пасивната одбрана сеуште важи и ТЕ КАКО-гаѓаа Макети,Т-55ки а Б-52 фрлаше тони бомби врз вештачки конвој запален...да има топлина за бомбите-Крајна НЕЕФЕКТИВНОСТ!!) од машинеријата во Косово,а притоа војската е во 80 % оператива и со морал+ војуваше против негде 35000 учк и 7-9000 муџахединитогаш СВАТИЈА дека мораат пешадија за што реални да бидеме НЕМАА ТРУПИ а и услови баш поради Теренот и Мините(па ќе бидат жртви)башка на артилерија)ТОГАШ ги концентрираа нападите врз Индустриски(оправдано) и цивилни мети како куќи,амбасади,болници(неоправдано)...а на косово пилот уби 64 албанци мислејќи дека вишол конвој...параноичен ТОРЛАК ставиле пилот!!:toe:

После уништувањето на повеќе стратегиски важни мостови а посебно ударите на петрохемијата,залихите со гориво и енергетскиот сектор посебно пресврт беше кога Цел БЕЛГРАД остана ТЕМЕН ГРАД(без струја)...сеедно оваа тактика успеа и истовремено со јаката пропаганда(кели фемили) даде ефект и милошевич ги повлече трупите кои беа на косово а логистика на НАТО беше македонија(и неколку авиони избушени слетаа во А.Велики па и А-10).

Е сега најважно е да се напомене тука геостратешката позиција(затоа и бондстил е втора база по големина изградена после WW2)...НАТО ја изгуби поентата за постоење уште со падот на варшавскиот пакт па полека сака да ја зацврсти позицијата во однос на другите сили т.е Косово Мораше да биде независно,оти еден УСА сателит сме ние,друг фиксен е албанија,а трет Бугарија така да НАТО сега е малце помоќен во однос на другите.

Инаку за време на бомбардрањето покрај НАТО и САД немаше правен основ за Напад....они...го прекршија нивниот устав(тоа тогаш),а ДЕНЕС благодарение на паметната политика на републиканците во САД има посебен термин кој важи МНОГУ Preemptive Strike-кој дозволува напад уште пред да се случи нешто ЕВЕНТУАЛНОили пак да има ИНДИЦИИ за истото..


И еј...Германија има извршено 10 000 полетувања повеќе од САД но сеедно по 20 000 тони имаат + томахавк(скапо) има уште 3 тона,интересни се низа податоци според кои ЦИА откупувала Наркотици и им давала Оружје/пари на УЧК,а потоа дрогата се продавала баш во САД.


Што се однесува до употребата на Осиромашениот ураниум во КУРШУМИ немаше да имам мака и немаше да има проблеми(а имаше и на г-дата од заливска)...туку проблемот е што Осиромашен ураниум Имаше во Бомбите(потежок е)...епа видете колку бомби имаме која тежина па направете рачун...и јасно е веќе уствари се разбира знаеме дека Осиромашен Ураниум не е проблем додека не се случи Нагла промена(притисок,температура) а тоа се случува кога бомбата експлодира и тука сега наместо осиромашен ураниум фрчат милијарди алфа радиоактивни честички...де некоја на храна друга на облека...

Инаку Осиромашен ураниум користеа САД,Германија и Турција..Сад најмногу а потоа е германија.

Високото ниво на Радијација е РЕАЛНОСТ исто како и фактот што и во иднина ќе имаме радијација на Косово како и Здравствени проблеми.


Но Најглавниот проблем и причинител беше Милошевич...он и неговото "славно минато" го направија буги мен.

Независно косово сеуште нема некој посебен економски напредок,имаме уништени религиозни објекти стари векови(палени за време на реставрација) значи Мосад не лаже...има над 4000 муџахедини на балканот кои се спремаат,штета е што САД вложија многу,ЕУ одобри дури 400милиони евра...сепак има корупција многу,Косово го нарекуваат Европски Авганистан поради Наркотиците.
Но Напредок ќе има наскоро тоа е барем сигурно.

Сега србија треба да бира-или да го признае косово и да не го блокира,а за возврат во ЕУ/НАТО или пак ќе чекаат прилика.

П.С Немаше геноцид,туку воени злосторства,криминал,малтретирање и.т.н

Чунки ако Имаше геноцид....немаше да имаме Косовари.
потполо се согласувам,убаво вака што образложи
заради интересите на една држава,беше инволвирана една воена организација,беше подбуцната една етничка заедница и тотално уништена една земја и народ:kesa:
многу е просто,глупо и лошо ако се оцрнува само едната страна,

и убаво горе смарт ас си кажа за наркотиците и муџахедините(за вториве развојот не е толку константен и брз) прашање на време е само кога ќе се случи нешто полошо и од Босна:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Уште еден спомен кој говори за глупавоста на човековиот мозок,заедно со Сребреница,заедно со Вуковар...
 
S

smart ass

Гостин
Србија требеше да ги тужи НАТО членките,посебно овие земји што се САД,Германија и Турција, заради осиромашениот ураниум.:toe:



А инаку ова нацистичка организација НАТО е само за :drk::tapp:

Абе имаме воен злостор-како прво-возот.
Потоа Болницата.
Кинеската амбасада(НАТО велеа кина им помагала во врска со комуникациите).

Убиени 64 бегалци на косово и тоа јасно се гледа и го признааија(забранета),понатаму НатО требаше да го исчисти теренот од касетна муниц ако некој треба да одговара тоа е хавиер солајна-за цивилите и весли кларк за тоталниот неуспех....па со ландкастери да нападнеа повеќе срби ќе испотепаа.

Понатаму имаме воен злостор од УЧК на почетокот тие кои неќеле да се борат биле убивани...регистрирано е убиство на 40 фамилии но точниот број не се знае.

И секако треба да одговара србија-тоа и се случи,но повеќе српската војска правеше воен криминал и тепање...на цивили секако.

Еве ако ова не е злостор...јас сум торко тогаш.



И да имајте предвид САД не го призна меѓународниот кривичен Суд а ХАГ е за нашата балканска глупост...

За меѓународниот кривичен суд употреба на Напалм или термите,Бел фосфор врз цивили се смета(уствари е)за воен злостор...овие земји имаат потпишано САД не!!

Колку е ужасен напалмот и термите,епа пример е дрезден каде и да си на 100 метра од изворот на оган пак немаш кислород,напалмот со вода не се гаси всушност Напалмот е оружје БР.1 за жал бидејќи има убиено повеќе луѓе и од нуклеарните бомби(бомбардирањето на Токио,над 139 000 загинати)...
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Инаку Осиромашен ураниум користеа САД,Германија и Турција..Сад најмногу а потоа е германија.

Сега србија треба да бира-или да го признае косово и да не го блокира,а за возврат во ЕУ/НАТО или пак ќе чекаат прилика.
На старите непријатели, Германија и Турција, се приклучи и Америка.

Како и во минатото ќе чекаме прилика. ( ваљда мислиме на иста прилика )
 
S

smart ass

Гостин
потполо се согласувам,убаво вака што образложи
заради интересите на една држава,беше инволвирана една воена организација,беше подбуцната една етничка заедница и тотално уништена една земја и народ:kesa:
многу е просто,глупо и лошо ако се оцрнува само едната страна,

и убаво горе смарт ас си кажа за наркотиците и муџахедините(за вториве развојот не е толку константен и брз) :toe:

Муџахедините дојдоа за време на распадот на југославија дефинитивно Сунити(не Шиити како Иранците) истите дојдоа од Саудиска арабија,чеченија,авганистан.

УЧК имаше официјално 40 000 жива сила од кои 9000 се регистрирани како странци(тоа е 500 души од македонија,толку од албанија тро платеници остатокот муџахедини)....

Уствари Саудиска Арабија финансира многууу(на палестинците им пушти милијарда долари-откако ИДФ ги испотепа),исто и сега овие видеа,анимации што ги гледате кои се врз "научен" основ се само пропаганда.

прашање на време е само кога ќе се случи нешто полошо и од Босна

Не верувам такво нешто да се случи,нејсе косово и не е толку мешано,уствари беше имаше и роми,срби,македонци албанци косовари...сега останаа последниве.

Иако бондстил е најголема воена база таа не гарантира безбедност на Косово(туку Армијата и полицијата(екс УЧК) според договорот од куманово,значи србија може слободно со Миговите,со Галебот(ролс ројс мотор има) да лета над косово-изговор не треба,вежба на сопствена територија.

Србија сепак не изигра добро, и така неделно еднаш да прелетуваат над приштина,па косовска митровица(ниско),да сликаат(бондстил) и.т.н.

Ако србија постапеше вака после признавањето на Косово(наместо протести) требаше да оди на таа карта-едноставно дај им знак на ЕУ,а посебно НАТО дека НЕМА Помирување,па можеби ќе ги разгледаат нивните одлуки,нејсе и сеуште може да се примени таква мерка- според уставот на србија и 12 44 која експлицитно тврди и гарантира територијален Интегритет.

Муџахедини има останато се разбира(па 200-300 имаше и кај нас) истите се финансирани и шират верска омраза.

Инаку секоја чест за Холбрук....тоа е дипломат ебаго-човекот трчаше Белград приштина само да ја смири(како познавач на балканот).

Но после преговорите во рамбује БЕШЕ ЈАСНО!!

Имено Србија дозволи Широка Автономија но Од Ругова беше одбиено-ова кажува дека војната беше за независност-не за права.

Е сега со вахабистичките организации кои веќе имаат темел(босна има три армии)...епа сараево е логистиката а на косово цело село шмрче бело....башка што можат да произведуваат експлозиви,Синтетички дроги оти едноставно....нема контрола.

Тоа објаснува зошто и албанската мафија веќе е една од најјаките...покрај извор на наркотици вообичаеное членовите на мафијата да се и роднини(браќа,братучеди..) па нема да го предаде брат му т.е мафијата.

На старите непријатели, Германија и Турција, се приклучи и Америка.

Како и во минатото ќе чекаме прилика. ( ваљда мислиме на иста прилика )
ЕУ не може ништо да стори...туку НАТО ДА,србија чека на НАТО темелите да му се искриват сега со хрватите се смируваат потоа еве авганистан каков ТРОШОК е за сите НАТО земји:)raz: прашање е дали општество со 30 етноси во 16 век ќе го средат....ако не успеат барем опиумските полиња нека изгорат или оранџ џус.).

Имајте предвид дека НАТО не покажа единство во кампањата против југославија.Имаше членки кои се противеа на нападот,а и членки кои се двоумеа...за разлика од нив земјите кои не беа членки сами отстапија воздушен простор.....абе тоа е реал политик теори-сакаа сеир да гледаат а не им е јасно дека Б-52 ките од англија бомбардираа на ПРАЗНО,за 10 години подоцна да имаме илјадници осакатени деца и жртви на касетната муниција.

За осиромашениот ураниум јасно е......

Имаме контаминација на земјата,на храната,понатаму тешко на оние кои вдишиле троа(а честичките од бомба се шират минимум 1км за разлика од куршумите..некои 50 метра...епааа овде исфрлија илјадници тони оружје и муниција и види ќерата бе со расипан гајгеров одат таму и кажуваат НЕМА РАДИЈАЦИЈА....гајгеров каунтер се прави релативно лесно...а на местото на падот на бомбата има да Скрене титкајќи....

Или типично наместо 300мг Рем(Рентген...стандард за мерење на радијација)...епа сега од вообичаените 300 РЕМ имаме над 20 000 мг Рем,а уште од 10 000 мг Рем се добива канцер,болештини,неплодност и.т.н

Лошо...многу лошо:toe:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.090
Поени од реакции
81.027
Во Косовска Митровица денеска се отвора канцеларија на ЕУ

Во северниот дел на Косовска Митровица денеска ќе се отвори канцеларија на Европската унија која е именувана "Куќа на Европската унија" на чие чело ќе биде италијанскиот амбасадор во Приштина, Мајкл Џифони.
Главна цел на отворањето на канцеларијата на ЕУ како што е најавено од ЕУ е смирување на тензиите во тој дел од Косово и Метохија и промовирање на вредностите на ЕУ.


http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=70074&kategorija=5




Кои вредности?
Они до сеа на Србите им ги покажаа вредностите на осиромашениот ураниум, вредностите на 17 март 2004....
Каква канцеларија, какви вредности бре лицемери глупави?
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
“ОВК киднапира и врши злосторства на секој оној кој ќе пријави нешто во полиција,вршеле закани на селаните дека ќе ги убијат и ќе им ги запалат куѓите доколку не се придржуат на ОВК,заплашувањето на ОВК дошло до тоа да стотици жители од неколку села избегале од нивните родни огништа”[FONT=&quot][1][/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]




Косовскиот шаблон е сличен и со другите тајни опреации на ЦИА во Централна Америка,Хаити и Авганистан,каде што т.н. борци за слобода биле финансирани од парите добиени преку трговија со дрога.Од почетокот на студената војна,западните тајни служби развиле сложена врска на илегална трговија со дрога.Од случај до случај,парите кои се переле во интернационалните банкарски ситеми,служеле за финансирање на тие тајни операции[FONT=&quot]

[/FONT]
Во почетокот на 1980,Бон и Вашингтон имале заеднички интереси на Балканот и почнале заеднички да делуваат за да си ги остваруваат.Нивните тајни служби исто така соработувале.Според извештаите на аналитичарот Jonh Whitleyu, тајната подршка што ја добивала побунетата војска на Косово,била заедничко дело на ЦИА и Bundes Nachichten Dienst(германаската разузнавачка служба-која одиграла голема улога во поставувањето на власт на националистот Фрањо Туџман во Хрватска).[1]Задачата за да се создаде и да се финансира ОВК било дело на Германија:”Тие користеле германски униформи,источно-германско оружје и делумно биле финансирани од парите добиени од трговијата со дрога,додека ЦИА била надлежна за обука и опремување на ОВК во Албанија”.[2]

на едните им требале жртви,а на другите "грб" за остварување на нивните интереси
..........само Србите биле криви така:tapp:



[FONT=&quot][1][/FONT] Truth in Media, Phoenix, 2 April, 1999; see also Michel Collon, Poker Menteur, editions EPO, Brussels, 1997.

[FONT=&quot][2][/FONT] Quoted in Truth in Media, Phoenix, 2 April, 1999).




[FONT=&quot][1][/FONT] KDOM Daily Report, released by the Bureau of European and Canadian Affairs, Office of South Central European Affairs, U.S. Department of State, Washington, DC, December 21, 1998; Compiled by EUR/SCE (202-647-4850) from daily reports of the US element of the Kosovo Diplomatic Observer Mission, December 21, 1998.
 
Член од
18 март 2010
Мислења
375
Поени од реакции
11
Точно. Сите знаеме дека НАТО стои зад тоа.
И Косово НЕ е држава се додека не бидат примени во ООН.:toe:
tocno taka i makedonija dur ne e priznata kako R.Makedonija od OON nie ke bideme Fyrom?
ti decko izgleda vo oblaci zivees morase da ima voena invazija za da se spreci Bosna(pak) zatoa sto srbite bea spremni i bea vo pozocia da go napravat istoto! zarem treba podrugo da se vidi? ako gresam ispravete me!
 
Член од
1 август 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
37
Просто неможам да сватам како Црна Гора го има признаено Косово
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
Просто неможам да сватам како Црна Гора го има признаено Косово
Секоја држава се води од своите интереси. Црна Гора оцени дека подобро е да трча кон нато и еу отколку да плаче за србија.

Од кои интереси се води србија чија црква не ја признава автокефалноста на мпц.

Од кои интереси се водеше србија во 1993 кога милошевич и мицотакис склучуваат договор за напад на македонија и нејзина поделба, дури и генералштабот изработил на грција изработил план за напад но бил спречен од претседателот.

Од кои интереси се водеше подпретседателот на владата на Србија, Воислав Шешељ кога за време на Косовската војна изјави дека македонија ќе ја окупира за време додека испуши една цигара.

Од кои интереси се води Српската црква кога не дозволува славење на АСНОМ на Прохор пчински.

По повлекувањето на ЈНА од Македонија, таа со себе зема се и сешто и дури и објектите кои ги остава ги оштетува а народот во Македонија 45 години данок плаќаше за таа армија.

Киро глигоров во една пригода вели дека е изненаден колку многу срби македонцие ги сметаат за „Јужни Срби“.

Во првата балканска војна србија учествуваше во поделбата на Македонија а потоа и србизирање на народот со промена на презимиња на „иќ“......
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Секоја држава се води од своите интереси. Црна Гора оцени дека подобро е да трча кон нато и еу отколку да плаче за србија.

Од кои интереси се води србија чија црква не ја признава автокефалноста на мпц.

Од кои интереси се водеше србија во 1993 кога милошевич и мицотакис склучуваат договор за напад на македонија и нејзина поделба, дури и генералштабот изработил на грција изработил план за напад но бил спречен од претседателот.

Од кои интереси се водеше подпретседателот на владата на Србија, Воислав Шешељ кога за време на Косовската војна изјави дека македонија ќе ја окупира за време додека испуши една цигара.

Од кои интереси се води Српската црква кога не дозволува славење на АСНОМ на Прохор пчински.

По повлекувањето на ЈНА од Македонија, таа со себе зема се и сешто и дури и објектите кои ги остава ги оштетува а народот во Македонија 45 години данок плаќаше за таа армија.

Киро глигоров во една пригода вели дека е изненаден колку многу срби македонцие ги сметаат за „Јужни Срби“.

Во првата балканска војна србија учествуваше во поделбата на Македонија а потоа и србизирање на народот со промена на презимиња на „иќ“......
и што има врска твојот пост со Косово и бомбардирањето на Србија!:toe:
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
163
Поени од реакции
29
Данас је 11 година од обарања невидљивог бомбардера Ф-117А :pos2:. Хвала трећој 250. бригади ПВО.
 
Член од
9 февруари 2010
Мислења
300
Поени од реакции
11
На старите непријатели, Германија и Турција, се приклучи и Америка.

Како и во минатото ќе чекаме прилика. ( ваљда мислиме на иста прилика )


srbine e toa ti e,,ne ve saka nitu SAD,nitu Germanija,nitu Turcija,zaradi toa ve dupceja so bombite vo 1999 so osiromaseniot uranium:tapp:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.138
Поени од реакции
4.777
srbine e toa ti e,,ne ve saka nitu SAD,nitu Germanija,nitu Turcija,zaradi toa ve dupceja so bombite vo 1999 so osiromaseniot uranium:tapp:
Чекај малку, немаше радијација од осиромашениот ураниум на Косово?! Кој е сега тука отруен?!
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
427
Поени од реакции
10
На старите непријатели, Германија и Турција, се приклучи и Америка.

Како и во минатото ќе чекаме прилика. ( ваљда мислиме на иста прилика )
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]


[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]

[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
[/FONT]



 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom